Ретроспектива (2005-2020): ЗАБОРАВЕНО ЛЕКАРСТВО (I дел)
Во едно затскриено, убаво балканско селце пристигнал на летна почивка чуден туѓинец. Тој бил многу богат човек. Патувал сам, бил многу уморен и сакал што поскоро да најде место каде што ќе престојува за да си отпочине. Имал намера да ги усреќи оние кои ќе му дадат тивко и пријатно засолниште. Бидејќи неговото богатство било непроценливо, тој на гостољубивите домаќини сакал да им даде таков подарок, каков што тие дури и не сонувале.