Со Архиерејска Литургија прославен денот на Светиот Дух

На 20.06.2016 година, понеделникот по празникот на Светата Троица (Педесетница), ден кого Црквата го посветила за прославување на Пресветиот и Животворен Дух, како еден од Светата и Животоначелна Троица, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Божествена Литургија во црквата „Света Троица“, во Маџир маало.






За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...











































