Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017)
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од искуство тврдат дека мамат и дека нема што да губам време со нив? Иако често и јас ја имам истата проценка, им одговарам дека човекот досега мене лично не ме излажал и дека должен сум да му дадам шанса, можеби после односот со мене ќе се промени. И така, ако ме излаже, нема да има никаков проблем со мене, туку – за среќа, директно со Бог.