Ах, кога Бог би ни ја дал топлината во срцето и кога таа не би исчезнувала!

Сѐ додека постои ревност, ќе биде присутна и благодатта на Светиот Дух. Таа е оган. Огинот се одржува со дрва. Духовно дрво е молитвата... Штом благодатта ќе дојде до срцето веднаш се раѓа обраќање на умот и срцето кон Бога, т.е. семето на молитвата. Потоа доаѓа богомислието.Божјата благодат, вниманието на умот и срцето ги насочува кон Бога и ги сосредоточува на Него.

















Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет.


07. април (четврток, Благовештение), 09:00 Света литургија;































