логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

 Теолошка егзегеза на еколошкиот проблем

 

Еколошкиот проблем е една од централните теми со кои се занимава современата биоетика. Етимологијата на самиот назив „еколошки“ нѐ упатува на суштината на овој проблем, а тоа е односот на човекот кон сопствениот дом (οἴκος - дом), односно средината во која живее и работи. Современиот глобален проблем на еколошката криза во светот се пројавува преку:  

  неконтролирано и прекумерно експлоатирање и исцрпување на природните ресурси, кои се неопходни за биолошкиот опстанок на човечкиот род и целиот биосистем на планетата Земја;
    сѐ поголемо и во извесни случаи неповратно загадување на целата биосфера, на природните ресурси: земјата, водата, воздухот, морињата, на озонската обвивка...;
    прогресивно уништување на шумите и плодните земјишта и предизвикување на мутација или истребување на билните и животинските видови;
    неконтролирано експериментирање со природните сили и злоупотреба на истите (фисија и фузија на атомите, производство на атомска и нуклеарна енергија, заради воени или мирнодопски цели);
    производство на нови, во природата непознати, неоргански хемиски и органски биохемиски соединенија со канцерогено, мутогено и тератогено дејство, од кои повеќето не можат да бидат вклучени во природниот процес на биолошко разградување;
    научно-технолошки „мешања“ во самите темели на животот („влегување“ во човечкиот ген, генетски инженеринг ...).[1]

Феликс Гаутариј во својата книга „Три екологии“ забележува дека сите противречности и судири во историјата (географски, цивилизациски, културолошки, религиски, класни...) го губат своето значење, односно, стануваат безначајни пред стварноста на планетарно-универзалниот проблем на еколошката криза.[2] Алармирани од настаните, кои целиот свет го водат во еколошка катастрофа, со непредвидливи последици по животот на сиот човечки род, научниците од областа на природните и хуманистичките науки веќе со децении се обидуваат да дадат научен одговор на еколошкиот проблем и да ги одредат начините и насоките за остварливо решение на овој проблем. Со еколошкиот проблем се занимаваат бројни специјалистички и експертски установи, ширум целиот свет. Еколошката тема е една од најзастапените теми во животот на современата цивилизација. Во скоро сите земји, од најразвиените до најнеразвиените, се одржуваат научни, економски и политички собири и конференции, кои се занимаваат со темата на еколошката криза и заштита на животната средина. Истовремено, насекаде во светот се прават институционални напори, едукативни кампањи, иако не доволни, за будење и развивање на еколошката свест, свест за потребата од целосна заштита и чување на животната средина, од локално до глобално ниво.

Во последните две децении еколошкиот проблем е една од главните теми во современата теологија (православна, римокатоличка и протестантска). За тоа сведочат стотиците теолошки книги, студии, како и бројните теолошки симпозиуми, говори и настапи во медиумите посветени на екологијата.  Водечките православни теолози (Јован Зизиулас, Христо Јанарас, Калистос Вер, Илија Иконому, ...) во своите трудови се занимаваат со задлабочена анализа на богословските, духовните, историските, социолошките и културолошките аспекти на еколошкиот проблем. Основани се богословско-еколошки организации, па дури и специјалистички студии на академските институции, кои се занимаваат првенствено со христијанското промислување на еколошкиот проблем, како што е на пример, Институтот за теологија и екологија при Православната критска академија, (основан 1991 година). Еколошката тема влегла во бројните официјални документи на помесните Православни цркви. Такви се на пример, документот Православната Црква и животната средина - заклучоци на меѓуправославната конференција за заштита на животната средина (Крит, 1991), како и документот на Руската православна црква, Основи на социјалната концепција на РПЦ, поглавјето бр. 13 - „Црквата и еколошките проблеми“. Сите овие податоци говорат за тоа дека Православната Црква е живо вклучена во еколошките расправи и ја покажува својата загриженост, но и одговорност во врска со проблемот на екологијата.

Појдовниот теолошки став е дека еколошкиот проблем во својата суштина е антрополошки, (антропоген) проблем. Јасно е дека нема друг предизвикувач на еколошката криза, освен човекот, кој со својот експлоататорски однос кон природата ја продлабочува оваа криза. Предисторијата на еколошкиот проблем започнува со гревопадот на човекот, како негов трагичен обид за самодоволност и „автономија“ во однос на Творецот. Гревот е почетокот на духовната „секуларизација“. Со отфрлањето на Божјата волја и промисла, човекот го отвора патот за злоупотреба на светот. Тој повеќе не се доживува како дар Божји, кој се прима и со благодарност се принесува на Дарителот, туку како објект за задоволување на човековите страсти (Битие 3, 6). Човекот со својот ум, помрачен од гревот, не проникнува во логосноста на тварите, туку се задржува на нивната материјална површина. Променетиот однос на човекот кон природата предизвикува и „повратен ефект“ кон  човекот (Битие 3, 18-19).

Антиеколошкото деструктивно делување врз природата директно произлегува од човековото погрешно разбирање на самиот себе и светот околу себе, т.е. од една погрешна антропологија, која православната теологија ја препознава како екстремен антрополошки егоцентризам или антропомонизам. Јован Зизиулас, еден од православните теолози кои се занимавале со еколошкиот проблем, ги истакнува и религиозните корени на овој проблем и констатира дека западното христијанство има свој негативен „придонес“ кон еколошкиот проблем. Станува збор за погрешна интерпретација на библиските стихови во кои се содржи Божјата заповед за првите луѓе да владеат со земјата (Битие 1,28). Имено, овие ставови погрешно се разбрани како охрабрување, луѓето да бидат „господари и поседници на земјата“. Човекот е прогласен за рационален субјект на историјата, кој започнува да се однесува со омаловажување, дури и со презир кон сѐ што не е словесно, човечко и рационално, кон сето Божјо создание, живиот и неживиот свет како објект на неговата рационалност.[3] Исто така, во средновековната западна теологија на Блажени Августин, која е под силно влијание на платонизмот, есхатолошкото спасение во Царството Божјо се однесува само на човековата душа, но не и на материјалниот свет, кој е од понизок онтолошки ранг. Затоа, кон него (материјалниот свет) може да се гради деструктивен однос. Овие теолошки ставови, карактеристични пред сѐ за западната средновековна теологија, подоцна ќе станат подлога за надмоќниот однос на човекот кон природата. При тоа, во времето на хуманизмот и ренесансата, теолошкиот антропоцентризам бива реинтрепретиран (модифициран). Таа рационалистичка интерпретација (реконтестуализација) е ставена во прилог на прогласувањето на среќата и задоволството на рационалната индивидуа за врвно етичко добро. Што значи, луѓето можат да ја уништуваат природата со чиста совест, сѐ додека тоа придонесува за исполнување на човековата среќа. Потрагата за индивидуална среќа и задоволство прераснува во идеал на западната антропоцентрична цивилизација, заради чие остварување се допуштени, дури и легитимни, сите можни методи. Сиот свет, сето создание Божјо, сета жива и нежива природа станува објект на утилитаристичката етика на агресивно-хедонистичкиот антропоцентризам. Но, човековата потрага за индивидуална среќа, на штета на секого и на сите, завршува со несреќа за целата природа, како и за самиот човек.

Преку индустриската револуција и развојот на науката и технологијата се зголемуваат можностите за злоупотреба на природата. При тоа, како  раководно начело се зема идеологијата на прогресот, која гаи утописка надеж за „совршен свет“ некаде во неодредената иднина. Во име на оваа овоземна „есхатологија“ се оправдува секој насилен чин кон природата. Неуспехот на овој концепт го интензивира поврзување на човековата среќа исклучиво со сегашноста и инстант задоволствата. Според Христо Јанарас, еколошкиот проблем е „органска последица на една специфична цивилизација, односно еден општ начин на живеење – потрошувачки начин на живот, конзумеризам“.[4] Конзумеризмот е последица и пројава на егоцентричноста на човекот. Сета длабочина на денешната духовна криза, која стои во основата на еколошката криза, се открива во синтагмата - „цивилизација на егоцентричноста“, која се среќава на „секој чекор“ како во стручната, така и во популарната литература. Но, оваа синтагма е contradictio in adjecto. „Цивилизација“ и „егоцентричност“ се два противречни поими. Неолибералната цивилизација, која однатре ја проникнуваат, ја движат и истовремено ја разоруваат меѓусебно спротивставени егоцентризми, е и цивилизација на „атомократијата“ во која владее начелото на индивидуализмот, но истовремено е и цивилизација на „атомизацијата“, на разделувањето и на распаѓањето на светот. Секој порок во својата суштина е деструкција, односно самоуништувачки „механизам“ на човекот, кој не е задоволен од себеси, од животот. Во психологијата е познато дека автодеструктивноста и деструктивноста кон другите, во случајот со еколошката криза кон природата, се последица на човековото незадоволство, кое се среќава меѓу сите социјални редови. На периферијата на човековиот живот незадоволството се поврзува секогаш со материјално-економските проблеми, кариеристичките (не)остварувања, кои „никогаш“ не се доволни. Но, во суштината на човековото незадоволство лежи неговата неоствареност како икона Божја, како битие кое треба да живее во заедница со Бога, со ближниот и со природата. Овие три релации (човек- Бог, човек - човек, човек - природа) се поврзани. Нарушувањето на една од нив, неминовно води кон негативни последици во другите две.

Познатиот афоризам на Николај Берѓаев,  „каде што нема Бог, нема ни човек“, за хуманистичкиот поглед на светот е неприфатлив. Но, од позиција на христолошката антропологија, човекот како битие, создадено според образот и подобието Божјо, својата вистинска човечност ја развива според својата боголикост. Човековиот обид да го заснова својот идентитет без Бога, односно на самиот себе, води кон дехуманизација (расчовечување). Човекот без Бога, не може да се однесува човечно кон природата како создание Божјо. Но, она што теологијата го потенцира е тоа дека суштината на еколошката криза е всушност последица на духовната криза на човековиот идентитет. Овој проблем произлегува од погрешниот однос кон Бога, кон ближните и кон сета Божја творба. Затоа, еколошкиот проблем во својата суштина е антрополошки и теолошки проблем par excellence.

Дијаметралната спротивставеност на незапирливиот индустриско-технолошки развој, од една страна, и јакнеењето на еколошката свест, од друга страна, засега  се чини  дека е ненадминлива. Православните теолози укажуваат на фактот дека современата цивилизација е повеќе склона да се занимава со последиците на еколошката криза, без вдлабочување во нејзините духовно-антрополошки, односно егзистенцијални причини. Таквите обиде однапред се осудени на неуспех, бидејќи се слични на јаловите обиди за санирање на последиците од болестите, наместо нивно лечење. Сведоци сме на бројните обиди на научниците и експертите за развивање на еколошка индустрија, односно производство прилагодено на современите еколошки стандарди и развој на чисто еколошки технологии. Но, овие обиди се во директен судир со императивот  на глобалниот капитализам, за што побрза и што поголема економска заработувачка.

Занемарувањето на духовниот корен на еколошкиот проблем, кој е во директна поврзаност со човековата гревовност,  придонесува овие обиди да имаат краток ефект и ограничен домет, односно, да не бидат делотворни во историската стварност. Брзината и интензитетот на загадувањето се поголеми и посилни од еколошките превентиви и мерки. Оттука, се наметнува прашањето: Дали егоценричната цивилизација, како заточеник на самата себе, е способна да го надмине овој проблем, која самата го создала? Согледувајќи ја антропомонистичката криза, како основа на еколошката криза, се поставува прашањето: Дали цивилизацијата која го предизвика еколошкиот проблем може да го реши истиот, ако, при тоа, остане на истите начела кои неминовно водат кон уништување на природата? Според теолошките согледби, ако се тргнува од начелата на современата цивилизација,  која ја произведе еколошката криза, не е можно нејзино решение, ниту со најсовремените научни и технолошки методи и средства.

 „Крајниот одговор на Црквата во однос на еколошкиот проблем не се сведува исклучиво на морално или социјално ниво, туку пред сѐ на онтолошко рамниште. Како што разрушувањето на творението своја појдовна точка има во личноста на Првиот Адам, така и неговото обновување има личносна основа во Новиот Адам – Христос. Не постои безлично обновување, како што не постои и безлично разрушување на творението.“[5] Личносното усвојувањето на евхаристиско-есхатолошката визија за човекот и светот има пресудно значење за надминување на еколошките предизвици. На крајот, би завршиле со зборови од документот на РПЦ, Основи на социјалната концепција на РПЦ: „Незамисливо е во услови на духовна криза да дојде до целосно надминување на еколошката криза. Овој став, воопшто, не значи дека Црквата повикува на отфрлање на активностите за зачувување на природата. Меѓутоа, надежта во позитивната промена на односот меѓу човекот и природата таа го поврзува со тежнеењето на општеството кон духовна преродба. Антропогената основа на еколошките проблеми покажува дека светот кој нѐ опколува го менуваме во согласност со својот внатрешен свет, односно преобразувањето (обновувањето) на природата треба да започнува од преобразувањето (обновувањето) на душата. Според мислата на свети Максим Исповедник, човекот ќе биде во состојба целата земја да ја претвори во рај, дури тогаш, кога рајот ќе го носи во самиот себе“.[6]

Ѓакон Кирче Трајанов

 

Извор: Скопска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная