“Што е тоа свадбена облека?
Господарот на свадбата, сепак, му даде можност да се спаси и во тој последен час, обраќајќи му се љубовно со зборовите: „Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена облека?“, и трпеливо чекајќи го неговиот одговор. Но, овој молчеше. А требаше да рече само едно „прости“. Кога би се обидел со еден збор да ја опишам состојбата на немање свадбена облека, тоа би бил зборот – неблагодарност.“