БИДИ СРЕЌЕН!
Не издржал, а да не го запраша просјакот: Зарем навистина си толку понизен и скромен?
Не, – одговори просјакот. – Но, доколку коњаникот беше среќен човек, никогаш не би дошол да ме удри со камшикот по лице!
Не издржал, а да не го запраша просјакот: Зарем навистина си толку понизен и скромен?
Не, – одговори просјакот. – Но, доколку коњаникот беше среќен човек, никогаш не би дошол да ме удри со камшикот по лице!
Ако искуствено не ја знаеме својата теологија, секој од нас верува на поинаков начин, па немаме една иста нарав, не живееме на ист начин и затоа не чувствуваме меѓусебно единство. Кога сите имаме иста догма, во Црквата постои длабоко и внатрешно единство. Поради тоа, Црквата ги одлачувала од своето тело...
Светите Отци ни кажуваат дека како што продолжуваме да се молиме, да ги живееме Заповедите, одиме во Црква и го слушаме нашиот духовник, можеме да очекуваме да бидеме ослободени од неодлучност, вознемиреност, и двоумење. Нашата волја станува посилна. Можеме да очекуваме да бидеме достапни за другите на начини на кои поинаку не би можеле да бидеме,...
На 26.06.2016 година, во првата недела по Педесетница во која си спомнуваме за сите светии, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското..
На ден 16. 07. 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот, Повардарската епархија ќе организира групна крштевка во водите на реката Бабуна во Велес. Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
Во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, во просториите на МАНУ, на 24. јуни 2016 година, се одржа промоција на изданието на црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски од 1371. Изданието го претставиа приредувачот на изданието проф. д-р Гелиан Михајлович Прохоров од Институтот за руска литература од Руската академија на науките и членовите на неговиот научен тим:
Во првиот член од Символот на верата исповедаме: Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо. Според библиско-христијанското учење, светот не е вечен (не постои отсекогаш), ниту, пак, неговото постоење се должи на случајот. Светот е создаден од ништо од страна на Бог Творецот.
Токму затоа да го пренесеме во својот живот она што преподобните Отци го кажуваат за монашкото устројство на животот, кое е двострано: согледување (теорија) и дело (пракса). Што во монашкиот живот е согледувањето (теоријата?) Можно е некој да биде потстрижен за монах, а да се занимава, грижи и вознемирува за многу работи. Но како во тој случај да Го најде Бога?
Ова човечко славословие за Преблагословената добило и небесна потврда, кога Архистратигот Гавриил, испратен лично од Неа, му кажал на „смирениот послушник од Гората Атонска“ дека навистина е достојно да Ја ублажуваме Мајката на нашиот Бог. И токму споменот за ова преславно чудо беше причината за сеноќниот празничен и молитвен собор во Бигорската Обител.
На 20.06.2016 година, понеделникот по празникот на Светата Троица (Педесетница), ден кого Црквата го посветила за прославување на Пресветиот и Животворен Дух, како еден од Светата и Животоначелна Троица, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Божествена Литургија во црквата „Света Троица“, во Маџир маало.
За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...
… Никој никогаш не ја видел во сета полнота Божјата Убавина, и затоа, според св. Григориј Ниски, нема око што ја видело, дури и вечно да се напрега: всушност, таа не може целосно да се види онаква каква што е, туку единствено според мерата во која е достапна преку силата на Светиот Дух. А како дополнение на оваа непојмливост, најбожествено и најчудесно е тоа што најголемото поимање што човек може да го има,
На 22 јуни 2016 година, со почеток во 20:00 часот,во Музеј на град Скопје во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија
концерт ке одржат етаблираните уметници Момчило Куфојанакис, виолина и Весна Ангелова Христов, пијано.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Старец Јероним, исихаст Егински“. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ од грчки јазик го преведе свештеник Јани Мулев.Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
Во огнот на битките за северната престолнина на Сирија,Сиро-јаковитските христијани на Алепо ги снабдуваат со прехранбени продукти сиромашните муслимански семејства од овој град. Секојдневно Сиро-јаковитската епархија на Алепо му испраќа на најзагрозените муслимани- земјаци од населбата Сулејманија,...
Празниците на Црквата не се обично приспомнување на настани како што вообичаено мислиме, тоа се денови и часови, во кои Бог дава особена благодат на својата Црква и на луѓето.
20 јуни 2016, Понеделник, од 18 и 30 часот во салата на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“,
предавање на тема:„Црквата на живиот Бог, столб и тврдина на вистината“;
предавач: епископ Хераклејски г. Климент
На денот кога Православната црква славно си спомнува за чинот на слегување на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија во Соборниот храм отслужи Божествена Литургија.
Сите оние што сакаат да ја покажат својата љубов кон упокоените и да им овозможат реална помош, можат тоа да го направат на најдобриот начин – со молитва за нив, а посебно со спомнување на Светата Литургија, кога честичките извадени за живите и упокоените се ставаат во Крвта Господова со...
“Моите родители, многопочитуван човеку, починаа уште кога бев дете. Татко ми беше скромен, со тивок карактер, но слаб и болен по тело. Тој беше толку проголтан од грижата за своето спасение, така што ретко некој од жителите на селото го гледаше. Ако некогаш се чувствуваше поздрав, го носеше дома плодот на својот труд, но поголемиот дел од времето го поминуваше во пост и страдања.