Годишнина од упокојувањето на светогорскиот Старец Георгиј Капсанис (10.06.2015 )
Блаженоупокоениот архимандрит Георгиј претставуваше огромен авторитет во догматските прашања. Неговиот критички став во врска со екуменистичкиот дијалог, католичкото богословие и еретичките учења, беше лишен од секаква површност и тенденциозност. Сите трудови на о. Георгиј (од најмали статии до фундаментални дела) беа поставени на цврсти изворни темели и буквално ги разоружуваа противниците.