Божествена Литургија во Водоча (02.05.2024)
Љубовта не се самооправдува, не мисли на себе и никогаш не престанува да љуби. Тоа е разликата, за која постојано ви говорам, меѓу вонредната и редовно добиената благодат, т.е. лично усвоената благодат. И Петар и Јован беа на Гората Тавор; и двајцата со своите телесни, но преобразени очи Го видоа Богочовекот Христос во полнотата на Својата слава, но Петар се откажа од Него, а Јован – не.