СЛЕПЧЕНСКИ ПРОЛОГ СО ХИМНОГРАФИЈА за Декември прв дел од 1 - 9ти
Слепченскиот манастир отсекогаш бил чувар на словенската писменост, и во тоа древно светилиште на најдејствителен начин продолжила Кирилометодиевата духовна дејност за просветување на словенскиот род. За ова сведочат безбројните зачувани ракописи, почнувајќи од 11 век, кои се пишувани од различни генерации на монаси, а верификувани со непроценлива вредност, како по содржина, така и по изведба, калиграфија, корици, орнаментика, украсни иницијали, а денес ги красат странските библиотеки и музеи, пред се во Русија, Бугарија, Украина, Србија, Хрватска, Света Гора.