о. Харалампос Пападопулос: ′′ Светлината влегува низ пукнатините на нашата душа..."
Ми пишуваш дека си имал стравови и панични напади, а подоцна како средновечна личност веќе имаш депресија. Истовремено велиш дека копнеeш за духовен живот, дека сакаш да се угледаш на подвижниците, на оние кои вложиле големи усилби и воделе сурови битки со себе за да го запознаат Бога. Додека го посакуваш тоа, истовремено не можеш да го постигнеш истото и тоа те разочарува, ја засилува твојата тага и вина. Сакаш одговор од мене.