Господ не води по животот – Старец Зосима Сокур

„Ако те напаѓа бесот на гневот, бегај во друга соба, во тоалет – смири се, расуди сè и врати се, смирено решавај ги сите проблеми. Ако настанала расправија, прва побарај прошка – победи го бесот“.
„Од лицемерието до лукавството, само еден чекор. А од лукавството до предавањето на Господа – исто така еден чекор, кој многу лесно се пречекорува“.











Отец Пајсиј им одговори дека знае за смртта на монахот, бидејќи веќе ги видел ангелските војски, кои што дошле да му ја земат душата. Поклониците збунето негодуваа а некои од нив го молеа Старецот да им објасни за кого точно им зборува, мислејќи дека не ги разбрал. Отец Пајсиј им го раскажа следното:





































