Митрополит тетовско - гостиварски - УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Ете, благочестиви христијани, какви треба да бидеме и ние. Богородица е неисцрпен извор на добродетели кои треба да нѐ красат и нас самите: да се угледаме на нејзиното смирение, на нејзината скромност, на нејзиното трпение, на нејзиното послушание, на верата, љубовта, пожртвуваноста и верата нејзина. Ете, Богородица е пример за секој човек. Ете, Богородица е пример за секоја жена, за секоја мајка.