Митрополит Струмички Наум: Aко светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? (10.07.2021 )
Треба да правиме разлика помеѓу Оној Кој секогаш е Господар, и во вечноста и во времето, и оној кој е господар само кога некој му служи, и тоа само времено. Нашиот Бог – Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, Е Господар без оглед на тоа дали ние Нему Му служиме или не.