логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Voskresenie.s3.jpg

ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ

Христовото Воскресение е најголемиот настан во историјата. Тоа е она што го диференцира Христијанството од било која друга религија. Другите религии имаат смртни водачи, додека Глава на Црквата е Воскреснатиот Христос. Христовото Воскресение е обновувањето на човечката природа, повторно создавање на човечкиот род, доживување на есхатолошката реалност. Кога зборуваме за Воскресението не го одделуваме од Крстот, бидејќи Крстот и Воскресението се двата пола на искупителното доживување, како што се молиме во Црквата “преку Крстот дојде радост на целиот свет. Секогаш благословувајќи Го Господа го воспеваме Неговото воскресение”, или како што пееме, “на Твојот Крст се поклонуваме, Владико, и Твоето Свето воскресение го славиме”.
Во Црквата непрестано зборуваме за Христовото Воскресение кое има големо значење за животот на верникот. Не веруваме во социјални револуции, бидејќи најголемото добро во Вселената произлезе од Воскресението, а не од некоја човечка социјална револуција. А ако го поврземе Воскресението со вистинската револуција, тогаш се наоѓаме во вистината, од аспецт дека преку Христовото Воскресение човекот се врати во својата првобитна положба и се издигна уште повисоко. Тоа исправање и воспоставување на човекот се случи со Христовото Воскресение.
Апостолот Павле јасно објавува: “Ако Христос не воскресна, тогаш залудна е нашата вера” (1. Кор. 15, 17). Вистинитоста и динамичноста на верата се должи на блескавиот настан на Христовото Воскресение. Без тоа Христијаните се “најбедните од сите луѓе” (1. Кор. 15, 19).


1

Црквата го слави Христовото Воскресение од моментот на Неговото слегување во Адот, каде што ги ослободи душите на Старозаветните праведници од власта на смртта и на ѓаволот. Така го празнува нашата Црква. Во литургиските текстови јасно се гледа дека прославувањето на Воскресението почнува од Велики Петок, како што го гледаме тоа во Утрената на Велика Сабота, кога се врши опходот на Плаштаницата. И беседите на светите Отци на Велики Петок всушност се воскресни и победни.
Тоа се гледа и од свештената агиографија на Воскресението. Црквата одредила како реална икона на Христовото Воскресение да се смета Неговото слегување во Адот. Секако, постојат и икони на Воскресението кои го опишуваат Христовото јавување на Мироносиците и на Учениците, но пар еџелланце икона на Воскресението е уништувањето на смртта кое се случи со Христовото слегување во Адот, кога душата заедно со Божјата природа слезе во Адот и ги ослободи душите на Старозаветните праведници, кои Го очекуваа како Искупител.
Изобразувањето на Воскресението со Христовото слегување во Адот се прави поради многу и сериозни богословски причини. Прво, затоа што никој не Го видел Христа во моментот кога воскреснал, бидејќи излезе од гробот кој беше запечатен. Потресот што се случи и слегувањето на ангелот кој ја подигна гробната плоча, се случи за да се уверат жените Мироносици дека Христос воскресна. Второ, затоа што кога Христовата душа соединета со Божјата природа слезе во адот, ја уништи власта на смртта и на ѓаволот, бидејќи со Неговата смрт ја победи смртта. Јасно се гледа во Православното Предание дека со Христовата смрт целосно се поништи власта на смртта. Впрочем, во Црквата пееме: “Христос воскресна од мртвите со смртта смртта ја победи...”. Неговата триумфална победа над смртта се случи токму во моментот кога Христовата душа соединета со Божјата природа ја уништи смртта. Трето, Христос со Неговото слегување во адот ги ослободи Адам и Ева од смртта. Така, како што преку Адам произлезе падот на целокупниот човечки род, бидејќи тој е наш родоначелник, така преку воскресението на Адам ние ги вкусуваме плодовите на воскресението и на спасението. Поради единството на човечката природа она што се случи со прататкото се случи со целата човечка природа.
Поради тие причини за најкарактеристична икона на Христовото Воскресение се смета Неговото слегување во Адот, бидејќи, впрочем, како што ќе видиме и понатаму, суштината на празникот на Воскресението е умртвувањето на смртта и поништувањето на ѓаволот: “Го празнуваме умртвувањето на смртта, и поништувањето на Адот”, пееме во Црквата. Поништувањето на Адот и умртвувањето на смртта е најдлабоката смисла на воскресниот празник.


2

Прашањето е што точно подразбираме кога зборуваме за Адот и за слегувањето на Христа во него. Постојат многу делови како во Стариот така и во Новиот Завет кои се однесуваат на Адот. Нема да ги прикажам сите овде, затоа што целта е да се прикаже учењето за умртвувањето и поништувањето на Адот.
Карактеристичен е еден цитат кој ги прикажува Христовите зборови: “И ти, Капернауме кој си се издигнал до небото, до адот ќе слезеш” (Мат. 11, 23). Овде Христос јасно ја употребува сликата на Адот во спротивставеност со Небото, кое се поистоветува со славата на Капернаум кој се удостои да Го види Богочовекот Христос, при што Адот го означува неговото крајно понижување и пад, бидејќи не се покажал достоен за тој голем дар.
Зборот Ад во Новиот Завет е истоветен со еврејскиот збор Шеол, што се толкува како бездна и го означува мрачното и невидливо царство на мртвите, т.е. таму каде што се наоѓаат духовите на мртвите.
Зборот Ад произлегува од грчката митологија. Тоа е “Адис и Адоневс, синот на Хронос и на Реа, брат на Диос, на Посејдон, на Ира, на Естиа и на Димитра”. Во битката на Титаните Адис зел учество, носејќи шлем од кучешка кожа кој го направил да биде невидлив за другите богови и тоа придонело во победата на боговите. При поделбата на светот со ждрепка Адис го зел владеењето на долниот свет, на светот на мртвите, каде што е густа темнина. Адис таму останал, никогаш не излегол, освен еднаш за да ја грабне Кори, ќерката на Димитра, и таму ги прифаќа мртвите над кои има власт.
Нормално, како Стариот така и Новиот Завет не ги прифаќаат овие теории за Адис. Не сметаат дека тоа е некој бог кој има власт над духовите на мртвите, кој, како што верувале во древна Грција, понекогаш бил и добар, но дека е моќ и власт на смртта и на ѓаволот.
Секако, во Стариот Завет се смета како едно место во најдолните делови на земјата, но тоа треба да се свати символично, согласно со сваќањата на тогашната епоха според кои земјата се наоѓа во средината, небото е над земјата, а Адот под земјата. Врз основа на тоа што душите не се материјални, туку нематеријални, не можеме да го сметаме Адот како некое посебно место.
Така, значи, сликата на Адот се употребува символично во Светото Писмо за да се означи власта на смртта и на ѓаволот. Карактеристични се зборовите на Апостолот Павле: “А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; и да ги избави оние што поради страв од смртта целиот живот беа подложени на ропство” (Евр. 2, 14 - 15). Значи,  власта над смртта се поистоветува со власта на ѓаволот.
Поради таа причина во Православното Предание Адот не е некое посебно место, туку тоа е владеењето на смртта и на ѓаволот. Душите на луѓето кои се наоѓаат во власта на ѓаволот и на смртта, велиме дека се наоѓаат во Адот. Во таа смисла треба да го гледаме учењето на Црквата за Христовото слегување во Адот, т.е. дека Христос влезе во владеењето на ѓаволот, прифати да умре, при што со силата на Својата Божја природа ја победи смртта, ја направи целосно бессилна и немоќна и на секој човек му ја даде можноста, со Неговата сила и власт, да ги одбегнува владеењето и силата на смртта и на ѓаволот.


3

За Христовото слегување во Адот имаме сведоштво од Соборното Послание на Апостолот Петар, во кое се вели: “Христос еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните, за да нé приведе кон Бога, мртов по тело, но животворен со духот, со кого, откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа во темнина” (1. Пет. 3, 18 - 19). Овде јасно се гледа дека Христос, со Неговата Божја природа, слезе во темнината на духовите, т.е. на душите, и проповедал покајание. Истото го вели и на друго место во истото послание: “Оти и на мртвите им беше проповедано Евангелието за да примат суд како луѓе по тело, а да живеат со духот по Бога” (1. Пет. 4, 6).
Во Преданието на Црквата многу се зборува за Христовото слегување во Адот во смисла дека влегол во моќта и царството на смртта. Трогателни се тропарите што се пеат на вечерната на Пасха, кои почнуваат со фразата “денес Адот воздивнувајќи вика”. Значи, го прикажуваат Адот како вика со воздивнување. Помеѓу другото вели дека се поништи неговата власт, откако Христос ги ослободи сите оние кои Адот ги поседуваше од векови.
Многу значајно во врска со ова е Катихетското слово на светиот Јован Златоуст, кое го читаме на Литургијата на Велигден. Помеѓу другото вели дека Адот кога Го сретнал Христа “се огорчи... се поништи... се умртви... се врза”. Понатаму се вели дека Адот, со Христовата смрт на Крстот, зеде смртно тело и се најде пред Бога, зеде земја, а го сретна Небото, го зеде тоа што го гледаше, т.е. човечко тело, човечка природа, а беше победен од тоа што не го гледаше, т.е. од Божјата природа.
Учењето на Црквата за Христовото слегување во Адот го опишал светиот Јован Дамаскин во еден тропар од Пасхалниот Канон. Ќе го изложиме целиот, затоа што е многу познат: Си слегол во најдолните делови на земјата и ги уништи вечните окови,..., Христе; и тридневен, како Јона од китот, воскресна од гробот.
Светиот Епифаниј Кипарски, во една негова беседа прави чудесен опис на Христовото слегување во Адот и на сето она што се случило при тоа, толкувајќи го Давидовиот псалм кој е во врска со тоа (Пс. 23, 7 - 10). Со илустративни зборови вели дека Христос слезе во Адот “Богодолично, воинствено...владетелски”, придружуван не само од дванаесет легиони ангели, туку од милијарди и илјади илјадници ангели. Пред Христос да стигне во безсончевите зандани на Адот пред Него стигна архистратигот Гавриил за да ги извести за Христовото доаѓање, бидејќи впрочем тој беше оној кој ñ ја соопшти благата вест на Богородица. Кажал: “”. Потоа извикал архангелот Михаил: “и подигнете врати вечни”. Ангелските сили рекле: “се уништија неразрешливите синџири... Уплашете се, тирани беззакони”. Се појавил Христос и предизвикал голем страв, вознемиреност и ужас. При тоа началниците на Адот силно извикале: “Кој е тој цар на славата?”. Тогаш сите Небесни сили извикале: “Господ моќен и силен, Господ силен во војна... Господ на силите, Он е Царот на славата” (Пс. 23, 7 - 10).
Во продолжение светиот Епифаниј чудесно го опишува разговорот на Адам со Христа. Адам ги слушнал чекорите на Христа Кој доаѓал, како што Го слушнал тогаш во Рајот по престапот и непослушноста. Тогаш чувствувал вознемиреност и страв, но сега чувствувал радост и веселие. Покајан Адам им повикал на сите души: “Господ мој со сите”. А Христос одговорил: “И со твојот дух”. И откако го фатил за рака, го воскреснал, наведувајќи што направил заради неговото спасение, како и заради спасението на целиот човечки род.

4

Од сето ова што претходно го наведовме се гледа целта заради која Христос слезе во Адот. Всушност влезе во владеењето на ѓаволот за да ја поништи. Ќе ги видиме некако поаналитички причините заради кои Христос слезе во Адот.
Прво, како што кажавме до сега, го направи тоа за да ги урне вратите на Адот, всушност за да ги поништи смртта и моќта на ѓаволот. Овој настан беше пророкуван во Стариот Завет. Пророкот Давид рекол: (Пс. 116, 16). А пророкот Исаија ги прикажува Божјите зборови: (Ис. 45, 2). Светиот Јован Златоуст, толкувајќи го овој настан, нагласува дека не рекол оти ги отворил железните врати, туку дека ги урнал за да го направи затворот неупотреблив. Ниту рекол дека ги одврзал оковите, туку дека ги смачкал, за да се покаже затворот бессилен, затоа што таму каде што нема врата, ниту оков, таму и да влезе некој не може да биде задржан. Кога Христос уништува и распарчува нешто, тогаш никој не може тоа да го поправи.
Второ, слезе во Адот за да завладее и да го пороби ѓаволот, кој тогаш бил началник на смртта и на Адот. Впрочем, Самиот за време на Неговиот живот учел дека не може никој да влезе во куќата на силниот за да ограби и да ја опустоши куќата. Ако претходно не го врзе силнуиот (Мат. 12, 29). Така, значи, со Неговото слегување во Адот Христос го врзал ѓаволот, што значи дека тој нема веќе никаква власт над луѓето.
Трето, Христос слезе во Адот за да исполни сé со светлината на Неговата Божја природа. Апостолот Павле прикажува едно такво учење, кога вели: “А што означува издигајќи се, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на земјата. Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сé” (Ефес, 4, 9 - 10). Така, Христовото слегување и во најдолните места на земјата се случи за да се исполни сé со Неговата светлина, и всушност за да се поништи моќта на смртта. Секако, треба да се прави разлика дека едно е Божјото дејство кое исполнува сé, а друго е обожителната енергија Божја во која учествуваат само обожените. Светиот Григориј Богослов вели дека требало да се најдат поклоници на Бога не само горе, туку и долу, за да се исполни сé со славата Божја. Во таа перспектива се и напишани тропарите на нашата Црква: “За да исполниш сé со Твојата слава Си слегол во најдолните места на земјата”. А светиот Јован Дамаскин ше пее торжествено: “Сега сé се исполни со светлина, небото и земјата и подземјето. Секое создание нека го празнува Христовото воскресение во кое се утврди”.
Четврто, Христос слезе во Адот за да се повтори и да се изврши и таму она што се изврши на земјата. Како што на земјата го проповедаше мирот, им даде отпуштање на гревовите на грешинците, им даде светлина на очите на слепите и стана причина за спасение на оние кои поверуваа, но и изобличување на неверието за оние кои не поверуваа, истото требаше да се случи и во Адот, каде беа душите на оние кои умреле, та целокупната човечка природа, целото човештво да ја слушне искупителната порака на Христа. Како што на оние кои живеат на земјата им изгреа сонцето на правдата, така и на оние кои живееја во мракот и во смртната сенка требаше да им блесне Божјата светлина (Св. Јован Дамаскин).


5

Проучувајќи го Христовото слегување во Адот, треба да се одговорат две интересни прашања. Прво, како Адот ги препозна Христовите рани, кога Христос немал тело, туку само душа, и второ, дали се спасија сите заробеници на смртта кои се наоѓаа во Адот.
Одговорот на првото прашање не е схоластички, туку е богословски, а воглавно и пред сé е антрополошки. Има врска со тоа дека Христос прими душа и тело и беше интегрален и совршен човек.
Ова прашање се поставува затоа што во еден тропар од Канонот на Велика Сабота се вели дека Адот се огорчил гледајќи смртен човек кој се имал обожено и бил исполнет со Крсните рани. Адот, Логосу, среќавајќи Те, се огорчи... Значи, Христос, иако бил полн со рани, сепак истовремено бил сесилен.
Познато е дека во Адот слезе Христовата душа заедно со Божјата природа, бидејќи телото заедно со Божјата природа пребиваше во гробот. При тоа, раните што ги имаше Христос беа рани или на душата или на Божјата природа. Второто се исклучува, па според тоа треба да се исповеда дека беа рани на душата. Но, како е можно телесните рани кои се случија на Крстот да се сметаат и како рани на душата?
Во претходна анализа имаме наведено дека за време на Страдањето, кога страдаше телото, не сострадуваше Божјата природа, туку остана нестрадална. Меѓутоа, заедно со телото сострадуваше и душата Христова. Свети Никодим Светогорец објаснува дека едни енергии на душата дејствуваат без содејството на телото (умот, интелектот и славата, кои дејствуваат и кога мирува телото), а други енергии на душата (фантазијата и чувството) не можат да дејствуваат без телото. Така, кога телото Христово беше бичувано, тогаш печатите и бледите слики на бичувањата и на страдањата се запечатуваа и во душата Христова. Според тоа, белезите на телото преминаа и на душата, и нив ги виде Адот.
Впрочем, тоа се случува и со душите на луѓето. Свети Василиј Велики вели дека оние кои извршиле лукави дела ќе воскреснат во срам, гледајќи ги во себе срамот и отпечатоците на гревовите.
Навистина, тој срам е пострашен од вечниот мрак и оган, бидејќи, како што вели светиот Василиј Велики, постојано во сеќавањето на душата ќе постојат трагите на гревот кои настанале со нивното тело, како некоја боја што никогаш не се брише.
На второто прашање треба да кажеме дека со Христовото слегување во Адот не се спасија сите кои се наоѓаа таму, туку само праведниците, оние кои во различни степени достигнале обожување. Светиот Епифаниј ќе рече дека не се спасија сите кои се наоѓаа таму, туку само оние кои поверуваа. А тоа треба да се протолкува од аспецт дека Го препознаа Христа оние кои имале општење со Невоплотениот Логос, додека живееле во животот.
Знаеме од други учења на Светото Писмо и на светоотечкото Предание дека просветлувањето и обожувањето постоеле и во Стариот Завет за оние кои се удостојувале да Го видат Невоплотениот Логос и кои достигнале во обожување, со таа разлика што сеуште не била победена смртта, па затоа оделе во Адот. Христос со Неговото слегување во Адот ја поништи моќта на смртта и оние кои имале општење со Него поверувале дека Он е Силен и Моќен, Спасителот на луѓето, и така се ослободиле.


6

Денот на Велика Сабота, кога Христовата душа со Божјата природа се наоѓаше во Адот, а телото заедно со Божјата природа се наоѓаше во гробот, и при што беше победена моќта на ѓаволот и на смртта, Православната Црква го смета за голем ден, бидејќи е поврзан со денот на Неделата.
Во литургиските текстови седмиот ден на создавањето, во кој Бог по создавањето на светот и на човекот “одмори од сите Свои дела”, се поврзува со денот на Велика Сабота, во кој одмори и Христос од сето она што го направи за спасението на човекот. Затоа, како што пееме, ова е благословената Сабота.
Поради таа причина Мојсеј определил во седмиот ден, Сабота, што значи одмор, Јудејците да се одмараат и тој ден да се посветува на богослужението и на молитвата. Заповедта била јасна: (Исход. 12, 16).
Постои толкување според кое заповедта за неработење во Сабота беше дадена од Бога воглавно и пред сé за повторното создавање и обновувањето на човекот што ќе се случело со Жртвата и Смртта Христова на Крстот, со Христовото слегување во Адот и со поништувањето на гревот и на смртта (Јосиф Калотетис). Секако, треба да се нагласи дека почетокот на пресоздавањето и на обновувањето се случи на денот на Велика Сабота, но видливиот и чувствен почеток на повторното создавање се случи во Неделата, кога Христос воскресна видно од гробот (св. Никодим Светогорец). Затоа и ние, иако ја почитуваме саботата, сепак повеќе ја почитуваме Неделата, која ја сметаме воглавно за ден на повторно создавање. Во секој случај, ја почитуваме и саботата, според зборовите на светиот Герман патријарх Константинополски: Да се почитува оваа сабота, како ден на нашето пресоздавање.
Саботата во православното Предание има и едно друго значење. Всушност го претставува починокот на човекот, исихазмот, односно т.н. свештено тихување со сета негова содржина. Апостолот Павле, откако наведува дека празнувањето на саботата е неопходно за народот Божји, советува: да се потрудиме да влеземе во таа починка (Евр. 4, 11). Светиот Григориј Палама ќе рече дека кога човекот ја оддалечува секоја помисла од умот и кога со постојана и непрестана молитва умот ќе се врати во срцето, тогаш влегува во Божествената починка, т.е. во Боговидението, во созерцанието на Бога.
Таа починка, тој исихазам не е недејствителност, туку е големо движење. Како што Бог, иако одмори во седмиот ден, но сепак продолжи да го управува светот со Својата несоздадена енергија, така и човекот кога се наоѓа во состојба на духовно созерцание, го врши најголемото дело, се соединува со Бога и потоа го љуби сето она што го љуби и Бог. Затоа можеме да кажеме дека е можно човек да го живее Христовото Воскресение преку својата починка, т.е. преку својот исихастички начин на живот. Колку што некој влегува во Божественото саботување, односно во Божествената починка, толку и го доживува воскресението.


7

Еднаш Христос се осврнал параболично на Неговото тридневно Воскресение од мртвите, кога рекол: Урнете го овој храм, и Јас за три дена ќе го подигнам . Јудејците мислеле дека Он зборува за Соломоновиот храм, кој бил граден 46 години. Меѓутоа, Он зборуваше за храмот на Своето тело. Дури ниту самите Ученици го сватиле тоа по Неговото воскресение (Јован. 2, 19 - 22).
И другпат Христос јасно зборувал за Своето тридневно воскресение: И почна да ги поучува дека Синот Човечки треба многу да пострада, и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжинците, и да биде убиен, и по три дена да воскресне (Марко. 8, 31). Толку многу се раширило ова учење, та оние кои се нашле при крсната жртва на Голгота Го хулеле велејќи: Ти што го уриваш храмот и за три дена го подигаш, спаси се Себеси (Мат. 27, 40). Исто така, првосвештениците и Фарисеите побарале од Пилат да го запечати гробот, затоа што се сетиле дека Христос додека бил жив рекол: По три дена ќе воскреснам (Мат. 27, 63).
Сите велиме дека Христос воскреснал од гробот по три дена. Секако, зборувајќи за Воскресението не подразбираме дека умрела Божјата природа, туку дека душата, која се одделила од телото, без да се оддели Божјата природа, пак се вратила во телото и така воскреснал од гробот. Меѓутоа се создава еден проблем во врска со трите дена. Од кога се сметаат и како се бројат, бидејќи знаеме дека Христос умрел во третиот попладневен час на Велики Петок, а воскреснал во утринските часови во Недела.
Свети Јован Дамаскин толкува дека реално имаме три ноќи и три дена во кои Христос се наоѓал во гробот. Толкувајќи ги настаните на распетието вели дека според Стариот Завет Бог ја нарекол темнината ноќ, а светлината ден. Така, значи, темнината што се случила за време на распетието, од дванаесет на пладне до три попладне, е ноќ, бидејќи сонцето не се помрачило од некој облак што би го покрил сончевиот зрак. Така паднала темнина по целата земја, бидејќи недостасувала осветлувачката енергија што извира од сончевото тело. Од три часот до редовното заоѓање на сонцето во Петокот имаме ден. При тоа се исполниле првата ноќ и првиот ден. Потоа ја имаме ноќта на Петокот и денот на саботата, што се смета за втора ноќ и втор ден. И на крај, ноќта на саботата и почетокот на Неделата, кога Христос воскреснал, ги сочинуваат третата ноќ и третиот ден.
Светиот свештеномаченик Анастасиј Синајски дава едно друго толкување, кое отприлика се движи во истите рамки. Тој вели дека според Стариот Завет денот се брои откако ќе се вброи и вечерта. Во книгата Битие се вели: И би вечер и би утро ден еден (1. Мој. 1, 5). Исто така, од делот се смета и целото.
Следствено, според светиот Анастасиј, часот во кој умрел Христос, како дел од денот на Петокот кој започнал од Четвртокот вечерта, се вбројува во првиот ден. Вечерта на Петокот и денот на Саботата се смета како втор ден, а вечерта на Саботата до рано утрото на Неделата кога Христос воскреснал, бидејќи се состои и од дел на денот на Неделата, се смета како трет ден.
Лично верувам дека толкувањето на светиот Јован Дамаскин се смета како поприфатлива, без да се исклучува и толкувањето на светиот Анастасиј. Во секој случај, Христос пребиваше три дена и три ноќи во гробот.
Значајна е и причината поради која Христос воскресна по три дена, а не во помал или поголем временски период. Би можел Христос да воскресне веднаш по Неговата Смрт на Крстот, но воскресна по три дена за да се потврди тајната на Смртта, која инаку би можела да биде оспорена. Не останал повеќе време за да не биде наклеветена тајната на воскресението во меѓувременскиот период, затоа што колку ќе задоцнувал толку и ќе создавал проблеми и прашања кај Јудејците и кај Учениците (Макариј Хрисокефалос). Затоа, периодот од три дена бил најсоодветен за да не се оспори тајната на Смртта, ниту да се оклевети тајната на Христовото Воскресение.


8

Христос воскресна во утринските часови на Неделата. Не го знаеме точното време на Неговото Воскресение, бидејќи никој не Го видел во тој час, но беше потврдено кога многу рано наутро жените Мироносици отидоа на гробот за да го помажат Христовото тело со мириси. Така, Неделата, првиот ден од седмицата, е денот на Христовото Воскресение. Ако Христос во Сабота ја победи моќта на смртта, тогаш во Недела им се потврди на сите Неговото Воскресение, дека Он е победникот над смртта и над ѓаволот.
Неделниот ден во таканареченото седмично време е првиот ден од кој се брои седмицата, но е осмиот, бидејќи се наоѓа по завршувањето на седмицата, т.е. по Саботата. Во Стариот Завет се смета за значаен ден, од една страна затоа што е првиот ден на создавањето на светот кога настанала светлината, а од друга страна затоа што и овој ден се нарекува свет според заповедта: (Левит. 23, 36).
Мојсеј првиот ден не го нарекува прв (), туку еден (). Свети Василиј Велики, толкувајќи, вели дека светата Недела, во која Христос воскресна, ја нарекува еден ден за да го одведе нашето поимање кон идниот вечен живот. Сега Неделата е образец на идниот век, но тогаш ќе биде самиот осми ден. Ако размислиме дека седмичниот циклус го символизира целото време на животот на луѓето, а дека Неделата е образец на идниот осми ден, тогаш е еден и единствен ден. Светиот Василиј Велики ја нарекува Неделата првина на деновите.
Според светиот Григориј Палама, Неделата се нарекува осми ден затоа што во тој ден се случи Христовото Воскресение, кое е осмото воскресение во историјата. Три воскресенија на мртви се случија во Стариот Завет (едно од Пророкот Илија и две од Елисеј), а четири воскресенија на мртви се случија во Новиот Завет од страна на Христа (на Јаировата ќерка, на синот на Наинската вдовица, на Лазар и на мртвите на Велики Петок). Но најголемото, осмото воскресение, е Христовото Воскресение. Меѓутоа, всушност не е само осмо воскресение, туку е и прво во однос на воскресението на сите мртви кое со надеж го очекуваме.
Во Неделата, во првиот ден од седмицата, настанала светлината. Во Неделата, во првиот ден од повторното создавање, се јави светлината на Воскресението, која е истата светлина на Преображението и на Педесетницата. Христовата човечка природа ги отфрли смртноста и трулежноста, како што ќе видиме подолу.
Неделата уште се нарекува свет и избран ден, затоа што сите големи Господови настани се случија во тој ден. Светите Отци велат дека Благовештението на Богородица, Христовото Раѓање и Воскресение, т.е. основните Господови настани се случиле во Недела. Но и Второто Христово Доаѓање и, секако, воскресението на мртвите ќе се случи во тој ден (преподобен Петар Дамаскин). Затоа Христијаните му даваат големо значење и тежина на овој ден и се стремат да го осветуваат, затоа што ненадејното Христово доаѓање ќе се случи тогаш.
Поради сите овие причини светиот Јован Дамаскин торжествува на празникот Велигден: Овој е избраниот и свет ден, едниот од Саботите цар и Господар, празник на празниците и торжество на торжествата, во кој Го благословуваме Христа во вековите.
Трогателно е човек да размисли дека Црквата секоја Недела со своите чудесни тропари го празнува Христовото Воскресение. Така, во годишната Пасха постои и нседмичната Пасха, таканаречената мала Пасха (мал Велигден), односно светлоносниот Неделен ден.

9


Христовото Воскресение јасно се разликува од другите воскресенија што се случиле во Стариот и во Новиот Завет, во тоа што Христос како Бог вистински, се воскресна Себеси, т.е. Божјата природа ја воскресна човечката природа, по силата на ипостасното единство, а другите воскресенија се случиле со силата и дејството Божјо. Може некој да каже дека, како што Христос го твори обожувањето, а светителите учествуваат во обожувањето, така и Христос го твори Воскресението, а светителите учествуваат во воскресението.
Секако постојат неколку цитати во Светото Писмо кои зборуваат за тоа дека Бог Отецот Го воскресна Христа. Апостолот Петар во неговата беседа на денот на Педесетницата, осврнувајќи се на Христа, рече: Кого Бог Го воскресна одврзувајќи ги врските на смртта, бидејќи таа немаше сила да Го задржи (Дела. 2, 24). Исто така, Апостолот Павле пишува во негово послание: како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот (Рим. 6, 4). И во друго послание пишува: според дејството на Неговата сила, која Он ја покажа во Христа кога Го воскресна од мртвите (Ефес. 1, 20).
Меѓутоа, оваа тема треба да ја видиме преку тријадологијата, според која Личностите на Света Троица ја имаат истата суштина и истата енергија, но се разликуваат во ипостасите. Така, не е една енергијата на Отецот, друга на Синот, а трета на Светиот Дух, туку заедничка е енергијата на Триедниот Бог. Тоа што го сака Отецот го сакаат и Синот и Светиот Дух, а она што го сака Синот го сакаат и Отецот и Светиот Дух, и она што го прави Светиот Дух го сакаат и Отецот и Синот. Значи, кога се вели дека Отецот Го воскресна Христа, тогаш тоа значи дека и Он Самиот Христос се воскресна Себеси, бидејќи Отецот не прави нешто што не го прави Синот.
Сé што е на Отецот е и на Синот нез нероденоста. Според тоа, да Му се оддаваат настаните што Му се случија на Синот само на Отецот е безбожно, но и сé да Му се оддава на Синот е неприфатливо, бидејќи и Синот е Бог и може да го прави она што го прави Отецот. Значи, кога се вели дека Отецот Го воскресна Христа, се подразбира дека Триедниот Бог, односно Божеството што е белег на природата, ја воскресна човечката природа.


10

По Своето Воскресение Христос им се јави на жените Мироносици и на Своите Ученици. Некои се прашуваат зошто Христос не им се јавил на сите луѓе, а особено на Неговите распнувачи и на оние кои го одрекуваат Неговото Воскресение за да ги натера да поверуваат во Него.
Кога некој ја познава суштината на православната Теологија, тогаш не може да поставува такви прашања, затоа што јасно знае дека јавувањето на Христа не се случува никогаш заради гледање или заради принудување на човекот. Јавувањето Божјо има одредена цел и длабока причина.
Најпрво треба да се нагласи дека Христос не сака никого да принуди да поверува. Потоа, јавувањето Божјо на човекот е еден критичен момент за неговиот живот. Во другиот живот, при Второто Христово Доаѓање, сите ќе Го видат, но за подготвените и за очистените Бог ќе биде светлина, а за нечистите ќе биде пекол. Тоа би се случило и во овој случај. Затоа Бог од љубов и човекољубие не им се јавил на оние кои Го одрекуваа и кои Го распнаа.
Јавувањето на Христа во слава се случува само и само за да ги одведе оние кои се имаат соодветно подготвено кон обожувањето и кон прославувањето. Учениците се имале подготвено, па затоа Христос малку пред Страдањето рече: вие сте веќе чисти преку словото што ви го кажав (Јован. 15, 3). Учениците три години, слушајќи го словото Божјо и поучувајќи се во тајните на Царството Небесно, изгонувајќи демони, минувале низ процесот на очистување. При тоа, станале соодветни за обожувањето и приемчиви за учеството во благодатта на Воскресението. Но и пак, како што ќе видиме подолу, и со Своето јавување по Воскресението, ги подготвува за нивниот влез во големиот степен на обожувањето и на созерцанието што требало да се случи на Педесетница.
Меѓутоа Христовото јавување на Неговите Ученици, по Воскресението, не бил еден настан само за нив, бидејќи знаеме дека оние кои минуваат еден соодветен степен на исцеление и очистување се удостојуваат да учествуваат во Христовото Воскресение и да Го видат Воскреснатиот Христос. Во оваа перспектива треба да го видиме и случајот на Апостолот Павле, кој ја има сигурноста дека и нему му се јавил Воскреснатиот Христос. А по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче (1. Кор. 15, 8). Познато е дека Апостолот Павле, во време на Воскресението, бил Јудеец ревнител, бидејши кон Христа се обратил по Педесетницата, при што се осврнува на јавувањето на Воскреснатиот Христос по Неговото Вознесение и по Педесетницата.
Овој случај покажува дека гледањето на Воскреснатиот Христос не е независно од духовната состојба на човекот, и секако, дека тоа продолжува во целокупниот живот на човештвото. Секогаш низ вековите постојат сведоци на Христовото Воскресение.


11

Во текстовите на Новиот Завет се прикажуваат единаесет јавувања на Воскреснатиот Христос, од кои десет се случиле во периодот помеѓу Воскресението и Вознесението и едно по Педесетницата. Некои од нив се опишуваат аналитички, а некои само се набројуваат. Секако, треба да кажеме дека некои ги наведува еден Евангелист, а некои друг Евангелист.
Очигледно имало и други јавувања на Воскреснатиот Христос. Карактеристични се зборовите на Евангелистот Лука во Делата Апостолски: На кои им се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им се преку четириесетте дни и зборувајќи им за Царството Божјо (Дела. 1, 3). Нормално е да се случувало тоа затоа што, од една страна сакал да ги утеши, а од друга страна да ги подготви за Неговото Вознесение, но и за доаѓањето на Пресветиот Дух.
Единаесетте јавувања на Воскреснатиот Христос се следниве:
1. На Симон Петар (1. Кор. 15, 5; Лука. 24, 35).
2. На Марија Магдалина (Марко. 16, 9 - 11; Јован. 20, 11 - 18).
3. На жените Мироносици (Мат. 28, 9 - 10).
4. На двајцата Ученици кои оделе кон Емаус (Марко. 16, 12 - 13; Лука. 24, 13 - 15).
5. На десетте Апостоли, кога отсуствувал Тома (Марко. 16, 12 - 13; Лука. 24, 36 - 43; Јован. 20, 19 - 25).
6. На единаесетте Ученици, кога бил присутен и Тома (Јован. 20, 26 - 29).
7. На седумте Апостоли на Тиверијадското езеро (Јован. 21, 1 - 23).
8. На единаесетте во Галилеја (Мат. 28, 16).
9. На Апостолите во Витанија, кога се вознесол (Марко. 16, 19 - 20; Лука. 24, 50; Дела. 1, 6 - 11; 1. Кор. 15, 7).
10.  На Јаков брат Господов (1. Кор. 15, 7).
11.  На Апостолот Павле (1. Кор. 15, 8 - 9).

Овие јавувања на Воскреснатиот Христос се наведуваат во Новиот Завет. Но, постојат и многу други светители кои се удостоиле со созерцание на Воскреснатиот Христос. Впрочем, Православната Црква, која е воскреснатото Тело Христово, го нуди опитот на Воскресението. Светиот Симеон Нов Богослов, осврнувајќи се на молитвата “откако го видовме Христовото Воскресение да Му се поклониме на Светиот Господ Исус, Единствениот безгрешен”, учи дека не се осврнуваме на Воскресението што го виделе Учениците, т.е. не се работи само за историски осврт, туку за Воскресението или подобро за Воскреснатиот Христос Кого Го гледаме во Црквата. Не велиме “откако поверувавме во Христовото Воскресение”, туку “откако го видовме”. Секако, постојат многумина кои веруваат во Воскресението, но постојат и други, макар и малкумина, кои Го гледаат и секој час Воскреснатиот Светлоносен Христос Кој блеска со блесоците на нетрулежноста и на Божеството. Затоа што, навистина, Христовото Воскресение е наше воскресение кои се наоѓаме долу. Така, едни се сведоци на христовото Воскресение од слушање, а други се сведоци од гледање. Последниве се пар еџелланце сведоци на Христовото Воскресение.
Во продолжение ќе видиме неколку моменти од јавувањата на Воскреснатиот Христос, воглавно оние кои имаат повеќе врска со христолошките теми кои овде ги развиваме.

12

Значајно е дека Воскреснатиот Христос први го виделе жените Мироносици. Апостолите уплашени од претходните настани се затвориле во куќата, а жените со љубов, со топлина и со храброст, уште пред добро да се раздени, отишле на гробот за да го помажат Христовото Тело со мириси. Не се уплашиле ниту од темнината, ниту од пустелијата, ниту од војниците. Тоа значи дека за да се удостои некој да Го види Воскреснатиот Христос потребно е да има љубов и храброст.
Првото Христово јавување на жените Мироносици има и најдлабока богословска смисла, како што го анализира тоа светиот Григориј Палама. Светителот учи дека Христовото Воскресение е обновување на човечката природа и оживување, пресоздавање и враќање во бесмртниот живот на првиот Адам. Првиот Адам, по неговото создавање, прва го виде жената, затоа што во тој час немало никој друг да го види, бидејќи Ева е создадена по него. Така и новиот Адам не Го видел никој кога излегол од гробот, а малку потоа први Го виделе жените.
На тој начин Мироносиците станале евангелисти на Евангелистите и апостоли на Апостолите. Тоа има и едно друго значење. Ева беше онаа која ја донесе пораката за падот на Адам, а сега жената е таа која им ја носи на Апостолите пораката за Воскресението. На тој начин го имаме и воспоставувањето на женската природа, бидејќи никој не може да ја обвини за престапот и за падот.
Коментаторот Никита прави и други забелешки во врска со имињата на жените Мироносици, но кои одговараат на нивниот личен живот и го покажуваат начинот кој треба да го применуваме и патот кој треба да го следиме за да Го видиме Воскреснатиот Христос.
Марија Магдалина, од која Христос изгони седум демони, ја означува онаа душа која се очистува од демоните со зборовите на евангелските заповеди. Саломија, чиешто име се преведува како мир, го означува оној човек кој го стекнал внатрешниот мир, откако ги победил страстите, го потчинил телото на душата, и го стекнува, преку созерцанието и преку духовните поимања, познанието. Јоана, чиешто име се преведува голубица, ја символизира незлобивата и плодната во добродетели душа, која ја отфрлила секоја страст со кротоста, и е топла за да ги раѓа духовните поимања со духовно расудување. Кога човекот се одликува со овие состојби и се доближува до гробот на своето срце, тогаш ќе го види каменот на нејаснотијата на зборовите како се подига, ќе ги види ангелите, т.е. својата совест, како го известуваат дека во него воскреснал умртвениот логос на добродетелта и на познанието, но уште и ќе се удостои да го види јавувањето и на Самиот Логос Божји во умот, без обрасци и символи.
Тоа значи дека е потребно очистување за да се удостои некој да Му се поклони на Воскреснатиот Христос и за да го слушне словото на воскресението.


13

Во тропарите на Црквата се наведува дека ангелот Господов ñ ја пренел на Богородица веста дека Христос воскреснал. Ангелот ñ повика на Благодатната Чиста Дево радувај се, и пак велам радувај се, Твојот Син воскресна тридневен од гробот.
Секако, во Евангелијата не се наведува дека Богородица Го видела Воскреснатиот Христос. Меѓутоа постојат фрази кои се однесуваат на другата Марија. Евангелистот Матеј пишува: Кога измина Саботата, на осамнување во првиот ден од седмицата, дојдоа Марија Магдалина и другата Марија да го видат гробот (Мат. 28, 1). Исто така, на друго место станува збор за Марија Јаковова (Лука. 24, 10). Светиот Григориј Палама, толкувајќи ги овие случаи, вели дека се работи за Богородица, Која дошла прва на гробот, и најпрво дознала од Архангелот Гавриил дека нејзиниот Син воскреснал, а потоа Го видела, и таа единствена се удостоила со нејзините раце да ги допре Неговите нозе.
Како што вели светиот Григориј, правилно и праведно било Богородица прва да биде информирана за благовестието на Воскресението и таа прва да Го види Воскреснатиот Христос. Секако, тоа е поврзано и со фактот дека Богородица имала достигнато до голема чистота, бидејќи уште како мало дете го доживеала обожувањето.
Тоа што Евангелистите одбегнуваат чисто да кажат дека Богородица прва Го видела Христа има големо значење, според светиот Григориј Палама, затоа што не сакале да им дадат повод на неверниците да го оспорат настанот на Воскресението, бидејќи го потврдува Неговата мајка.
Богородица, како што остана при Крстот до последниот момент, така и прва отиде на гробот за да го помаже Христовото Тело со мириси. Тоа се случило не само поради мајчинството, туку и поради нејзината возвишена духовна состојба, затоа што оние кои имаат духовно созерцание во голем степен, тие имаат поголемо познание и посовршена љубов.


14

Од првите Христови јавувања што се случиле во денот на Воскресението е Неговото јавување на Учениците, кои се наоѓале во куќата, првиот пат, кога отсуствувал Тома, и следната Недела, по осум дена, во присуство на Тома (Јован. 20. 19 - 29). Со Своето јавување Христос им дава дарови. Првиот дар е мирот, а вториот дар е Светиот Дух за да простуваат гревови. Никој не може да даде нешто што нема. Тоа значи дека Христос како Бог е мир, бидејќи мирот е енергија на Триедниот Бог, и со Неговото вочовечување и со Неговата жртва ги измири небесните со земните, ангелите со луѓето, луѓето со Бога, луѓето со целокупното создание, и секако ги измири сите сили на душата. Исто така, Го дава Светиот Дух, бидејќи Светиот Дух почива во Синот. Личностите на Светата Троица имаат заедница и единство, според суштината и енергијата, бидејќи се еднославни, единосуштни и едносилни. Светиот Дух исходи од Отецот и се испраќа преку Синот.
Прашањето е: која е разликата помеѓу дарот на Светиот Дух веднаш по Воскресението и слегувањето на Светиот Дух врз Учениците на денот на Педесетницата? Знаеме дека учениците Го примиле Светиот Дух на денот на Педесетницата. Според тоа, како се вели дека Христос им дал Свети Дух веднаш по Своето Воскресение?
Свети Григориј Богослов учи дека јасно станува збор за различен степен на дејство на Светиот Дух. Светиот Дух бил постојано соединет со Синот, бидејќи и вочовечувањето на Синот се случи со содејството на Светиот Дух, а исто така и целото дело на Синот се случуваше со содејството на Третата Личност на Светата Троица. Според тоа, Светиот Дух дејствувал во Учениците, колку што можеле да примат, во три степени и времиња, т.е. бледо, појасно и посовршено.
Светиот Дух дејствувал во Учениците бледо пред Христовото страдање со силата што ја имале примено за да ги изгонуваат духовите и да ги исцелуваат болестите. Исто така во времето кога Учениците Го следеле Христа се очистувале со дејството на светиот Дух. Потоа, Светиот Дух дејствувал повеќе по Воскресението како побожествено вдахновение. Христос, веднаш по Своето Воскресение, им Го дал на Учениците светиот Дух поради две причини. Прво, за да ги подготви за големото примање на Светиот Дух на денот на Педесетницата. Никој не може да го прими највисокиот степен на дејство на Светиот Дух, ако не се подготви соодветно. Второ, затоа што овој дар на светиот Дух се однесувал на отпуштањето на гревовите, а не на учеството во Светиот Дух. Според учењето на светиот Григориј Палама, едно е учеството во Светиот Дух, а друго е отпуштањето на гревовите преку дејството на Светиот Дух. Меѓутоа на денот на Педесетницата, духовно подготвени, го примиле големиот дар и станале членови на Воскреснатото Тело Христово. На денот на Христовото Воскресение Христос сеуште бил надвор од Учениците, а на денот на Педесетницата Учениците станале членови на Христовото Тело.


15

При првото Христово јавување на учениците отсуствувал Апостолот Тома. Меѓутоа и тој се удостоил со Христовото јавување и откровение по осум дена, т.е. следната Недела (Јован. 20. 24 - 29).
Според светиот Григориј Палама, Христос секогаш се јавува на соборот на Учениците, при што Тома не можел да Го види затоа што отсуствувал. Меѓутоа, кога следната Недела се наоѓал помеѓу Учениците, и тој се удостоил со тој голем опит. Затоа советува (свети Григориј) да не отсуствуваме од Неделните собранија (Литургии), затоа што ќе ни се случи тоа што му се случи на Тома.
Меѓутоа, постои и една подлабока причина поради која Тома не се удостоил првиот ден да Го види Христа. Тома, како што толкува блажениот Теофилакт, бил колеблив и го сметал невозможно Христовото Воскресение. Значи, немал достигнато во таква внатрешна духовна состојба за да Го види Воскреснатиот Христос. Претходно имаме нагласено дека Христос им се јавувал на оние кои се наоѓале во таква состојба што тоа јавување да дејствува спасително, а не пеколно. Тома изгледа немал достигнато во духовна зрелост каква што барал овој настан.
Впрочем, Христовото чекање цела седмица за да се јави ја имало за цел неговата (на Тома) душевна подготовка. Христос одлагал толкав временски период да го посети, затоа што требало да биде катихумен по неговите соученици, да биде поучуван во тајните на јавувањето, за да се развие голем стремеж, но и да изрази покајание за неговото неверие, при што Христовото јавување да дејствува спасително.
Откако Тома соодветно се подготвил и тој станал богослов со Христовото јавување и исповедал: Господ мој и Бог мој (Јован. 20, 29). Овие зборови ја покажуваат неговата сигурност за двете Христови природи и за едната Личност, бидејќи Господ ја означува човечката природа, Бог ја означува Божјата природа, а тие две се соединети во Воскреснатиот Христос (блажени Теофилакт).
Така, значи, Тома не бил неверен во смисла на атеист, туку неверен во смисла дека не бил во состојба да ја прими верата од созерцание. Прво во голем временски период минал низ верата од слушање, а потоа достигнал во верата од созерцание. Пистои јасна разлика помеѓу атеистот, кој е и антитеист, и неверниот или колебливиот во смисла дека има вера од слушање, но не вера од созерцание.


16

Едно од Христовите јавувања на Неговите Ученици се случило на Тиверијадското езеро, кога ловеле риба на отворено (Јован. 21. 1 - 14). Нема да ги изложиме сите моменти и начинот на јавувањето, туку ќе потцртаме неколку интересни моменти.
Првиот е дека Учениците не Го препознале Христа. Тоа се објаснува од фактот дека Христовите јавувања всушност не е само Неговото присуство, туку се откровенија, објавувања. Евангелистот Јован јасно вели: по ова Христос пак им се јави. Христос Се објавувал Себеси, кога сакал. Имаме многу преображенија и објавувања на Христа пред и по Воскресението.
Второ, јавувањето Христово се случува според духовната состојба на луѓето. По чудотворниот риболов првиот што Го препознал бил Јован, кој му го соопштил тоа на Апостолот Петар. А Ученикот кого Христос го љубеше му рече на Петар: Господ е. Тогаш Петар ја фрилл облеката и се фрилл во морето за да стигне побрзо до Христа. Овде се гледа дека возљубениот Ученик, кој е израз на созерцанието, Го препознава Христа, а покајаниот Петар, кој сеуште се наоѓа во практичното делување, поради одрекувањето и покајанието, трча кон Христа. Светиот Григориј Палама вели дека Јован бил најподготвен од другите во однос на Божественото познание, а Петар бил најподготвен и најтопол од другите во однос на практичното делување. Така, значи, најподготвен во созерцанието бил Јован, а најтопол и најподготвен за праксата бил Петар. Тоа покажува дека созерцанието Го препознава Бога, а праксата следи. Понекогаш претходи праксата и следи созерцанието, а понекогаш од созерцанието, кое создава познание, следи и праксата.
Трето, кога Учениците излегле на суво виделе накладен јаглен и на него ставени риба и леб. Според светиот Григориј Палама јагленот означува еден вид кожа што патниците ја употребувале наместо маса. Така, гледаат една риба која не била уловена од езерото, туку била создадена од ништо, како и еден леб. Тоа што ги поканил да ручаат и што Самиот им принел да јадат означува дека Он ќе биде Дарителот на идното блаженство, кое ќе се оствари по уловот на апостолскиот риболов, т.е. по проповедта и по собирањето на сите во вистинската побожност.

17

Од раскажувањето на Евангелистот Лука за едно Христово јавување на Учениците се гледа дека Христос јадел пред нив парче печена риба и мед од саќе. Секако, Христовото Тело по Воскресението немало потреба од храна, но Христос го направил тоа за да се осигураат учениците дека не бил привидение, туку дека имал духовно и преобразено тело. Нормално, бидејќи во Христовото Тело по Воскресението немало систем за преработка на храната, затоа таа храна била разложена од Божјата енергија и не се преработила според вообичаениот начин кај луѓето. Како што огнот ја топи свеќата, така и Христовата Божја природа ја стопила храната што ја примал. Овој пример се употребува приближно и нема апсолутна примена, затоа што огнот што ја топи свеќата се одржува од запалив материал, а духовните тела немаат потреба од храна за да се одржат (св. Григориј Палама).
Тоа што Христос јадел парче печена риба и мед од саќе е символички омент кој ја покажува тајната на Неговата личност. Човечката природа личи на рибата, која плива во влажноста на сладострасниот и острастен живот. Христос ја прими таа природа и ја соедини во Својата Ипостас, ја очисти од секое острастено расположение со огнот на Божеството (печена риба) и ја направи огнена и Богоподобна. Исто така саќето со медот личи на нашата човечка природа, затоа што, како што медот постои во саќето, така и во нашето тело постои логосното богатство, а воглавно кај оние кои веруваат постои во душата и во телото Благодатта на Светиот Дух. Христос јаде од нив, затоа што за Свое јадење го смета спасението на секој од нас (св. Григориј Палама).
Исто така, употребата од страна на Христа, по Неговото Воскресение, на елементите на лебот и на рибата ги покажува Неговата личност и делото за спасението на човекот. Воглавно, ја објавува тајната на Божествената Евхаристија, бидејќи човекот тогаш се причестува со живиот леб и со живата риба што е Самиот Богочовек Христос, Кој ја прими нашата човечка природа и, откако ја обожи, ни се дава Себеси за да се обожиме и ние. Секако, обожувањето преку Светите Тајни, а воглавно преку Светата Тајна на Евхаристијата, не се случува механички и магиски, туку аналогно со духовната состојба во која се наоѓаме. Така, аналогно со нашата духовна состојба дејствува и Светата Тајна на Причеста.


18

Христос во едно од Своите јавувања на Неговите Ученици, гледајќи дека во нивните срца има помисли за Него, рече: Видете ги рацете Мои и нозете Мои, дека Сум Јас; допрете се до Мене и гледајте, затоа што духот нема тело и коски, а како што гледате, Јас имам (Лука. 24, 39). Овде се гледа дека постои тело, што значи дека не е привидение, но не било телото какво што до тогаш го знаеле Учениците.
Познато е дека Христос со Своето вочовечување ја прими човечката природа и стана совршен човек, и тоа ги прими и таканаречените непорочни страсти, како што се трулежноста и смртноста, а во кои се вбројуваат и гладта, жедта, маката, сонот итн. Меѓутоа, Христос по Воскресението ги отфрли сите таканаречени природни страсти, т.е. трулежноста, гладта и жедта, сонот итн. Но отфрлајќи ги т.н. непорочни страсти не ги отфрли ниту душата ниту телото. Со Неговото Вознесение на Небесата ги презеде и телото и душата, разумот и умот, волјата и енергијата. Така, седи оддесно на Бога со целокупната човечка обожена природа. На тој начин дејствува и Божествено со промислата, одржувањето и управувањето на сé, и дејствува човечки, сеќавајќи се на Неговиот живот на земјата и знаејќи дека Му се поклонува целокупното логосно создание (св. Јован Дамаскин).
Воскреснатото Тело Христово било бестрасно и бесмртно, украсено со Божјата слава, но било тело кое го имало претходниот опис (Макариј Хрисокефалос). Така, иако ги отфрлил сите непорочни страсти, сепак не ги отфрлил природните својства, т.е. квантитетот, квалитетот, битието во видот, описливоста во просторот и ограниченоста. Ако ги отфрлеше овие, тогаш не ќе беше реално тело, туку екстаза и излез од границите на човечката природа (св. Никодим Светогорец).
Како што Христос со Своето вочовечување не излезе надвор од границите на човечката природа, така и по Неговото Воскресение обоженото човечко тело не ја измени сопствената природа, т.е. не ги отфрли неговите природни својства. Впрочем, затоа Христос, иако се наоѓа на Небесата, сепак Црквата го претставува на икона со описливо тело. Христос на Небесата нема ниту тело, какво што ние го познаваме, ниту е бестелесен и нематеријален, туку нешто измеѓу (св. Григориј Богослов). Се работи за тело духовно и обеструлежено, но во секој случај се работи за тело. Христос останува во векови Богочовек, бидејќи двете природи од тогаш кога се соединија остануваат неодделни и неразделни.
Дури и Христовата душа јасно знае дека ипостасно е соединета со Бога Логосот и исто така е поклонувана заедно со Бога, како Божја душа, а не само како душа (св. Јован Дамаскин).
Така, значи, Воскреснатото Тело Христово, отфрлајќи ги сите непорочни страсти (смртноста и трулежноста), остана тело, но духовно, Богоподобно, описливо и ги имаше сите особени белези што ги имало и претходно. Минуваше огромни растојанија за секунда, влегуваше и излегуваше низ затворени врати и излезе низ запечатениот гроб, но беше реално тело, а не привидение. Тоа што многупати Учениците не Го разбирале и Го сметале за обичен човек, било затоа што Христос не сакал да се објавува. Кога сакал се објавувал и тогаш Учениците познавале дека Он е Господ.


19

До сега видовме дека Христовото Воскресение предизвика радост кај луѓето, бидејќи преку него беше победена моќта на смртта, на ѓаволот и на гревот. Но треба да го нагласиме фактот дека Христовото Воскресение беше од полза и за ангелите, за сите умствени духови.
Светиот Григориј Богослов во една негова беседа, на Велигден, се осврнува на зборовите на ангелот кон него: Денес е спасение на светот, на видливиот и на невидливиот. Овде станува збор за спасението на луѓето. Во која смисла треба да се смета тоа?
Знаеме дека по падот на Луцифер, ангелите станаа неподвизни за злото, т.е. не можеа да помислуваат на злото, но ја немаа стекнато и непроменливоста. Преподобниот Никита Ститат вели дека, со Христовото Воскресение, ангелите ја отфрлиле таа неподвижност и ја стекнале непроменливоста, при што сега не се плашат од измената кон  полошо и од загубата што произлегува од таа измена. Така, и ангелите ја стекнаа неизменливоста и ја имаат не од својата природа, туку од Божјата Благодат.
Освен тоа, ангелските сили со Христовото Воскресение се израдуваа, од една страна затоа што се дополни отпаднатиот луциферски чин, при што се исполнија зборовите треба да се дополни горниот свет, а од друга страна затоа што се спасија луѓето. Затоа што, како што кажа Христос, голема радост се случува на Небото за секој човек кој се кае, а многу повеќе тоа се случува за спасението на целокупниот човечки род.
Светиот Григориј Богослов вели дека е убеден оти на денот на Христовото Воскресение сопразнуваат и соторжествуваат и ангелските сили, бидејќи се богољубиви и човекожубиви. Светиот Никодим Светогорец, имајќи ги предвид овие зборови, вели дека е навистина неумесно да се радуваат ангелите за нашето спасение, а ние кои се спасивме да не се радуваме и да не го празнуваме заедно со ангелите овој светоспасителен празник.

 

20

Денот на Воскресението се нарекува и Пасха. Овој збор се повторува во многу тропари на Црквата и предизвикува духовна радост кај Христијаните.
Според светиот Григориј Богослов, зборот Пасха произлегува од еврејскиот збор Фаска, откако Ф се елинизирало во П и К во Х. Зборот Пасха во еврејскиот јазик означува премин, и познат е празникот на Пасха во кој Евреите го празнувале чудодотворниот премин преку Црвеното Море. Секако, постојат и некои, како што вели светиот Григориј Богослов, кои мислат дека зборот Пасха произлегува од  (страда), т.е. од Христовото Страдање за нас, но подобро толкување е првото.
Како што Израилскиот народ го празнувал преминот преку Црвеното Море и стекнувањето на слободата, така и Новиот Израил на Благодатта го празнува новиот премин од смртта во животот. Ова толкување го дава светиот Григориј Богослов во негова беседа на Пасха. А, светиот Јован Дамаскин, пак, земајќи ги речиси оригиналните текстови од светиот Григориј Богослов, пишува: Ден е на Воскресението да се просветлиме народи, Пасха е Господова Пасха. Бидејќи од смрт кон живот и од земјата кон Небото Христос Бог нé преведе нас кои кои пееме победна песна.
Прославувајќи го денот на празникот Пасха, Јосиф Вриениј, ученик на светиот Григориј Палама и учител на светиот Марко Евгеник (Ефески), го анализира богословското значење на празникот. Пасха е преминот од темнината во светлината, излез од Адот во земјата, издигнување од земјата на Небесата, премин од смртта во животот, воскресение на паднатите смртни луѓе, повикување на изгонетите од Едем, ослободување на заробениците од трулежноста, вистински живот на верните, наслада на целиот свет, чест на Божествената Троица. Именувањето на Пасха е ненаситно, бидејќи многукратна е Благодатта што се пројавува преку неа. Пасха е почивка на душите, олеснување на телата, просветлување на очите, засладување на грлата, топлина, мир, радост.
Ако празникот на Христовото Воскресение е годишната Пасха, тогаш постои и седмична Пасха. Секоја Недела верникот ја празнува Пасхата. Особено Литургијата и причеста со Телото и Крвта Христови му ја дава можноста на човекот да учествува во Пасхата. Светиот Јован Златоуст ќе рече карактеристично: Бидејќи Пасха не е пост, туку принос и жртва, што се случува на секое собрание. Затоа што секогаш кога се собираме на евхаристиско собрание, со потребните еклисиолошки претпоставки, се поразуваат силите на сатаната (св. Игнатиј Богоносец) и стекнуваме чувство дека смртта е победена.
Пасха не се нарекува само празникот, како премин од смртта во животот, туку и Самиот Христос. Впрочем, незамисливо е спасението на човекот надвор од Богочовекот, бидејќи Он е воскресението на луѓето. Затоа, светиот јован Дамаскин во Канонот на празникот Пасха Го нарекува Христа Пасха. Тој пишува: О, Пасха велика и најсвештена, Христе, о Мудрост и Логосу Божји и Сило. Ова именување има врска со зборовите на Апостолот Павле: бидејќи Христос нашата Пасха се жртвуваше за нас (1. Кор. 5, 7).
Според тоа, преку Христа, Кој е живата Пасха, можеме и ние да ја доживееме Пасхата, која е премин од смртта во животот.


21

Светиот Григориј Богослов ја дели Пасхата на три, т.е. Пасха законска, Пасха на Божјата благодат и Пасха на идниот век.
Законската Пасха, во која Евреите го празнувале нивниот чудотворен премин преку Црвеното Море, била едно потсетување на горкото Египетско ропство и на нивното ослободување со Божјата помош. Всушност, таа Пасха била предобраз на нашата Пасха.
Пасхата на Божјата благодат е Христовото Воскресение, преку кое се случува преминот од смрт кон живот и од земјата кон небото. Светиот Григориј Богослов ќе рече: О, Пасха велика и свештена и очистителна за целиот свет. Без учеството во Христа и без заедницата со Него постои мртвило и ропство. Според светиот Григориј Синајски, оној кој не гледа и не слуша и не чувствува духовно е мртов. Според тоа, Пасхата е доаѓање на Христа во срцето. Светиот Максим Исповедник ќе рече многу карактеристично: Пасха е доаѓањето на Логосот во човековиот ум. Навистина, човекот кога ќе Го прими Христа, живее духовно и Христос станува негов живот, станува душа на неговата душа. Втора душа на луѓето е воскресението (преподобен Нил).
Пасхата на идниот век е посовршена и почиста. Христос, кога ја правеше Пасхата пред Неговото Страдање, односно кога ја изврши Тајната Вечера, рече: нема да пијам веќе од овој лозов плод сé до оној ден кога ќе пијам со вас нов во Царството на Мојот Отец (Мат. 26, 29). Овде јасно станува збор за Пасхата на Царството Небесно. Дури и Пасхата на сегашниот живот е образна во однос на Пасхата на идниот век. Тогаш светителите ќе имаат поголемо општење со Христа, бидејќи Логосот ќе го открие и ќе научи на она што сега делумно го покажа (св. Григориј Богослов).
Христијаните се борат да минат од образната Пасха во Пасхата на Божјата благодат, а од таму во вечната Пасха. Еден таков празник има значење и смисла. Секое друго празнување не стреми кон подлабоки цели, не го задоволува гладниот и жедниот дух на човекот.
За време на празникот Пасха на Евреите се колело непорочно јагне, целосно и младо. Тоа било предобраз на Христијанското јагне, кое е Самиот Христос, Непорочен, Млад и Совршен. Он се жртвуваше и им се принесува на Христијаните за да се соединат со Него.

 

22

Христовото Воскресение не треба да се празнува како еден историски или општествен настан, туку како егзистенцијален, а тоа значи дека треба да се учествува во благодатта на Воскресението. Постот што му претходи на празникот во целиот период на Четириесетницата, аскетската борба, го има за цел потесното учество во тајната на Воскресението.
Меѓутоа за да се постигне тоа потребно е, како што учат сите Отци, очистување како на телесните сетила така и на душевните. Човекот има тело и душа, и затоа има телесни и душевни сетила. Светиот Јован Дамаскин пее: Да ги очистиме сетилата и да ја видиме  непристапната светлина на воскресението, Христа Кој блеска и Кој ни вели радувајте се јасно да Го слушнеме, пеејќи победна песна. Значи, очистувањето е неопходна претпоставка за созерцанието и за заедницата со Бога. Светиот Григориј Богослов ќе рече: Заради тоа прво очистисе себеси, а потоа приближи се кон Чистиот.
Цел на духовниот живот е да се соединиме со Воскреснатиот Христос, да Го видиме во своето срце. Христос воскреснува во срцето, умртвувајќи ги страсните помисли и надминувајќи ги страсните отпечатоци и предрасудите на гревот, како што тогаш ги надмина печатите на гробот (св. Максим Исповедник). Според тоа, не се работи за надворешно формално празнување, туку за внатрешно и егзистенцијално. Низ таа призма светиот Григориј Богослов советува да не празнуваме панаѓурски и световно, туку божествено и надсветски.
Учеството во тајната на Воскресението е доживување на обожувањето. Тој што се посветил во тајната сила на Воскресението, од искуство познал заради која цел Христос го создал светот (св. Максим Исповедник). Навистина, човекот е создаден за да достигне во обожување, а светот да учествува во осветувањето преку човекот. При тоа, оној кој се посветува во таа тајна сила на тајната на Воскресението, достигнува во обожување и ја исполнува целта на своето постоење. Така стекнува поголемо познание.
Апостолот Павле го советува тоа доживување на животот, па затоа пишува дека се сопогребавме преку светото Крштение со Христа во смртта, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние во обновен живот да одиме (Рим. 6, 4). Неопходно е тоа преродување, затоа што инаку човекот ќе умре духовно, според зборовите на Апостолот Павле: бидејќи, ако живеете според телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи (Рим. 8, 13).
Христовото Воскресение е најголемиот настан во историјата. Се работи за обожување и воскресение на нашата ипостас. Откако се најде лекот, постои надеж за живот. Преку Христовото Воскресение и животот и смртта стекнуваат друга смисла. Не го сметаме како живот збирот од историските настани, туку заедницата со Бога. Не го сметаме за смрт крајот на сегашниот живот, туку оддалечувањето на човекот од Христа, а одделувањето на душата од телото не е смрт, туку привремен сон. Апостолот Павле, токму затоа што се чувствува соединет со Воскреснатиот Христос, може да исповеда: Оти сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да нé оддели од љубовта Божја во Христа Исуса, нашиот Господ (Рим. 8, 38 - 39).
Во Огласителното слово на светиот Јован Златоуст, кое е една триумфална пофална химна на победата, се вели дека со Христовото Воскресение се надминаа сите човекови проблеми.
Никој не треба да плаче за сиромаштвото и воопшто за лишувањето од потребните материјални блага, затоа што се јави заедничкото Царство.
Никој не треба да рида за гревовите што ги направил, затоа што од гробот изгреа простување.
Никој не треба да се плаши од смртта, затоа што смртта на Спасителот нé ослободи.
Тоа “никој” е апсолутно, што го создава Христовото Воскресение. Колку што се затвараме во релативното и не навлегуваме во апсолутноста на тоа “никој”, толку и плачеме, ридаме и се плашиме.

 

Voskresenie.s.jpg

Извор:

Скопска православна епархија

Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ

Превод од грчки:

јеромонах Атанасиј Арсоски


 Вовед

 Христос е единствената глава на нашето спасение од многу причини. Он е Синот Божји, “икона на невидливиот Бог” (Кол. 1, 15), прототипот на човекот, Создателот на светот и Глава на Црквата. Според тоа, ние и како созданија и како луѓе и како членови на Црквата многу сме поврзани со Христа и многу сме Му должни.
 Во светоотечките текстови може да се сретнат многу изрази коишто ги прикажуваат Личноста и делото Христово, а секој од тие изрази покажува еден од белезите Христови, додека, пак, и сите заедно не можат да го искажат тое што е Христос. Он е животот на сите, патот, вистината и животот”, како што објави Самиот (Јован, 14, 6).
 Помеѓу изразите коишто ги употребуват светите отци за Христа се и следните: Он е “тајната на надспознатливото молчание”, “резиме на се сетилно и умно”, “Украсител на сите твари”, “славно скончание на законските установи”, “почеток на средината и на крајот” на човекот, “висина и длабочина, должина и ширина на познанието”.
 Еден значаен дел во православното учење зазема и Христологијата, т.е. словото за Христа. Овој дел од православната вера е премногу важен, затоа што Христос е толкувањето на сите нешта, бидејќи преку Него разбравме за Троичноста на Бога, преку Него беше создаден и пресоздаден светот. Он е главата на Црквата, преку светите Тајни ние стануваме Негови членови, членови на Неговото прославено Тело. Поради тоа Христологијата е клучот на православната вера и на вистинскиот живот.
 Светите Отци му дале големо значение на учењето за Христа, затоа што ако се искриви тоа учење, тогаш се менува и Тријадологијата, бидејќи Христос е “Еден од Троица”. Тогаш немаме ниту правилна нтрополгија, бидејќи Он е прототипот на создавањето на човекот. Тогаш не ја живееме ниту вистинската еклисиологија, бидејќи Христос е главта на Црквата и Црквата е Неговото славно воскреснато Тело. И тогаш, се разбира, не можеме да го постигнеме спасението, бидејќи надвор од Него е невозможно спасението на човекот.
 Затоа што врз тајната на Богочовекот Христос “се сопна” целата јудејска и елинско - философска мисла која што ја употребуваа нагласено еретиците, затоа светите отци широко го развиле Христолошкото учење. Ако внимателно забележиме, ќе се увериме дека сите Вселенски Собори се занимавале со тајнта на Богочовекот Христос. Само Вториот Вселенски Собор повеќе проникна во Личноста на Светиот Дух, но и тоа е најтесно поврзано со Христологијата на другите Вселенски Собори, од една страна затоа што учењето на Вториот Вселенски Собор е продолжение на Првиот, од друга страна, пак, затоа што Христос Го испраќа Светиот Дух.
 Целото учење на Црквата за Христа на убав и индуктивен начин е распоредено во Господовите празници, коишто се празници на божјиот домострој. Кога зборуваме за Божјиот Домострој мислиме на вочовечувањето на Синот и Логосот Божји за спасението на човечкиот род. Божјиот Домострој, којшто е единствената надеж за живот, се поставува наспроти човечкиот домострој, или подобро Богочовекоцентричноста се поставува наспроти современата, еретичка и погрешна човекоцентричност. Навистина, денес денес центарот е некако преместен. Од Божјата Икономија (Домострој) одиме кон економски системи, а од Богочовекот Христос одиме кон човекобогот, што е најголемиот проблем на нашево време.
 На Семинарот на Катихетите којшто се одржа во Атинската Архиепископија во 1994 - 1995 година ја развивме Христологијата на Господовите празници, коишто се празници на Богојавлението и на Божјата љубов, но и на обожувањео на човекот. Се обидовме да ја видиме целата оваа тајна на Божјото вочовечување и на обожувањето на човекот. И верувам дека беше посебен Божји благослов колку за мене што ги изложив овие реферати, толку и за слушателите, затоа што ни се даде можност, но и прилика повеѓе да Го возљубиме Христа, Којшто е “непотрошлива ризница на сите блага”, “веселие на срцето”, и “сладост на јазикот”.
 Оваа книга е поделена на два основни дела. Во првиот дел се објавени рефератите за Господовите празници коишто беа искажани на Семинарот за којшто спомнавме претходно, и коишто празници ги сочинуваат Дванаесетте празници. Во нив се прикажани, главно, Христолошките теми на тие големи Господови празници. Како што ќе се увери читателот, употребувам цитати од многу свети отци на Црквата, но најмногу ми послужија во развивањето на овие теми св. Јован Дамаскин, св. Григориј Палама и св. Никодим Агиорит, и се разбира, ми послужија и беседи од други светители коишто ги изговориле за овие Господови празници. Во вториот дел се вметнати некои текстови коишто порано беа објавено во разни списанија, и повеѓе анализираат некои Христолошки страни, коишто се прикажани во првиот дел. Мислам дека имаше потреба да се вметнат и овие текстови во ова издание.
 Признавам, се разбира, дека теолошките теми, а пред се Христолошките се многу суптилни и бараат особена работа и особено внимание. Оној којшто се занимава со такви сериозни прашања нагласено ги увствува зборовите на свети Григориј Богослов дека “да се богословствува е исто како да се оди на јаже”. Треба секој постојано да оди по јаже, да внимава, да не падне во погрешни теории. Впрочем, формулацијата на догматските термини барала многу време и го барала присуството на големите отци на Црквата, коишто имале опит - Откровение, но и познание на претпоставките, врз основа на коишто богословствувале еретиците. Токму поради тоа, ако и покрај мојата волја и покрај мојата лична вера, во некои моменти формулацијата не е прецизна, молам да ми се укаже за да ја исправам, затоа што и покрај моето лично несовршенство, сакам да останам во вистината, во учењето и во животот на Црквата.
 За појаснување треба да се нгласио дека тајната Христова, тајната на Божјиот Домострој е единтвена и не може а се дели, т.е. не може апсолутно да се подели во различни празници. На пример, ког некој зборува за тајнта на Божјото вочовечување, секако треба да се осврне на Христовото смирение (с). Но тоа Божјо смирение најизразно се гледа за време на Христовите Страдања. Исто така не може целосно да се оддели Крстот од Христовото Воскресение. Така, поделбата на Господовите празници е спогодбена, но и нужна, поради човечката слабост. Црквата ги празнува одделно тие Господови собитија, а востановила да им претходи пост и молитва, за да му се даде можност на човекот да ги доживее стадиумите на Божјиот Домострој во својот личен живот. Покрај ова значение, Црквата со распределувањето на Господовите празници во целата црковна година го осветува времето, го преобразува и го возведува во вечноста. Всушност го преобразува човекот којшто живее во времето и го води во вечноста.
 Сите собитија и сите т. н. стадиуми на Божјиот Домострој се доживуваат на секоја Литургија, каде што го живееме Христовото воплотување, она што го кажа и што го направи Христос, Неговите страдања и Крст, Воскресението, Вознесението и Педесетницата. Затоа и светите Отци велат дека “секогаш е Божиќ” и “секогаш е Педесетница”. Со други зборови, во Литургијата на денот на Христовото раѓање го доживуваме и Христовото Воскресение, и во Литургијата на празникот на Воскресението или на Вознесението го доживуваме и настанот на Божјото воплотување.
 Уште треба да се забележи дека стадиумите на Божјиот Домострој тесно се поврзани со стадиумите на духовниот живот. Христијаните аналогно на степенот на својата духовна состојба ги доживуваат Господовите собитија. Според тоа, не се работи за едно надворешно сообразување, т.е. не се работи за еден формален празник, туку за духовно доживување, и за да бидеме попрецизни, за светотаинско и аскетско подражавање на Христа.
 Секако, терминот “подражавање на Христа” има попримено едно еретичко фалсификување, затоа што од другите конфесии на овој термин му е дадено етичко значение и поимање. Но сепак терминот “подражавање на Христа” е библиски и светоотечки и го содржи целиот двиг на човекот кон обожувањето, што е неговата најдлабока цел.
 Свети Григориј Палама учи дека оние коишто живеат според Христа го подражаваат Христовото живеење во тело. Како што објаснува карактеристично св. Григориј Палама, “пожеток” на подражавањето е светото Крштение коешто е образ на Гробот и на Воскресението Христови, “средина” е добродетелниот живот и живеењето согласно со Евангелието, а “крај” е победата над страстите преку духовната борба. Таа победа го предизвикува безболезниот и небесен живот. И св. Григориј Палама продолжува велејќи дека и светителите коишто се поврзани со Христа, ќе умрат кога ќе дојде нивното време, како што впрочем се случи и со Христа, но ќе воскреснат со Него, прославени и нетрулежни, и ќе се вознесат за да го пресретнат Христа кога ќе дојде при Второто Пришествие.
 Св. Максим Исповедник, осврнувајќи се на подражавањето на собитијата од Божјиот Домострој и на нивното лично доживување, јасно вели дека Христос се зачнува во душата на човекот со вистинската и неосквернета во дух вера, се воплотува со вршење на заповедите, се распнува со трудот на практичната философија којшто труд е борба за преобазувањето на страстите, и воскреснува во срцето на човекот со духовните созерцанија. Така, аналогно со степените на духовниот живот, ги доживуваме Господовите празници, ги живееме воплотувањето, Богојавлението, Преображението, Крстот, Воскресението и Вознеснието на Христа. Според тоа, степените на духовниот живот, како што ги анализира св. Максим Исповедник, и коишто се практичната философија, природното созерцание и мистичната Теологија, најтесно се поврзани со личното учество во собитијата на Божјото вочовечување.
 Според светите отци Христос им се случува и принесува на луѓето аналогно на нивнта духовна состојба. Он е очистувањето на оние коишто се очистуваат, Он е просветелението на просветлените и Он е созерцанието на обожените (св. Максим Исповедник). Он им станува на луѓето постојана и бесмртна храна и пиење. На оние коишто се младенци и цицаат им станува светлосна дојка, на тие коишто се оддоени им се нуди како грижлив татко којшто ги воспитува, а на тие коишто пораснале им се нуди како најсладок леб (св. Симеон Нов Богослов). Аналогно со духовната состојба на човекот Христос се принесува како брат, пријател, татко, мајка и младоженец (св. Григориј Палама). На оној којшто му студи му станува облека, на тој на којшто е гладен му станува леб, на тој кој што е жеден му станува пиење. Затоа и Отците на Црквата ни советуватда врвиме неосудено преку сите “возрасти и сили Христови” (св. Григориј Богослов).
 На ова степенување на духовниот живот се осврнува и Апостолот Павле кога зборува за разликата помеѓу животот на духовниот младенец и на духовно зрелиот маж. “Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското” (1. Кор. 13, 11). Токму за таа цел даде Бог пастири и учители во Црквата, та да пораснеме “во маж совршен, во мерата на возраста на полнотата Христова, за да не бидеме веќе мали деца” (Еф. 4, 11 - 13).
 Според тоа, Господовите празници од Црквата ни се принесуваат за нашето духовно усовршување и созревање, за духовното растење. Тие не се прости “фолклорни” пројави, туку извори на живот и спасение. Според степенот на учеството во тие празници изразуваме дали сме младенци или зрели духовно. И, се разбира, на тој начин го изразуваме и нашиот црковен начин на мислење.
 Христос, според пророштвото на праведниот Симеон Богопримец, “лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот и е знак против Кого ќе се зборува” (Лука 2, 34). Он е “владетел на сите, судија на сите, цар на сите, творец на светлината и на животот Господ” (св. Симеон Нов Богослов). Он “е спокој на сета твар” (Исихиј Ерусалимски), но истовремено е големиот камен “и кој ќе падне врз тој камен ќе се разбие, а тој врз кого падне, ќе го здроби” (Мат. 21, 44).


Го напишав овој вовед во Атина на 25 Март 1995 година, на празникот на Благовештението на Богородица, коешто е објавување на тајната од вековите


  Архимандрит Јеротеј С. Влахос

 

Друго:

http://www.youtube.com/watch?v=805SREX88HU&feature=share

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7714
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная