Старец Ефрем Филотејски и Аризонски: Молете ја Мајката на светлината...
Кога некое лице ќе го повика Нејзиното Пресвето Име, тој веднаш ја чувствува Нејзината помош. Таа е Мајка. Додека беше на земјата како човечко суштество, и таа страдаше поради истите работи за кои страдаме и ние. Поради тоа, и Таа сочувствува со тажните души и брзо им доаѓа на помош.