Св. Теофан Затворник : Света Причест
Покајаните, исповедани и простени гревови веќе не се во нас, ниту против нас. Тие се како стебленца, отсечени од дрвото. Кога ги сакавме гревовите, тие беа на дрвото на нашиот живот како живи гранки и се хранеа од него. А кога се одвративме и започнавме да се гнасиме од нив, кога се покајавме и ги исповедавме, ние ги отсековме од себеси. Со проштевањето на гревовите тие отпаднаа од нас.