Свети Амвросиј Оптински: Од писмата до духовните чеда
... Бидејќи духовните книги ги читате без нечие раководство, се плашите да не ви се случи да западнете во некакви неправилни мисли и да прифатите неточни мислења. Вашето стравување е многу оправдано. Затоа, ако не сакате да пострадате од ваква душевна неволја, не голтајте ги секаквите нови книги, макар тие да се и со духовна содржина, но чии автори не го потврдиле своето учење со светоста на својот живот; читајте ги делата на оние Отци кошто Православната црква ги прогласила за апсолутно и несомнено поучни и спасоносни.