50 поуки на светиот Теофан Затворник III дел
Да верува и' е својствено на возвишената и велика душа, а неверувањето е белег на неразумната и ниска душа.
Треба да се знае вистината и да се верува во неа: каде можеш да ја добиеш неа ако не во Црквата, која е ,,столб и утврдување на вистината” (1. Тим. 3:15)? Тебе ти е неопходно да примиш благодат: каде ќе ја најдеш ако не во Црквата, хранителката на Светите Таинства, без кои не се дава благодатта?