логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Свети Јован Касијан Римјанин


9.  За молитвата ( Разг. 9)


206.  Кој е белегот за тоа дека нашата молитва е услишена? – Кога за време на молитвата не нѐ вознемирува никакво сомневање и кога надежта на нашата молитва не бива ослабувана од неочекување на она за што се молиме, како и кога за време на самата молитва чувствуваме дека веќе сме го примиле она за што сме се молеле, тогаш не треба да се сомневаме дека нашите молитви навистина се услишени. Зашто, доколку оној што се моли се удостои да биде услишен и да го добие она за што се моли, тој ќе може и да верува дека Бог го гледа и дека може да ја исполни неговата просба, зашто се неизменливи зборовите на нашиот Господ и Спасителː „Сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете и ќе ви биде“ (Марко 11, 24). Божјиот Син Господ Исус Христос укажува на многу причини, кои ѝ помагаат на молитвата да биде услишена. Така, молитвата бива услишена, кога двајца се согласат да се помолат (сп. Матеј 18, 19); или кога некој се моли со вера, која е голема макар толку, колку што е големо синаповото зрно (сп. Лука 11, 8); или кога некој се моли неотстапно (сп. Лука 11, 8); или кога со молитвата ја соединува и милостињата (Мудр. Сирах. 29, 15), - и други дела на милосрдноста (сп. Иса. 58, 6-9). Гледате на колку сѐ начини се добива благодатта за услишување на молитвата; затоа никој да не паѓа во очајание, дека не може да ги испроси од Бога спасоносните блага. Зашто, ако претпоставиме, дека ти недостасуваат многу од оние работи кои се потребни за услишување на молитвите, па зар не можеш да бидеш постојанен во молитвата, никогаш да не отстапуваш од неа? Тоа може да го прави секој само, ако сака. Само поради таа и таква молитва Господ ветил да ни даде сѐ што ќе посакаме. Затоа, да пристапуваме кон ваквата молитва без колебливост во верата, и ќе го добиеме она за што се молиме. Ова ни го ветил Самиот наш Господ, велејќиː „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Лука 11, 10). Но секој што се моли треба да знае, дека тој навистина нема да биде услишан, ако се сомнева во тоа дека ќе биде услишан.




207.  По однос на молитвата, треба, пред сѐ да ја исполниме евангелската заповед за тоа: кога сакаме да Му се молиме на небесниот Отец – да влеземе во својата соба и да ја затвориме вратата. Ова треба да го правиме и буквално и во духовна смисла. Се молиме внатре во нашата соба тогаш, кога нашето срце потполно се оддалечило од сите световни грижи и помисли и Му ги принесуваме нашите молитви на Господа на некаков таинствен начин и со смелост. Се молиме при затворени врати тогаш, кога со затворена уста, молчејќи Му се молиме на Оној Кој ги испитува не зборовите, туку срцата. На скришно место Му се молиме на Бога, кога само со нашето срце и со нашиот внимателен ум Му ги принесуваме нашите просби Нему, така што и самите непријателски сили не можат да дознаат за што се молиме. Потребно е да се молиме со длабоко молчење не само затоа да не им пречиме во молитвата на нашите браќа, кои стојат заедно со нас и да не ги вознемируваме во нивните молитвени чувства со нашето шепотење и гласно изговарање на молитвените зборови, туку и затоа – да го скриеме предметот на нашата молитва од нашите духовни непријатели кои нѐ напаѓаат особено за време на молитвата.



208.  Нашата молитва ќе се издигне до нејзиното својство на совршенство тогаш, кога во нас ќе се изврши она за што нашиот Спасител Господ Исус Христос Му се молел на Својот Отец, велејќи: „Љубовта, со која ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно (Јован 17, 21). Тоа ќе биде тогаш, кога сета наша љубов, сите наши желби, сета наша ревност, сиот стремеж, сета наша мисла, и сѐ што гледаме, што говориме, што очекуваме – да биде Бог, и кога единството кое постои меѓу Отецот и Синот – на Отецот со Синот, и на Синот со Отецот – ќе биде влеано во нашето срце и во нашиот ум, така што, како Он што нѐ љуби нас со Својата чиста и неразделна љубов, така и ние да бидеме соединети со Него со таква чиста и неразделна љубов. Оној што стигнал до ваква состојба, кај него не може срцето негово да не биде загревано од непрестајна молитва. Тогаш, секое движење на неговиот живот и секој стремеж на неговото срце ќе бидат една единствена и непрекинлива молитва, претходно вкусување и залог за вечниот блажен живот.



209.  За постигнување на последното совршенство во молитвата потребно е да бидеме утврдени во постојаното спомнување за Бога, а како средство за постигнување на ова е често повторуваната кратка молитва (Раз. 9,36). Нашите оци нашле, дека оној што се стреми секогаш да си спомнува за Бога треба да придобие навика често да ги повторува следните молитвени зборови: „Боже, дојди ми на помош, побрзај, Господи, да ми помогнеш“ (Псал. 69,1). – Овој стих од Светото писмо со право е избран; тој ги изразува сите потребни молитвени расположби и им одговара на сите потреби на оној што се моли. Тој ја содржи смирената исповед на нашата беспомошност, признавањето дека Бог ни е единствениот Помошник, кој е секогаш готов да ни помогне, - да им помогне на нашата вера и на нашата надеж – ќе ни помогне и нам кои ја изговараме оваа молитва и ќе нѐ избави од секое зло. Оној што непрестајно Го повикува Бога со овие зборови, тој со својот ум Го гледа Бога и Го чувствува присутен во себеси и се обраќа кон Него со срце исполнето со синовска љубов, а преку тоа ги привлекува кон себе Божјата закрила и Неговата помош. На тој начин оваа кратка молитва станува неразрушлив ѕид против демонските напади. Таа ја разгонува бучавата од помислите, ги одгонува лошите помисли, ги скротува страсните движења и ги одгледува сите добри насади во нашето срце. Светите оци ни заповедале: ако ни е здодевна страста на чревоугодието со своите разновидни пројавувања, треба да извикуваме кон Бога со зборовите: „Боже, дојди ми на помош, побрзај, Господи, да ми помогнеш“ (Псал. 69, 1); ако почувствуваш потреба за построг пост заради скротување на телото и немаш надеж дека ќе можеш ти самиот да го совладаш, пак моли се вака: „Боже, дојди ми на помош“ (Псал. 69, 1). Ако те измачува духот на унинието и ако те истоштува унинието, оддалечувајќи те од она што треба да го правиш, и тогаш моли се вака: „Боже, дојди ми на помош“ – или ако те посети некаква духовна радост и ти сакаш да ја запазиш и да ја зголемиш, и тогаш моли се вака: „Боже, дојди ми на помош“. Ако те зафати скокоткање на твоето тело со својата измамлива наслада и те опфати страв – овој оган да не го изгори слатко миризливиот цвет на целомудрието, и тогаш извикувај, молејќи се: „Боже, дојди ми на помош“. Или ако те опфати спокојство и некаква свежина во сите членови на твоето тело, а имаш желба оваа добра состојба да продолжи во тебе или засекогаш да остане во тебе, тогаш уште поусрдно повторувај ги овие молитвени зборови: „Боже, дојди ми на помош“. Така прави и за време на секоја потреба – читај ја оваа кратка молитва; таа ќе те избавува од секое зло и ќе запазува во тебе секое добро. Затоа секогаш нека се вртат нејзините зборови во твоите гради. Изговарај ја за време на секоја работа и секое служење: тогаш кога патуваш и кога седиш на трпеза, изговарај го овој библиски стих и кога си легнуваш да спиеш и кога се разбудуваш, сѐ додека преку непрестајно повторување не навикнеш да го изговараш и за време на својот сон.


210.  Како прв плод од сето ова ќе биде отфрлувањето и оддалечувањето на мноштвото твои помисли; преку овие зборови ќе го запазуваш единството на твојата душа, ќе свикнеш сѐ повеќе да го обединуваш својот ум со помислата за единствениот Помошник и да Го гледаш секогаш присутен до Тебе – Него Кој сѐ гледа и сѐ одржува. Оттука потоа, издигнувајќи се до живото општење со Бога, ќе почнеш сѐ повеќе и повеќе да се наситуваш со возвишените тајни и да проникнуваш во Бога, да бидеш само со Него и Он да ти биде единствено достатен. Така, најпосле, ќе достигнеш до спомнатата чиста молитва, која не со звукот на гласот и со изговарање на некакви зборови, туку живо избива од срцето и со неискажлив устрем незадржливо се упатува со умот кон Бога и се излива пред Него со непроникливи воздивнувања.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ, Том II.

 

Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

7-ми мај 2018 лето Господово

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная