Протоереј Зоран Стаменковиќ: БЕСЕДА НА ЦВЕТНИЦИ
Бидејќи при Христовото влегување во Ерусалим дочекот бил со радостно викање и одушевување, но сето тоа било краткотрајно и површно. Бидејќи народот е неразумен, вели свети пророк Исаија (27-11). И мнозинството не сака со својот разум туку со своите очи па и дочекот во Ерусалим бил нешто надворешен, излегле пред Него верувајќи дека во Неговата личност дочекуваат свој земен Цар.