Велигден каков што не се памети во Ерусалим: Првпат во 100 години затворена Базиликата на Светиот Гроб
Годинава, само четири свештеници пееле и запирале на 14-те места на Исусовиот пат, според Евангелието, кога ја сретнал мајка си, паднал, примил помош за носење на крстот и сретнал расплакани жени.
Првпат во повеќе од 100 години за Велигден е затворена Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим. Во христијанската четврт на градот улиците се празни а повеќето дуќани се затворени.