Благата вест одекнува во ушите на сите, но работниот ден е исполнет со многу поважни прашања. Решавајќи ги нив, христијаните го обезбедуваат својот привремен конфор - за себе и за потомството. Се заборава смислата на животот како пат кон спасението, чувство за Вечноста, па дури и стравот Господов.
Љубoвта Бoжја сe излeа вo нашитe срца
прeку Духoт Свeти,
Кoј ни бeшe дадeн (Рим. 5:5).
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе.
И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре,
Кој сака да Му пристапи на Господа, да се удостои со вечниот живот, да стане живеалиште Христово, да се исполни со Светиот Дух, да дојде во состојба да ги принесува плодовите на Духот, чисто и беспрекорно да ги исполнува заповедите Христови – треба да почне со тоа што цврсто ќе поверува во Господа, наполно ќе им се предаде на заповедите Негови, во сè ќе се
Денес, во 21. век, повеќе од анахроно е да се мисли дека историските настани можат да се вратат назад. Историјата го завршува своето движење и реалноста мора да се прифати. Оттука сметаме дека очекувањето македонските граѓани по секоја цена и недвосмислено да декларираат бугарска национална свест и последователно на тоа, негирањето на современиот македонски идентитет и литературниот македонски јазик,
Како да правиме разлика меѓу немоќта на телото, која доаѓа како последица од воздржувањето, односно вистинската телесна немоќ од онаа, со која нѐ напаѓа демонот? И како треба да ја јадеме нашата храна? Ако телото ја прима својата секојдневна храна, според обичната мерка на воздржувањето и пак се чувствува раслабено, тогаш чувството на раслабеност доаѓа од демоните, а напротив, ако раслабеноста е последица од зголемената мерка
Знаеш ли, чедо мое, зошто се затвораат облаците тогаш, кога полињата се жедни за дожд, а се отвораат тогаш, кога полињата не сакаат дожд?
Од злосторството на луѓето се збуни и природата, и го напушти својот ред.
Знаеш ли, чедо мое, зошто нивите донесуваат тежок плод на пролет, а во лето даваат јалова жетва?
·
Времето бара од нас, особено денеска, да се уподобуваме на светиите и да сведочиме не само со зборови, туку и со дела. Ние се уподобуваме на нив кога Го исповедаме Оној Кој претрпе смрт; кога веќе не живееме за себе, туку кога Христос живее во нас, кога со сета своја сила се трудиме на Господа да Му возвратиме за Неговите добрини.
“Oдeјќи пo патoт кoн твoјoт другар за да сe смиритe, ти цeлиoт пат вo мислитe си гo oсудувал, а сeбe си сe oправдувал.
Тe сoвeтувам, акo твoјoт другар згрeшил прoтив тeбe, ти зацврсти ја мислата вo тeбe какo ти да си му згрeшил и така пoјди кај нeгo, и вo мислитe oправдувај гo нeгo, а сeбe си oсудувај сe!”
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).
Искусувајќи ги сите тешкотии на земниот живот, Застапничката на човечкиот род ја гледа секоја солза, ја слуша секоја воздишка и молба на оние кои Нејзе ѝ се обраќаат. Особено е близу до оние кои се трудат во борбата против страстите и ревнуваат за богоугоден живот. Дури и во животните грижи Таа е незаменлива Помошничка. „Радост на тажните и застапничка на наклеветените, хранителка на гладните, утеха на патниците, пристаниште на
А ниту едните, ниту другите го слават светиот свештеномаченик Валентин, односно светиот маченик Трифун. Попрво се слави култот кон „светите“ пред-христијански демијурзи: себељубието, среброљубието, сластољубието. Односно, луѓето се слават себе си и своите страсти.
Но, како започнува целата приказна?
Многумина од нашиот род се облечени во облеката на побожноста, тие станале монаси. Но, од нив, само некои го направиле тоа со сето свое срце и се удостоиле да го стекнат избавувањето што ни беше донесено, со доаѓањето на Господ Исус Христос. Тие се оние, заради кои се радувам. Другите, пак, откако ја презреа силата на својот завет, постапуваат според волјата на плотта
Зошто го мразиме оној кому ѓаволот му се потсмева како и нам? Зошто, човеку, го мразиш грешникот? Бидејќи не е праведен како тебе? Каде е твојата правда, кога немаш љубов?! Зошто не заплачеш заради него, туку го гониш? Некои, кои за себе мислат дека здраво судат за делата на грешниците, се гневат заради тоа на нив, а така постапуваат од незнаење.
Денес, во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На eдeн граѓанин, кoј нe бил наклoнeт кoн мoнаштвoтo а сакал да пoјдe вo манастир, св. Нeoфoнт му рeкoл: “Чeдo, мeстoтo ниту гo спасува ниту гo пoгубува чoвeкoт, туку дeлата гo спасуваат или гo пoгубуваат”. Нeма кoрист ни oд свeтo мeстo ни oд свeт чин oнoј кoј нe ги испoлнува запoвeдитe Гoспoдoви.
Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се уверени дека се праведни, и се надеваат единствено на својата праведност, а сите останати луѓе ги понижуваат и презираат.
Празникот на Светите Три Вселенски учители и светители е востановен за празнување во XI век за време на владеењето на благоверниот и христољубив цар Алексиј Комнен. Имено, секој од овие три архиереи - свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари, но во тоа време се појавил голем спор околу тие три светители меѓу верниците.