Во ѕвездените мигови на македонската култура и уметност видно место зазема историскиот настан со откритието на Николај Окунеф (1928) на старите фрески во манастирот Св. Пантелејмон во Нерези и дебатата каде всушност почнала европската ренесанса: во Италија, со Џото во XIV век, или два века порано во Македонија, некаде околу 1164 година во Нерези, со овдешниот непознат ингениозен зограф,
Залогот на успехот во формирањето на карактерот на синот или ќерката се - добрите, доверливите односи во семејството меѓу родителите. Доколку се појават какави било конфликти, решавајте ги без детето, не го мешајте него во семејните раздори, не го ставајте во ситуација на избор. Во тој случај во семејството ќе зацари мир и спокој и децата ќе ве љубат со искрена и предана љубов! Да ви помогне Бог!
Бараш благодат од Бога?
Наместо благодат ти допушта искушенија!
Не ја издржуваш борбата и паѓаш?
Нема да добиеш додаток на благодатта!
Повторно бараш?
Затоа што, првата светлина, како дар Божји, ни е дадена за согледување на сопствените гревови и страсти, да се видиме себеси, а не другите. Таа светлина ни е доволна и ни се дава во таа мера во која ни е потребна. Значи, таа светлина ни е дадена нам и е силна само кога е насочена кон нас, а својата сила ја губи кога ја пренасочуваме кон другиот.
Денес, по повод 250-годишнината од раѓањето на игуменот Кирил Пејчиновиќ, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во главната манастирска црква „Свети Атанасиј“, во Лешочкиот манастир.
Поголем благослов имаат оние кои даваат отколку оние што земаат. Во општеството во кое секој сака да заработи, се појавува човек кој сака да дава сѐ што поседува… „Богатството стекнато со добронамерност и милостина е големо; со давање се добива и со споделување се доаѓа до разбирање“, како што рече Св. Јован Златоуст. Голема вистина! Значи ова е нешто што ја докажува вистинитоста на ваквата логика.
„Според богомудрите и апостолски зборови во Посланието на Источните Патријарси знаеме дека "самиот црковен народ е чувар на православната вера и предание". Немојте да се случи тој сѐ уште верен Божји народ еден час да дојде до тоа денешните Епископи да не ги признава повеќе за носители и чувари на апостолско-светоотечката вера, како што тоа православниот народ знаел да го прави многупати во својата крстоносна историја
Кога ме обзема занес до солзи
И ми навира порив да пеам и опевам
Ти си таму, ти си тука
Кога мирис на липа, багрем и јоргован
Го преплавува градот
Пред мене ластовички не гледам,
очи се плашам без сонце да отворам,
скитник сум кој полна месечина
не сака да замени за ѕвезда невидлива.
Стара мерка на река понорница,
На само едно место може да се најде изворот на вистинското учење, кое доаѓа од Самиот Бог, ненамалено преку вековите и секогаш свежо, останато едно и исто во сите оние кои вистински го учат, водејќи ги оние што го следат, во вечно спасение. Ова место е Православната Црква на Христос, изворот е благодатта на Сесветиот Дух, и вистинските учители на Божественото учење, што извираат од овој извор, се Светите Отци на Православната Црква.
Пред две години, по случај смртта на преподобниот старец Емилијан Симонопетриски,
го запишав кажувањето на старец Јосиф, за неговата блискост со светиот Ефрем Катунакиски,
и како Бог му открил дека молитвата на старец Емилијан има сила
како онаа на свети Василиј, сега ќе се надоврзам на тоа.
Колку чудеса! Нашата светост, нашиот мир, среќата наша, преподобноста наша, нашиот подвиг, нашата молитва, слушањето на Бога, кое ни се дава кога Го љубиме, смирението наше, љубовта наша, кроткоста наша, нашето тихување - тихување во смисла на состојба во која можеш да Го чуеш и Го слушаш Бога - сите тие дарови на Светиот Дух и воопшто сè она што прави Бог е чудеса, одлики на Неговото присуство.
И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која било расправија, има и такви што не ја почитуваат слободата на другите и сакаат, по секоја цена, да го наметнат своето мислење – без оглед на неговата исправност.