о.Григориј - СРЕДБАТА СО НИВ Е СЕКОГАШ СРЕДБА СО ХРИСТОС
Нашиот Старец еднаш рече дека за да ја познаеме болката на другите и да им донесеме утеха, треба и ние претходно да имаме поминато низ истото искушение. Во моментите кога ќе се помолиме за болни или хендикепирани луѓе, кога ќе се обидеме да ја разбереме нивната болка, а и да посакаме да пробаме да сострадуваме со нив, неминовно и одненадеж се појавува прашањето: можеш ли на себе да ја преземеш таа болест?