Митрополит Николај Месогејски: Црквата, новите идеи и технологијата (прв дел)
Неспорно, силата на човекот, пред сè, силата за расудување, е огромна. Таа никогаш не се појавила толку силно како во оваа епоха. Благодарение на развиената технологија подготвени сме да протолкуваме и да разбереме речиси сè. Во состојба сме да го постигнеме недостижното. Со тоа се раѓа чувството за вообразена самодоволност, егоистичен антропоцентризам и кратковидност, како и антифилософски материјализам. Го ограничува човекот до моменталното и актуелното, а вредноста на неговиот дух ја сведува до можноста за појаснување и закрепнување на материјалниот, сетилниот и визуелниот свет.