логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Свети Јован Касијан Римјанин

9.  За молитвата ( Разг. 9)


200.  Мислам дека не можат да бидат опфатени сите видови на молитви, без скрушеност на срцето, без чистота на душата и без просветување од Светиот Дух. Нив ги има толку, колку што во една душа или во повеќе души може да има состојби и расположби. Според тоа, колку напреднал умот во чистотата и според квалитетот на состојбата, во која се наоѓа одвреме – навреме и се издигнува кон Бога, во сите тие мигови душата се преобразува. И затоа е очигледно дека никој не може секогаш да вознесува еднакви молитви. Секој од нас се моли на свој начин и секој се моли сообразно спрема состојбата во која се наоѓа: инаку се моли кога е весел; инаку кога е оптоварен со тага и жалост; инаку кога цути со духовни успеси; инаку кога е напаѓан со многу демонски напади; инаку кога се моли да му се простат гревовите; инаку кога се моли да му биде дадена поголема благодат, или да придобие некоја добродетел или за изгаснување на некоја страст; инаку кога е преплашен од страв – кога размислува за пеколот и за Страшниот суд; инаку – кога се разгорува со надеж и желба за идните блага; инаку – кога се наоѓа во маки и опасности; инаку кога се насладува на безопасности и мир; инаку кога бива просветуван со откровение на небесните тајни; инаку – кога тажи поради бесплодност во добродетелите и поради сувоста на своите чувства.



201.  Според предметот на молитвата апостолот разликува четири вида молитви. Тој пишува „Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе“ (1. Тим. 2,1).  – Просба (δεησις) – е молење за простување на гревовите, кога некој, ќе почне да се кае за своите или некогашните гревови и Му се моли на Бога да му ги прости неговите согрешенија; Молитва (προσευχη) – е молитва, со која нешто Му принесуваме или ветуваме на Бога, кога Му велиме: „Јас ќе направам тоа и тоа, само биди милостив спрема мене, Господи!“ – Молба (ευτευξς) – кога се наоѓаме во разгорен дух, кога се молиме за други, за оние што ги сакаме и за мир во целиот свет; Благодарние (ευχαριστια) – кога умот Му принесува благодарност на Бога, спомнувајќи си за добрините, што му ги прави во сегашноста и кога ги предвидува оние, што ќе му ги направи во иднината – оние што им ги приготвил на сите, кои Го љубат.


202.  По овие четири вида молитви следува некаква највозвишена молитвена состојба, која се состои во созерцание на Едниот Бог и во пламена љубов кон Него. Кога нашиот ум е опфатен и проникнат со оваа љубов спрема Него разговара со Бога на најблизок начин и со особена искреност. А дека сме должни грижливо да ја бараме оваа состојба, ни кажува и Господовата молитва: „Оче Наш“ ... (сп. Матеј 6, 9-13).



Ние велиме: „Оче Наш!“ Со ова Го исповедаме Бога и Господарот на вселената дека е наш Отец. Исто така, исповедаме дека сме ослободени од ропската состојба и дека Бог нѐ усвоил како Свои синови и ќерки. Понатаму додаваме: „Кој си на небесата.“ Со овие зборови ја искажуваме нашата готовност да се ослободиме од секаква приврзаност кон земниот живот, како од робување, кое нѐ одвојува од нашиот Отец и дека со најсилна желба се стремиме кон небесниот живот, каде обитава нашиот Отец, како и да не си позволуваме ништо што нѐ прави недостојни за ова високо посиновување и дека тоа би нѐ лишило, како незаконски деца, од наследството на нашиот Отец и ќе нѐ изложи на сета строгост на Божјиот праведен суд.

Откако сме се издигнале до таков висок степен на Божји синови, ние треба да гориме со синовска љубов спрема Бога, и да не ја бараме нашата корист, туку со сета наша сила да бараме да Го прославуваме Бога, нашиот Отец, велејќи: „да се свети името Твое“ – со тоа да посведочиме дека сета наша желба и сета наша радост се состојат во славата на нашиот Отец – Него да Го прославуваме, побожно да Го почитуваме и да Му се поклонуваме на Неговото преславно име.

Втората просба на очистениот ум е: „да дојде царството Твое“ – да дојде царството на Неговиот Отец, со кое царствува Христос во светиите и во кое, по нашето ослободување од ѓаволот и по изгонувањето на страстите од нашите души, Бог почнува да владее во нас преку благоуханието на добродетелите, она што ни е ветено во свое време, и на нас и на сите што станале чеда Божји, кога Христос ќе ни рече: „Елате, благословени од Мојот Отец, наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот“ (Матеј 25, 34).



Трета просба, која им е својствена на чедата Божји е: „Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6, 10), што значи: Да бидат луѓето слични на ангелите, и како што ангелите ја исполнуваат Божјата, а не својата волја. Овие зборови уште значат: во нашиот живот да биде сѐ според Божјата волја. Боже, Господи Исусе Христе, во Твоите раце го предаваме нашиот живот и веруваме, дека Ти сѐ устројуваш – и среќата и несреќата – да биде за наше добро; дека повеќе се грижиш за нашето спасение од нас самите.


Понатаму: „Лебот наш насушен дај ни го денес“ (Матеј 6, 11). Насуштен (επιουσιος) – на(д)суштен повисок од сите сушности, каков што може да биде само Лебот што слегнал од небото. Кога велиме денес, тоа значи дека вчерашното јадење од Него е недоволно, ако не ни биде даден и денес – и сега, за да бидеме уверени дека е потребно секој ден да ја сознаваме Неговата нужност и секој ден да се молиме да ни биде даден овој Леб, зашто нема ден кога немаме потреба да го укрепиме срцето на нашиот внатрешен човек со примањето и јадењето на овој Леб.


„И прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на наши должници“ (Матеј 6, 12). Милостивиот Господ ни ветил дека ќе ни ги прости гревовите, ако и ние покажеме пример на простување на нашите должници. Ние велиме: „како што им ги проштаваме и ние на нашите должници“. Очигледно е, дека само оној може со надеж да очекува дека ќе му биде услишена молитвата и дека гревовите ќе му бидат простени, ако и тој самиот им простува на своите должници. Оној, кој со сето свое срце не му простува на братот што му згрешил, тој со оваа своја молитвена просба нема да проси да биде помилуван, туку да биде осуден. Зашто, ако неговата молитва биде услишена, тоа, согласно со неговиот личен пример на непростување, што друго може да следи, освен неумолив гнев и неизоставно одредување на неговата казна? Светиот апостол Јаков вели: „Судот ќе биде безмилостен спрема оној кој не покажува милост“ (Јак. 2, 13).


„И не нѐ воведи во искушение, но избави нѐ од лукавиот“ (Матеј 6, 13). Кога ќе си спомнеме за зборовите на светиот апостол Јаков: „Блажен е оној човек кој поднесува искушенија“ (Јак. 1, 12), овие зборови на молитвата треба да ги разбереме вака: не дека Бог не треба никогаш да дозволи да нѐ напаѓаат искушенијата, туку Му се молиме: никогаш да не дозволи да бидеме победени од искушенијата. И многустрадалниот Јов бил искушуван, но не бил воведен во искушение, зашто, потпомаган од Бога „во сето тоа Јов не згреши и ништо неразумно не изрече за Бога“ (Јов 1, 22) и не ги осквернил своите усни со богохулно мрморење, кон што сакал да го доведе искушувачот. Искушуван бол Авраам, искушуван бил и Јосиф, но ни едниот ни другиот не паднале во искушение, зашто ни едниот ни другиот не ја исполниле волјата на искушувачот.


„Но избави нѐ од лукавиот“ (Матеј 6, 13) – односно: не позволувај да бидеме искушувани од ѓаволот повеќе отколку што имаме сили да се противставиме на неговите искушенија, како што пишува светиот апостол Павле велејќи: „Бог нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша“ (1. Кор. 10, 13)



203.  Иако оваа молитва која се нарекува Господова, затоа што неа ја кажал Самиот наш Господ Исус Христос, ја содржи во себе сета полнота на молитвеното совршенство, сепак Господ Своите блиски ученици ги води уште подалеку – кон една повозвишена состојба која веќе ја спомнавме. Во таа пламена молитва, која многумина не ја знаат и не ја доживуваат, која е, јас би рекол, неискажлива, која ги надминува сите човечки поими, која не се распознава ни по звукот на гласовите, ни по движењето на јазикот и ни по начинот на изговарањето на некакви зборови и која умот, озарен со некаква небесна светлина, не ја искажува со слаби човечки зборови, туку, откако ги собере чувствата, го излива незадржливо како од некој преизобилен извор, и тоа во најкраток временски миг, она со што е исполнет. Тој не е во состојба сето ова да го искаже со зборови, ниту може сето тоа да го проследи со својата мисла.



204.  Ваквата молитвена состојба е Божји дар. Благодатната молитвена расположба обично се карактеризира со умиление, со чија посета опфатениот ум бива поттикнуван кон чиста и пламена молитва. Умилението, како што покажал опитот, наидува при разни случаи. Некогаш – додека молитвено пееме – зборовите од псалмите како да стануваат повод за пламената молитва, а некогаш и хармоничната мелодија на гласот од нашиот брат ги возбудувала душите на ваква молитва. Исто така, знаеме дека разбирливото и побожно пеење ги разгорува душите на оние што стојат за време на богослужбите во Божјиот храм. А често и поучните зборови на некој духовен отец или духовен разговор ги распалуваат чувствата за изобилно молитвено изливање. Има случаи кога се исполнуваме со силно умиление и тогаш кога сознаваме за загинувањето на некој од нашите браќа или на некој сакан човек. И спомнувањето за нашата студенина и нашата мрзливост понекогаш нѐ доведува да ја добиеме оваа спасоносна духовна топлина. Безбројни се случаите, во кои Божјата благодат ги разбудува нашите души од нечувствителност и духовна поспаност.


205.  Умилението како што нѐ посетува во разни прилики, така се изразува и на разни начини: некогаш се изразува со некаква неискажлива духовна радост; некогаш ги нурнува сите сили и движења на душата во длабоко молчење, а има и случаи кога ова се изразува со проливање на повеќе или помалку ссолзи. Солзите или плачната состојба е еден од честите изрази на оваа благодатна состојба. Духовниот плач бива предизвикуван од ранетоста на срцето од сознанието за своите гревови, од созерцанието на вечните блага и од желбата за вечна слава, како и од сознанието на големите добрини на Бога спрема себе си и своето недостоинство или чувство на нашето страдално прогонство на земјата.



Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ, Том II.

 
 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

7-ми мај 2018 лето Господово

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная