логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Crkva.plava.ptici.jpg

БЕСЕДА

За верата и за послушанието

– Батјушка, што е „жива“ вера?
– Верата не е само доверба во надворешен авторитет. Верата е особено чувство, ду¬ховна интуиција, преку која човекот може да го чувствува духовниот свет, да проникнува во него. Живата вера ја обзема човековата душа, сведочи за тоа дека вистинскиот живот е општење со Бога, и дека тоа бара од човекот свесни напори, напори на волјата, за таквиот живот да стане секојдневен. Мртва вера е само апстрактна и замислена идеја за постоење на повисока сила, кога човек знае дека постои Бог, но не се стреми кон заедничарење со Него, кон соединување со Него. Тоа е вера која не се отсликува во човековит живот, не го прави ново создание. Таквата мртва вера  е полоша од незнаење и таа попрво ќе биде за разобличување на човекот: знаел, но не постапувал според сознанието (в. Лука 12:47).

–  Имало ли случај во Вашиот живот, кога Господ барал од Вас да го извршите подвигот на чекорење по вода?
– Јас сметам дека сиот наш живот во овој свет е – чекорење по вода. Општењето со голем број луѓе наликува на онаа состојба, кога извикуваш: „Господи, помагај, ќе потонам!“

– Како се манифестира живата вера спрема духовникот?
– Подвигот на послушанието може да се нарече таин¬ство на општење на душите. При постојано духовно општење, духовникот, без сомнение, ја зна¬е твојата душа, твоите болести, твојата болка, и може тоа да го земе врз себе. Од таквата доверба кон духовникот се раѓа и живата послушност спрема него. Тука треба да се каже нешто и за изборот на духовник. Се работи за тоа дека постојат различни, условно кажано, психолошки типови. Духовникот може да биде целосно православен, може да има, дури, и мошне висок степен на духовност, може да биде и аскет – но срцето да не се открива пред него. А се случува уште при првиот разговор со духовникот да почувствуваме дека тој ја разбира длабочината на нашата душа. Срце на срце како да соопштува вест, и слуша одговор. Од тој миг, кај човекот се раѓа жива вера спрема духовникот. Ако не постои такво чувство, послушанието станува формално. Тоа може да се исполнува грижливо и точно, но ќе биде само надворешно, а срцето ќе остане скриено и затворено за духовникот. 

–  Рековте дека духовникот ги знае слабостите на  своето духовно чедо и дека е подготвен да ги прими врз себе. Што значи „да ги прими врз себе“?
–  Да ги прими врз себе – значи да ги доживее тие состојби и да се застапи во молитвата пред Бога за духовното чедо, како самиот да го извршил гревот.

–  Како да се научиме на послушание, ако имаме над 30 години? Зашто, колку човекот е постар, толку потешко учи.
– За да се научиш на послушание во триесеттите, треба да го имаш чувството на самоотфрлање, но, пред сè, потребна е решителност. Така, човек што не умее да плива, треба самиот да се принуди да се фрли во вода и да се препелка таму – без тоа, тој ништо нема да научи.
Знаеме дека преп. Павле Препростиот дошол кај преп. Антониј Велики кога имал шеесет години, но со своето послушание ги надминал младите ученици на тој подвижник. Значи, возраста не е пречка, доволно е човек да е решителен.
 
– Со што треба да започне подвигот на послу¬шанието?
– Треба да започне со исповедање на гревовите што човекот ги направил уште од својата седумгодишна возраст, за духовникот да ја запознае душата на човекот, неговите слабости, неговите болести, неговиот карактер. Тогаш на духовникот му е полесно да дава совети и да раководи. Светите отци и подвижници на старите времиња како директно да ја гледале човековата душа, но не треба да се бара прозорливост од луѓето што живеат во нашето време и които ја дишат отровната атмосфера. Не барај прозорлив духовник, туку благочестив.

–  Дали е способен за послушание современиот човек, којшто има множество страсти?
– Да, зашто самото послушание е правилен почеток на борбата со своите страсти.

– Може ли човек, којшто нема правилно по¬слушание, да дојде до Бога по други патишта?
–  Тоа е мошне тежок пат; може да се каже дека е тоа пат по кој се ползи. При послушание со расудување, човекот оди по замја, во полно послу¬шание тој лета на крилја, а кога е препуштен сам на себе – тој ползи. Може да се дојде до целта и ползејќи, но тоа е долг и тежок пат, дотолку повеќе што треба да се ползи по трнлив пат, пат со остри камења. 

–  Кога човекот треба да расудува?
–  Расудувањето е особено нужно во оние случаи, кога станува збор за догмите на верата. Кога духовникот греши по прашања што се однесуваат на Православието, потребно е расудување. Зашто, и кај еретиците имало послушни ученици, но тоа не им послужило за спасение.

–  Како да ја знаеме волјата Божја?
– Треба да се помолиме и да го прашаме духовниот отец.

– Може ли послушанието да го огради човекот од внатрешни, душевни борби и грижи, или во наше време духовниот живот без тоа не е можен?
– Денес е такво време, во кое е тешко да се има целосно послушание. Но, оној што има целосно послу¬шание, е ослободен од борбата со помислите.

–  За какви помисли зборувате?
– Кога човекот живее во целосно послуша¬ние, тогаш за него сите прашања се потенцијално разрешени. Тој знае: „Нема што да размислувам, ќе појдам кај духовникот и ќе прашам, и ќе добијам одговор“. Затоа кај него исчезнува сомневањето. Ако духов¬никот благословил, тогаш исполнетото дело нема да предизвика гордост во душата на послушникот: „Јас го направив тоа!“ Тој ќе си помисли: „Тоа е резултат на благословението на мојот духовен отец“. Ако делото не успеало, тој, пак, ќе каже: „Таква е волјата Божја; но сепак, јас имам полза – го исполнив послушанието“.

- Како правилно да се однесуваме во ситуации кога духовникот нешто  благословил, а кај нас поради таквото благословение се пројавува грижа? Ка¬ко да се устројат мислите, за да се извлече духовна полза од тоа, зашто преп. Варсонуфиј Велики велел: „Тоа, што е од Бога, не води кон грижи“?
– Кога единаесетте колена Израилеви сакале да го казнат престапот на синовите Венијаминови, тие го прашале Господа: „Да одиме во војна или не?“ Господ одговорил: „Одете“ (в. Судии 20:18). Тие неколку пати доживувале пораз, но знаеле дека е таква волјата Божја. И, на крајот, ги победиле синовите Венијаминови.
Затоа, благословението не резултира секогаш со надворешен успех на делото, но исполнувањето на благословението секогаш претставува внатрешен успех. Во секое исполнето благословение ние го постигнуваме главното – се победуваме самите себе.

-  Како почетник, без лично искуство, да разбере што значи „да земе повеќе одошто може да носи “? Може ли да се избегне ова горчливо искуство?
–  Може да се избегне горчливото искуство ако ние, како што вели еден подвижник, бараме послушание дури и за тоа колку вода треба да испиеме секој ден. Ова не е кажано во директна смисла, колку во смисла на духовно расположение. Ако послушникот се советува со духовниот отец според сопствената мера, тој ќе го избегне ова горчливо искуство. Во спротивно, тој ќе ги прецени своите сили и горделивото мнене за самиот себе ќе му попречи во ревнувањето по Бога. Каде што нема послушание, таму задолжително ќе има лутање, таму или ќе има преценување на сопствените сили, или, обратно, мрзливост: или помислата дека дефинитивно сум загинал, или помилата дека сум станал свет. 

–  Можеби е подобро да се служи на Бога дури и во оние случаи кога тоа е над сопствените сили?
–  Светите Отци рекле дека секоја крајност е од демоните.

Исусовата молитва – заповед за сите христијани

–   Кои совети му ги давате на почетникот кој сака да научи да се моли? Се чини дека тука сè е јасно: треба постојано да се моли, но во практика умот често се расејува.
– Мислам дека Исусовата молитва е поврзана со послушанието. Ако кај човекот постои вистинско послушание, тој лесно ќе ја научи Исусовата молитва, и молитвата сама ќе се одвива во срцето. Исус Христос е воплотено смирение, и затоа Неговото име ќе дејствува и ќе пребива во смиреното срце.

–  Може ли секој, којшто сака, да ја стекне постојаната молитва?
– За тоа не е доволна само желба, туку и соодветен начин на живеење. Исусовата молитва не може да се разгледува одделно од еван¬гелските заповеди и, воопшто, од начинот на живеење.  Евангелието и Исусовата молитва, всушнос¬т, се одно и исто. За Исусовата мо¬литва да влезе длабоко во срцето, човекот мора да се грижи во својот живот да ги исполнува евангелските заповеди, а ако е монах – заветот за монаштво.

– Што е повисоко: самоукорување или самопринудување на непрестајна молитва, ако молитвата, во најголема мера, се извршува расеано?
– Еден од отците рекол: „Не е големо делото да го имаш Бога во мислите, туку себеси да се сметаш за подолен од секоја твар“.

–  Кое е најважното дело на патот на исполнувањето на Исусовата молитва?
–  Сметам дека најважната работа е – послушанието, коешто го очистува умот и срцето од помислите и од страстите, по што срцето самото се приклонува кон молитва.

– Колку, според вас, е задолжително ќелијното монашко правило за денешните манастири, во кои постои можност за секојдневна литургија и вечерна служба?
– Најдоброто молитвено правило е – Ису¬совата молитва. Нема на земјата повисоки и поубави зборови од името на Исус Христос. Исусовата молитва е скратено Евангелие, но и скратена форма на сите молитви.

– Колку повеќе работа има во манастирот, толку помалку време останува за молитва  и за читање. Како да се однесуваат послушници коишто сите сили ги трошат на изградбата на храмот?
– Сметам дека може да се гради храм и да се изговара: „Господи, помилуј“. Ние не сме под¬готовени за безмолвие, затоа се потребни одреден труд и грижи. Ако прерано се зафатиме со подвигот на безмолвие, може да дојде до експлозија на страстите.
 
–  Која е причината за наплив на расејувачки помисли? Зошто тие изгледаат посилни од мо¬литвата?
– Првата причина за помислите е – самодоволност и надевање на самиот себе, втората – заборавање на смртта, трета – отсутство на вистинско послушание.

–  Кои страсти можат да го попречат внимателното одвивање на молитвата?
– Секоја страст, против која човекот не се бори, ја попречува молитвата. Но особено овие две страсти – гордост и блуд.

–  Како му советувате да ја зачува постојаната молитва на човек кој, за да го исполни послушанието, извршува активна надорешна работа и притоа заборава на молитвата?
–  Ми се чини дека на послушанието треба да се гледа како на послушание спрема Бога, и исполнувањето на послушанието да се врши од сето срце, како да го правиме пред Божјите очи.

–  Како правилно да се молиме при послушание, поврзано со голема одговорност и при по¬стојао општење со луѓе? Како да научиме да го зачуваме мирот во душата и молитвата при такво задолжение?
– Треба да знаеме дека Господ бара од нас доброволност и труд, а успехот на делото не зависи од нас, туку од Него. За зачувувањето на вниманието во такви услови помагаат сеќавањето на смртта и на тоа дека сè е минливо.

– Дали прекинувањето на постојаната молитва секогаш се одвива според сопствената волја на човекот? Зашто, се чини дека, објективно, молитвата се прекинува природно, за да се извршат надворешните задачи.
– Ако нашата молитва често се гаси, значи дека имаме погрешна скала на вредности. Ние забораваме дека највисоката вредност е –Бог, и дека највисоката цел на животот е –општење со Бога, а сето друго е само условно вредно.

- Сите ли се способни да ја научат Исусовата молит¬ва? И што е најважно за да не се заборави молитвата?
-  Исусовата молитва својот почеток го има од апостолите. Таа е заповед за сите христијани. Оној што верува во Исус Христос, е способен да го држи во своето срце Неговото име. А за да може тоа молитвено дело правилно да се развива, потребно е човековиот живот да се одвива според образот на животот на Исус Христос.

-  Како треба правилно да се молиме, кога се занимаваме со умствена работа? Понекогаш се чини дека тие две нешта се неспоиви, особено за почетници.
– Навистина, тоа е мошне тепко. Но ако добросовесно го исполнуваме својот труди се наоѓаме во послушание, тогаш и за нас важат зборовите на преподобниот Симеон Нов Богослов, кој вели дека е доволно вистинскиот послушник да ја прочита Трисвета, и неговиот ум веднаш ќе се издигне кон молитвата.
Со други зборови, ако човекот го исполнува своето дело како послушание од Бога, штом ќе ја заврши работата, во неговото срце брзо ќе се возобнови молитвата.

– А ако молитвата по завршувањето на делото не се појави во срцето, што треба тогаш да се прави? Што е причината за тоа?
– Сметам едка тоа се случува затоа што самото дело ì било спротиставено на молитвата. Чо¬векот си мислел: „Да завршам побрзо со послушанието што ми е дадено, како нешто туѓо и неподносливо, и да се зафатам со вистинската работа – со молитвата“.

Москва, 2004

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная