Свети Максим Исповедник: Кога Го биеја, и кога Го убија претрпе, никому не мислејќи му зло
Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами. Зашто Господ рече ’Не секој што Ми вели Господи, Господи, ќе влезе во Царството небесно, но оној што ја твори волјата на Мојот Отец (Мат. 7, 21) и повторно: ’Кој Ме љуби ќе ги држи заповедите Мои’ (Јован 14, 15) и останатото.