Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето
Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро, според зборовите Спасителови упатени кон учениците Негови: Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и слуга на сите![1]. Тоа значи да се биде смирен работник на нивата Божја, служител на тајната на љубовта, на тајната на Евхаристијата, не само во храмовите Божји, туку и во живите храмови – срцата на луѓето. А светата Евхаристија, делото на Божествената Литургија, е дело на едно непрестајно благодарење кон Бога.