„Научив дека, да се биде сакан не значи ништо, а да се сака - сè...“
Парите се ништо, моќта е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, па сепак се несреќни. Убавината е ништо, сум видел убави мажи и жени кои беа несреќни и покрај нивната убавина. Ниту здравјето не е сè; секој е здрав ако така се чувствува; има болни кои се полни со волја за живот, што не ги напушта до самиот крај, но има и здрави луѓе кои венеат измачувани од стравот од страдање.