Кога тој имаше 16 години, бидејќи беше остроумен, се принесе себе си како света жртва на Бога, кога се искачи на Синајската Гора. Потоа, по 19 години, се предаде на безмолвие за време од 40 години, во манастирот Палестра, на местото наречено Тола, горејќи секогаш со љубов кон Бога. Јадеше се што беше дозволено според заповедите, но мошне умерено,
По Литургијата беа осветени вештествата со кои во Страсната седмица, нашата Македонска Православна Црква ќе вари и освети свето миро, како и садот во кој мирото ќе биде варено. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во присуство на речиси сите Архијереи на нашата Црква:
Поради тоа што егоизмот го спречува човекот да ги возљуби Бога и братот, христијанинот се бори да го искорени од себе егоизмот . Се бори да за да Му благоугоди на Бога. Ги познава Божјите заповеди и сака точно да ги исполни во својот живот. Борбата на христијанинот се води поради тоа , а не да Му каже на Бога: јас сум во ред , имам право на спасение .
Во утробата Своја Словото Го прими, Сеносителот во Себе Го носеше, и со млеко Го доеше Оној Кој вселената со манна ја храни, Чиста, Нему Му пееме: Воспејте ги делата Господови, и превозносете Го во сите векови!
Мојсеј во капината го позна великото таинство на рождеството Твое, отроците го изобразија ова откровение сред огнот стоејќи, и не согорувајќи, Нетлена, Света Дево: затоа Те воспеваме Тебе во сите векови.
Колку всушност ретко се случува да постапуваме со луѓето, онака како што сакаме тие да постапуваат со нас. Ние очекуваме уважување од луѓето, а самите ние ги унижуваме; сакаме да ни помагаат во нужда, а самите ние никогаш не посмислуваме за помагање на ближните, кога сме задоволени.
Како што огнениот пламен секогаш се издигнува нагоре, особено тогаш, кога се размешува материјалот што е зафатен од огнената стихија, така и суетното срце не може никако да се смири. Ако му кажеме нешто што му е угодно, тоа уште повеќе се погордува, а, ако го изобличиме и почнеме да го вразумуваме, тоа почнува силно да ни противречи. Ако го
Од начинот на кој разговарате со другите, од тоа како ќе им помогнете, од милостињата која ја даваш-ќе дадеш некому денар и што со тоа? Зашто Христос нѝ рече да бидеме милостиви? За да станат ли сиромашните богати? Или богатите да осиромашат? Секако не, туку смислата е да општиме со другиот човек.
Најопасното нешто во човековиот духовен живот е компромисот. Компромисот постепено човекот го претвара во фарисеј кој има две лица и две волји. Токму заради компромисот со духот на светот нашата душа станува с# потешка и молитвата сè послаба. Духот на светот човекот го врзува за земјата со стотици алки.
Св. Григориј Палама, архиепископот Солунски, во својата младост бил пратен на училиште. Не само даруван, туку и вреден, во средината на мудри учители, тој брзо напредувал и во световните и во богословските науки. Но, намајќи доверба во помнењето, Григориј си го поставил ова правило: пред секој час да прави по три метании со молитва пред иконата на Пресвета Богородица. И Пресветата му помагала на побожното момче, и тој брзо напредувал во науките, со што привлекол сеопшто внимание.
И според природата на нештата, ползувајќи се со заедничарењето со Бога се издигнеме над смртта и секоја пропадливост.
Сходно на тоа, како совршено неопходно, насладувајќи се со сончевата светлина ја избегнуваме темнината, токму како што е совршено потребно за насладувајќи се со Божественото
„Кога печатот на постот е положен врз усните на човекот тогаш неговите помисли се поучуваат во умилението, срцето му точи молитва, лицето му излева тага, а срамните мисли се далеку од него.
Во очите негови нема сластољубие, непријател ѝ е на секоја похот и срамни разговори.
Никогаш досега не се случило оној што пости со расудување да го заробат зли желби.
„Колку што е можно, внимавајте на јазикот,
да не празнослови и да не осудува, но непрестајно да ја кажува молитвата,
кога сте зафатени со работа. Тоа ви е мојот благослов, исполнувате го тоа, и сите ќе бидеме заедно во Христа“.
Многу богати и цареви не Го спознале Господа, а ние бедните монаси и пастири Го познавме Господа со Духот Свет. За да се спознае Господ не е потребно ниу богатство, ниту ученост, а потребно е само да се биде послушен и воздржан, смирен дух да се има и ближните свои да се сакаат.
За твојата заедница со Него, сите ние коишто те познаваме знаеме и сведочиме, но јас тука пред овој свештен собор можам да посведочам за твоите последни денови, во коишто го живееше своето лично распнување, трпеливо, спокојно со целосрдечна благодарност, баш онака како што нè учеше нашиот духовен отец.
Плодови на искрената молитва се: простота, љубов, смиреномудрие, трпение, незлобивост и слично на тоа. Сето тоа и пред вечните плодови, дава плод и тука, во животот на оној кој се труди. Такви се плодовите, кои ја украсуваат молитвата; ако нив ги нема, залуден е нејзиниот труд.
Свети Григориј Ниски
Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да нe сe служат сo мeчoт, а плашливитe да пoстанат пoмажeствeни?
Зарeм нe вeрата Христoва?