Проф. д-р Ратомир Грозданоски - БИБЛИСКОТО ИМЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Името „Климент“ го среќаваме запишано, со неговите различни јазични и граматички форми, во двете житија за него: Пространото житие на свети Климента од Теофилакт и Краткото житие од Хоматијан и во двете житија за свети Наума, како и во житијата за светите Кирил и Методиј, а се разбира, и во Службата за свети Климентa.