Протоереј Александар Шмеман: ЗА ПРОСТУВАЊЕТО
Да го оставиме разумот на неговата арогантнoст и збунетост, да го оставиме и моралот со неговите објаснувања и оправдувања. Да ја послушаме нашата совест, таму внатре, длабоко во нас, каде тивкиот, но и строгиот и немилосрден глас ни зборува: виновен си! Но, во што се состои мојата вина? Не, таа не е во ниту една навреда и расправија што ја имав со моите ближни, бидејќи тоа е неизбежно во животот на човекот.