СТАВ НА СВЕШТЕНИК ЗА „ЕВАНГЕЛИЕТО СПОРЕД ЈУДА“
ГРЧКИ ЕПИСКОП: ЕВАНГЕЛИЕТО СПОРЕД ЈУДА Е „ЦИОНИСТИЧКИ ЗАГОВОР” вторник, 18 април 2006 Извор: la Croix.com Евангелието според Јуда, за чиј ракопис неодамна беше определено дека потекнува од периодот ІІІ-ІV век, е плод на „ционистички заговор”. „Текстот е познат меѓу богословите како фалсификат. Сметам, дека станува збор за заговор на ционисти, чија што цел е да ги вознемират духовите”. Ова го изјавил епископот на Јерисос, Атон и Ардамериу, Никодимос, во дебатата за апокрифниот текст на брановите на официјалната црковна радиостаница во Грција, според цитатот од агенцијата Франс-прес.
„Се знае, дека по предавството Јуда се самоубил. Како е возможно да напишал евангелие? Евангелијата се напишани по воскресението на Господа”, – дополнил епископот Никодимос, чија изјава е публикувана од прес службата на Светиот Синод на Грчката Православна Црква. Владиката уште кажал, дека оваа афера со евангелието е „безчестие”, чии протагонисти се „шепа интелектуалци”. Тој ја обвинил и телевизијата, дека во денешно време, ваквите теми ги превозвеличува и деформира, со цел да скандализира”. Близу 2000 години одкако посеа раздор помеѓу првите христијани, евангелието според Јуда, именувано совпадно Христовиот ученик - издајник на својот Учител, изпливува одново на површината, одкако неодамна National Geographic ја докажа автентичноста на древен папирусов манускрипт, напишан на коптски дијалект. Постоењето на евангелието според Јуда, чиј што оригинал најверојатно е на грчки јазик, е посведочено од првиот епископ на Лион, Свети Иринеј, кој кон средината на ІІ век, пишува против него во своето дело „Против ересите”. |
Подготвил: Георгиевски Борис