логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.efrem.sirin1.jpg

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН
ЗА РАЈОТ
 
 
 
1.
 
Мојсеј, кој што  на сите им го соопшти учењето во своите небески книги, тој водач  на Јудеците,  и мене, како ученик нека ме  научи на  своето Петокнижие - на таа ризница на откровението. Во него се разоткрива приказната за Едемската градина; иако е опишана само според надворешноста,  таа е величествена по тајните кои што во неа се скриени и  иако кратко насликана, чудесна е по своите растенија .
 
Долго се трудев со страв и љубов. Љубовта ме повика внимателно да го разгледам Рајот со неговата величественост  , а стравот ја сопираше мојата  љубопитност.  Најпосле, и едното и другото ги соединив  со мудроста. Со стравопочит почитувајќи  ја таинственоста на Рајот, го испитував само она што е во него откриено. Едно испитував  заради сопствена добивка , а друго премолчев, заради сопствената полза.


Радосно сам пристапив кон приказната за Рајот. Во неа има малку за читање, но многу за истражување.Устата го читаше она што се открива во раскажувањето, а духот восхитено и со страв се вознесуваше во испитувањето на славата на Рајот, но, не со помислата да се појми што е тоа Рај сам по себе,  туку со желба да го доживеам толку, колку што му е тоа дозволено на човекот.


 Со духовното око го погледав Рајот.  Врвовите на сите шуми  ниски се во однос на неговата висина. Високите бранови на потопот,  едвај дека ги достигаа неговите петици; со стравопочит ги целиваа Неговите стопала (чекори) . Високи  и се враќаа назад за да ги  прекријат и да ги уништат врвовите  на шумите и возвишенијата. Само Рајската пета ја целиваше потопот  кој што ја сруши  секоја висина.

Но колку и да беше високо поставен Рајот,  не се замараат оние кои се искачуваат на него, не се оптеретуваат со товарот  оние кои што го примаат во наследство.
Со својата убавина тој ги исполнува со радост и ги привелкува кон себе  оние кои што одат на кај него, ги осветлува со блескави зраци, им нуди уживање со својот миомирис. Светлосните облаци се претвараат во сеници, за оние кои што станаа достојни за него.
Слегуваат од своите сеници  синовите на светлината  и се радуваат на онаа земја на која што биле прогонувани; ликуваат на бреговите на морињата  и не се дават, таму каде што се давеше Симон – Камен. 


Блажен е кој ќе види дека и неговте сакани се  заедно со него, и тука долу, во нивните заедници и таму горе во нивните обвиталишта!  Облаците се нивната кола кои што  со леснотија ги возат по воздухот. Секој лета на чело на оние кои што тој ги подучуваше. Неговиот подвижнички труд постана неговата кола , а друштвото на неговите ученици – неговата славна придружба.
 Блажен е оној што ке ги здогледа Пророците кои што лебдат со свооте хорови! Кој што ќе направи  и научи ќе се нарече голем во Царството Небесно (Мт. 5, 19).


Рајот е далечен  од  погледот и на човечкото око му е недостижен; затоа можеме да се осудиме да го прикажеме само во споредби.   Во светлиот круг  кој што се гледа околу месечината  замислувај го Рајот!   И тој исто така го опкружува со морето и копното.
  Но устата моја пребрзо говори , та не може да се насити  од рајските наслади; да замислиме и други негови слики.  Мојсеј направил венец  на величествениот жртвеник  , со златен венец  го овенча жртвеникот . Таков е и Рајот  -  тој преубав венец кој што  ја овенчува вселената..
 
Кога Адам погреши , Бог Го изгони од Рајот  и по добрината Своја  му даде да се насели  надвор од Рајските  предели и тој се насели  во долината под Рајот.   Но, луѓето грешеле и таму  и заради тоа се расеани.  Бидејќи  станаа недостојни да престојуваат  близу Рајот , Бог заповеда на ковчегот  да ги  оддалечи на горите Карду.
 Се поделиле семејствата  на двајцата браќа. Каин отишол подалеку  и започнал да живее  во земјата Нуд , под местото кое што го населувале  семејствата Сита и Енос. 
Но потомците  на оние кои што ја населувале  горната земја  и кои се нарекувале Синови Божји , ја оставиле својата земја ,  се симнале долу  и стапиле во брак  со ќерките човечки , со ќерките на оние кои што живееле  долу.  
Синовите  на светлината  престојуваат во горните населби на Рајот  и оттаму во бездната го гледаат богаташот.  Ги подигна тој своите очи, го виде Лазара , го повикува Авраама, молејќи да му се смилува. Но милостивиот Авраам , кој чувствувал сомилост кон Содома , се покажува немилосрден кон оној кој самиот не бил милосрден.


Бездна го одвојува богаташот од љубовта, бездната  ги одвојува праведниците и грешниците,  за овие првите  да не чувствуваат љубов кон овие другите., за добродетелните да не чувствуваат маки , гледајќи ги во геената своите синови, браќа и сродници,  за мајката да не тагува по безбожниот син,   а госпоѓата за слугинката  со која што заедно растела и се воспитувала. 

            Со насмевка таму ги гледаат своите гонители оние кои претрпеле гонења, угнетените своите  угнетувачи, убиените своите убијци, Пророците оние кои  ги затрупале со камења,  Апостолите  оние кои што ги распнале. Синовите на светлината од своите горни населби  ги гледаат безбожниците и гледајќи ги нивните дела , се чудат  зошто овие,  губејќи надеж  во спасението , се предале на безбожност.


 Тешко на оној  кој што своите гнасни дела  ги сокривал во темнина, кој грешел и се прикривал за да го измами секого кој го слуша. Господе, нека ме покријат крилјата на твојата добрина; зашто, таму со прст ќе покажуваат на грешникот и непрестајно ќе ја  разгласуваат неговата срамота и неговите тајни дела.
Мојата смелост не се осмелува да оди понатаму од она што веќе го реков, но можеби ќе се најде некој посмел од мене и тој ќе рече дека оние кои не знаат и кои се неразумни, кои грешеле од незнаење,  а сепак мораат да претрпат казна како виновници, Благиот ќе ги насели покрај Рајот и тие ќе се хранат со рајски трошки.
 
Но и за вакви населби, кои се толку мали и достојни за презир во однос на рајските населби, чезнеат и копнеат оние кои се горе во геената. Нивното мачење се зголемува кога ќе ги погледнат изворите на тие населби кои жуборат пред нив; копнеел по нив и богаташот, но не нашол ниеден кој би му го разладил јазикот. Околу оние кои трпат маки има оган, а пред нив има вода.
 
2.
 
 Блажен е  оној кој  копнее за Рајот , зашто и Рајот копнее за него; со радост му  ја отвара својата врата , го прима во прегратката своја;  го радува со песните  во своите прегратки;  широко му ги отвара своите пазуви и го сместува во нив. Но се  отстранува   и  бега од оној   кој што самиот се отстранува  од Рајот зашто рајската врата  - е врата на искушението, иако ги сака луѓето.
Затоа тука обезбеди се   со клучот од Рајот  и понеси го со себе.   Духовни (мисловни) ; се тие врати  кои  што толку копнеат за тебе , кои што така ти се радуваат и веселат, зашто се знаат;  премудро ги мерат тие,  оние кои влегуваат во нив  - да ли е некој  мал и голем, по сечиј  раст и заслуга  самите се отвараат  и со својата мера покажуваат  кој е совршен, а кој има недостатоци .
 
Луѓето гледаат дека се пропадна ; богатството се изгуби, телесните задоволства веќе ги нема , убавината и власта  исчезнаа и поминаа ,  таму на тоа се  сеќаваат  и тагуваат  заради тоа што се измачуваат ,  осознаваат  дека она што го стекнале  е само сон , а нивното богатство  - сенка.  Го изгубиле тоа што го имале ,  а го најдоа  она што  го немале ;  оние богатства  кои ги сакаа, исчезнаа , а несреќата која што ја мразеа  им се случи. Тоа на кое што се потпираа веќе го нема ; она од што се плашеа , тоа го најдоа . И  офкаат зашто се понижени и покрадени , што нивното некогашно престојувалиште  било лажливо, а сегашното мачење вистинско, што спокојството нивно исчезна, а казната е бескрајна.


 Видоа и праведниците дека нивните страдања  поминаа , дека нивните  маки боле привремени , бремето краткотрајно, како никогаш да не почуствувале тага , како нивниот пост да беше сновидение  после кој што тие стануваат како после сон  и го наоѓаат Рајот и за нив  подготвената трпеза на Царството.  За туѓинците , рајската висина е недостапна , но самиот тој ја  нуди својата прегратка  на оние кои велгуваат во него;  радосен поглед им упатува на праведниците , го сместува во себе целиот свет , го опфаќа  големото море ; тој е на горните  - ближен, на своите – пријател, а на туѓинците – непријател.
 
Во неговата градина видов плодоносни смокви. Осудените со задоволство би си исплеле венци  од нивните лисја и соголени би посакале  да се покриваат со нивните лисја , но тие го засрамуваат соголениот  и  покрај тоа што ја покриваат неговата голотија , му предизвикуваат тага ; зашто, во земјата на славата  самата облека за соголениот  е срамота.


 Кој е во состојба да ја изброи убавината на Рајот? Прекрасно е неговото устројство , блескав е секој негов дел,  простран е Рајот за оние кои обвитаваат во него , светли се неговите одаи; неговите извори пружаат наслада  со својот миомирис , но кога тие се излеваат  на кај нас , го губат својот миомирис  на нашата земја , зашто  добиваат вкус на земја  и дури така  постануваат питки за луѓето.


  Онаа волја , на која што се се покорува , водите кои го натопуваат Рајот  ја собрала во вид на река , ја сместила на земјата  и  заповеда да излегува на ист начин  како што ја создава и водата  во внатрешноста на облаците , и таа се разлева во воздухот , по заповед на оваа волја.


 Ја украсил и ја обогатил  со разноликоста  на убавината на Рајот  Уметникот  кој што ги исткајал ;  секој степен на Рајот е поукрасен  од претходниот и во истата онаа мера  во која што еден со друг се надвишуваат толку и се надминуваат еден со друг и со убавина. За најниските Бог го одредил најнискиот дел на Рајот, за средните – средниот , а за највисоките – највисокиот дел.

   Кога праведниците  ќе се искачат на степените кои име се одредени во наследство, тогаш секој во согласност со својот труд ќе биде издигнат со правдата токму на оној степен што го заслужил и на кој мора да пребива.
 Како што  е  голем и бројот и разликата на степените , така е голем и бројот  и разликата во чинот на оние кои ги населуваат.;
 првиот степен е одреден  со покајниците, средината  - со праведниците,  висината – со победниците , дворецот на Божеството е возвишен над  се. 
И  Ное  на самото дно на  својот ковчег ги сместил животните, во средината птиците,  а самиот , по примерот на Бог, престојувал во горниот дел на ковчегот.
 И на Синај  народот Јудејски стоел под гората, свештениците на нејзините падини, , Арон, на средината, Мојсије на висината, а славата Господова  го покривала врвот одозгора. 
 Со ковчегот  и со гората на Синај  покажана ни е тајната каков е распоредот во градината на Животот;  во нив Творецот  ни  прикажал слика на добро уреден,  во се прекрасен и во се пожелен Рај;  а  со висината и со убавината своја , со миомирисите и растенијата свои, Рајот е ризница на сите богатства; тој е слика на Црквата .


 
3.
 
 Невозможно е во мислите  на себе да си создадеш претстава  на изгледот на таа величествена и превозвишена градина,  на чиј што врв престојува славата Господова.  Чие умно (духовно ) око ќе биде во состојба да  го согледа, дали ќе има сила да го испита и да може да допре до него со поглед? Неговото богатство е непојмиливо . Може да се смета дека благословеното дрво на животот  по својата блескавост е сонце на Рајот , неговите лисја се светлоносни , на нив се огледуваат духовните убавини на градината; останатите дрвја  по дувањето на ветровите се приклонуваат и како да се клањаат на овој водач и цар на дрвјата.
 
Среде Рајот Бог го посадил дрвото на спознанието, го опкружил со  страв, го оградил со ужас за  да ја чуваат неговата околина како ограда. Во една од заповедите со која му било забрането  да проба од плодовите на ова дрво Адам слушнал две заповеди; требало да се плаши од дрвото и да почувствува дека не смее дури ни да му се приближува.
На змијата и било невозможно  да влезе во Рајот, затоа што ниту на животните ниту на птиците не им било  дозволено да се приближуваат  на околината на Рајот. Кога пак Адам дошол кај змијата, таа со итри прашања  кои и ги упатила на Ева , дознала што е тоа Рај и каков е тој.
 Дознала, проклетницата какво светилиште е тоа, дознала од Адам и Ева  дека неговата слава се крие во дрвото на спознанието, дознала дека  пристапот до вратата на  светилиштето е забранет со заповед и тогаш се досетила  дека во плодот на дрвото, се наоѓа клучот на вистината  и дека на оние кои  ќе ја прекршат заповедта,  очите ќе им се отоворат  и тие ќе се исполнат со каење.
 
Очите на прародителите  биле отоврени , но истовремено и затворени за да не ја видат славата на внатрешното светилиште како и својата телесна голотиња.   Обете овие спознанија  Бог ги сокрил во дрвото и како да го поставил дрвото за судија меѓу двете страни.
 
Штом Адам  се осмелил,  пристапил и го вкусил плодот – одеднаш се излиле на него обете спознанија ,  ги слекол и ги симнал обете  покривала  од своите очи . Ја здогледал човекот славата на Светињата над Светињите и се ужаснал,   го здогледал својот срам  и се засрамил, се растажил и залипал, иако обете спознанија кои ги стекнал, молеле  да му биде простено.
 
Секој кој ќе го вкуси овој плод мора или да прогледа и да стане блажен или да прогледа и да залипа. Ако го проба оној кој е предаден на гревот , ќе залелека . Блажен е оној кој гледа , а не вкусува, впрочем не како оној одважен човек чии што маки се зголемувале кога гладувал, а не можел да ги вкуси рогачите што ги видел.

Бог  не му даде на Адама да ја види голотијата  за ако ја прекрши заповедта , тогаш со голотијата  да ја открие целата гнасотија  на неговата постапка , но не му ја покажа веднаш ниту Светињата  над светињите , за ако ја исполни заповедта , тогаш да прогледа и уште повеќе да се израдува. Двете награди  ги сокрил за Адам  после борбата со едното и другото да го добие венецот според својот труд.
Бог како да го постави дрвото за судија , па ако човекот  го вкуси неговиот плод  да му го покаже достоинството кое го изгубил заради охолоста , а исто така  да му  го покаже и срамот  која што го снашла како казна , а ако победи, за да го облече  во слава  и да ми се открие што е тоа срам ; и тогаш човекот , останувајќи здрав  би имал познание  за болеста.
Човекот по себе би бил здрав , меѓутоа во својот ум би имал познание  за  болеста и за него тоа што има  би било корисно  и тоа што знае би служело како добивка.  А кога е човекот во болеста   има во својот ум сознание  за тоа што е тоа здравје , тогаш и болеста го пристиска , а сознаниеот го измачува.
 
Ако Адам ја понесеше победата , неговите  делови  би се покриле  со слава, но со својот ум тој би познал што е тоа страдање , неговото тело би процветало и неговите мислени (духовни)  сили уште повеќе  би  се воздигнале. Но, змијата  тоа го расипа , таа всушност му дала да го вкуси понижувањето , а славата  ја оставила само во сеќвањето ; она што човекот го најде , тоа го засрамило , а она што го изгубил , тоа морал да го оплакува.
 
 Ово Дрво за него   било слика врата (икона), а плодот завеса која  го прекрива храмот. Адам го собрал плодот , ја прекрши заповедта  и штом ја здогледа славата  која што со своите зраци го осветли одвнатре , побегна од таму  и побрза да  си пронајде себе си засолниште  под смоквите.


 Оној  кој што го посади  Дрвото на познанието  го постави на средината на Рајот  за тоа да го одвојува повисокото од пониското , светињата  од Светињата на светињите.
 Адам  пристапил , се одважил  да влезе  и го обзеде ужас. 
 Како што царот Озиј се покри  со лепра , така и Адам  се разголе; и бидејќи   исто како Озија  побрза да се одалечи . Д вајцата бегале и се сокривале , бидејќи и двајцата се засрамиле од своето тело.
  Кога  сите Рајски дрвја би  биле украсени со ист таков сјај  во слава , тогаш , како што Херувимите  ги сокриваат лицата со своите крилја  така и дрвјата би се покривале со своите гранки , за да не го гледаат својот Господ. А сите тие се зарамиле заради Адама  кој што одеднаш се покажа разголен , штом  змијата му се дограби за облеката , а потоа останала без нозе.


Бидејќи на Адама не му бил дозволен влез  во внатрешниот храм, овој  храм бил чуван за Адама да се задоволува со служење во надворешниот храм  и како што свештеникот служи  , така би служел и тој, почитувајќи ја заповедта.  Заповедта за Адам била дадена  за со нејзина помош да влезе  и пред лицето  на Сокриениот , во скриениот храм. 
 Тајната на Рајот  ја покажа Мојсеј кој што направил  две светилишта , светиња и Светиња над светињите. Така Бог  го затвори Адама во внатрешното светилиште  на Рајот  и го отвори надворешното  за тој да се задоволи  со тоа надворешно.


 
4.
 
 Праведниот видел дека попустливоста  би го направил Адам дрзок ; Он знаеше дека ако ги попушти уздите , Адам ќе допре понатаму и дека ќе ја совлада малата и слаба препрека. Затоа нужно му постави нови препреки. Зборот и заповедта  биле заштита на дрвото, а херувимот  и острицата на мечот постанаа одбрана на Рајот.
 Адам, во својата нечистотија  сакаше да влезе во Светињата над светињите  која ги сака само на него сличните; а бидејќи  се осуди  да влезе во внатрешноста на светилиштето не беше оставен ниту во надворешното.  И морето кога во својата утроба  ќе здогледа леш  на некое животно , не го остава во себе, туку го исфрла надвор на брегот.
 
Адам беше чист во таа прекрасна градина  кога змијата дувнала во него и го осквернави  , а градината  го отфрлила нечистиот  и го исфрли од своите прегратки. . Но, Севишниот Првосвештеник виде дека Адам е исфрлен од Рајот  и му се приклони  и се спушти кон него  и  го очисти со исопот Свој  и го внесе повторно во Рајот.
 
Адам беше гол , но прекрасен ; неговата грижлива жена  се потруди и му направи облека  на срамот . Го погледа Едемската градина  и се растажи  што и тој за тоа беше причина.   Марија на разбојникот му најде друга облека , која што ја украсила и блеснала  со ветување. Едемската градина  го здогледа покајаниот разбојник  и со љубов го прими наместо Адам.
 
 Кога се посомнева , иако ја виде ветената земја , Мојсеј не влезе во неа ;  можеше само до Јордан да стигне.   Адам  , кој што погреши беше исфрлен од Рајот  на животот , а препрека му беше Херувимот.  Но, обајцата ги воведе Господ  и одеа по патот на воскресението  - Мојсеј во  ветената земја, а Адам во Рајот.
 
 Никаква уста не е во состојба да ја прикаже  внатрешноста на оваа градина  и привлечната убавина на неговата надворешност.  Дури и едноставните украси  на неговата  ограда  не се  во состојба да се опишат како што треба. Неговите бои се сјајни , миомирисни, чудесни , неодолива убавина , јадења раскошни.


 Покрај оградата на Рајот  се наоѓаат последните од неговите одаи , но и тие со своето богатство ги надминуваат сите одаи на вселената . Колку и да беа мали одаите  од неговите пониски делови , во споредба со  одаите од  горниот дел , блаженството покрај неговата ограда  надалеку  ги надминува  сите богатства на оваа долина на плачот  во која што ние живееме.
 
Нека  не   ми се лутат мене  зашто мојот јазик се осуди  да прикажува нешто што ја надминува неговата сила , та затоа  го намали со своето  неспретно  прикажување.  Бидејќи не постои огледало  во кое што би се одразувала убавината на Рајот  и не постојат бои кои што живо  би опишале , нека не ја окривуваат мојата ревност , зашто  заради наша корист  се прифатив на трудот  да направам приказ на  Рајот.
На расплаканите  тоа ќе им послужи за утеха , на детето како поука , на целомудрениот  ќе му донесе голема слава , а на сиромашниот ќе му биде добивка.
  Затоа секој нека ми го удели својот кондрант , секој нека се помоли за мене во Едем ,  за и јас да ја  достигнам  таа земја; затоа што, спрема своите моќи говорам за Рајот,  за неволниците да копнеат  за полнотата на неговите ветувања. 

И Ти, Сезнаен , не ја осудувај мојата намера!
 И Ти, за се Сокриен , не ја осудувај  мојата духовна љубопитност!   Раѓањето Твое, во потполност  таинствено , не се осудувам да го истражувам , па со своето молчење го ограничив својот збор.  Зашто почувствував стравопочит  пред раѓањето Твое , всели ме во Рајот . За сите кои Те сакаат, слава Тебе Сокриен! 


 
5.
 
Ја  созерцував  творечката Реч  и ја уподобив на карпа  која што го следела еврејскиот народ  во пустињата
  (1. Кор. 10,4).
 Обилните потоци  Словото  не ги извело од водата  која што беше натрупана  во неа, зашто во неа немаше водена влага , но од неа истекувале мориња. Така , преку Божјото Слово  се е создадено – од ништо.
 
Во својата книга Мојсеј го опиша создавањето на природата , за да сведочи и природата за Творецот  и  Писмото;  природата, кога ја користиме, а Писмото, кога го читаме.  Овие двајца сведоци ја освојуваат  секоја земја , пребиваат во сите времиња, тие се секогаш пред нас  и ги изобличуваат отпадниците  кои што го одрекуваат Творецот.
 
Го читав почетокот на оваа книга  и проникнував во секој нејзин стих, постепено влегувајќи во висината. Со предусретливост  ме сопираше  она првото што се развиваше пред мене  и со поврзаноста   на говорот ме мамеше  на кај следното.  Штом  дојдов до стихот  во кој што се говори за Рајот , тој стих  во истиот миг  ме изведе од книгата  и ме пренесе во закрилата на Рајот.
 
И окото и умот  како мост преоѓаа преку стиховите  и се престигнуваа  во рајските населби.  Окото  го воздигнуваше  умот  со читањето , а умот му даваше одмор на умот од читањето, зашто после читањето на книгите  окото е спокојно , а работи само умот. 


 Оваа книга ми беше    и мост спрема Рајот   и врата на Рајот ; го поминав мостот  и  стапнав во Рајот; окото остана надвор , а умот влезе внатре:  и почнав да го  осознавам  и она што не е напишано.  Тоа е светла , чиста , прекрасна  и величествена  висина – писмото ја нарекува Едем, зашто на неа е врвот на секое блаженство.
Таму  ги видов сениците на праведниците  кои точат од себе  со миризливи масла , излеваат  миомирис , украсени се со цвекиња , овенчани со вкусни плодови. Какво што било делото човечко  , таква е и неговата сеница ; една е пониска  според својот украс , друхата блеска  со својата убавина , едната е помала по надворешноста , друга, блеска во слава.
 
Но, мене Едем ми предизвика повеќе задоволство  со својот мир , отколку со својата убавина. Во него обвитува  чистота  и таму нема место за нечистотија ; во него  е спокој , и таму нема место за немирот.
 
Потоа,  запрашав дали Рајот  ќе биде простран  за сите праведници  кои треба да обвитаваат  во него? Во своите прашања  го допирав  и она што не е напишано : погледај го овој човек,  во него живеел  легионот  од  сите видови ;  тие живееле во човекот , па сепак,  не се збаеллежуваа , зашто војската нивна  е  поедноставна  и поистенчена од самата душа.   Така, целата војска  живеела во едно тело ; но сто пати почисто  и поистенчено од ова  ќе биде  телото на праведниците   кога ќе станат и кога ќе  бидат воскреснати.
Телото на праведникот ќе  биде слично на духот  кој што може кога и да посака  да се шири  и зголемува , и кога сака да се собира и намалува, и кога ќе се собере  може да биде на едно место, а кога ќе се рашири може да биде насекаде.
 Сослушај ги другите слики и увери се. Илјадници искри на сончевата светлина  бидуваат во еден дом , десетина илјади миомириси лебдат  над еден цветник;  и ако се тие сместени на мал простор , во мера  во кој што тој простор  со нив се исполнува , така и тие се шират според него. Така и Рајот. Иако е полн со духовни битија , тој е простран,  за во него  да се сместат овие битија.


Нема  крај ниту број  на помислите  кои се наоѓаат во срцето , колку и мало да е тоа , и иако е тоа  потполно со нив , помислите не се стеснети во срцето  и не си пречат  една на друга.  Така и прекрасниот Рај  е простран за чистите духови  чија што суштина не може мислата да ја дознае  исполенто .
 
Колку што можев го опеав Рајот  и бев спремен  да го напуштам, но ненадејно  во внатрешноста на Рајот  се разлеа  како во табор, гласот на оние што пеат со звуците на труби: свет, свет, свет!  И почув, како во Рајот се славослови  Божеството.
Блажен  е оној кој што е удостоен за Рајот  заради правда или добрина , заради  труд или милосрдие ! Се зачудив , зашто само  што излегов од рајските предели , ме остави и отиде од мене придружникот. Кога пак дојдов до пределите  на земјата  која раѓа трње , тогаш ме пресретнаа болести и страдања од секој вид. И здогледав дека нашата земја  е темница,  дека пред моите очи  се затвореници  кои што плачат  заради  таа  темница  кога мораат да излезат од неа.
 Се чудев  дека и децата  плачат при излегувањето од утробата , плачат зашто од темницата ги призиваат  на кај светлината , што од тескобата влегуваат во светот. 
Така  смртта за овој свет е слика на на раѓањето ; плачат оние  кои што оваа земја , мајката на страданието , ги раѓа за градината на радоста.


Смилувај ми се Владико на Рајот  и ако нема можност за мене да влезам  во Твојот Рај , тогаш смести ме макар  и надвор , близу оние ливади  кои се наоѓаат  во градината негова.  Внатре во него нека биде трпезата  за праведниците , а плодовите кои растат  во неговата градина  нека паѓаат надвор од неа  како трошки за грешниците, за и тие да бидат живи по добрината Твоја! 
 
(Продолжува)
Превод:  Мина  Даниловска

 

Извор:
 
СВЕТИ ЈЕФРЕМ СИРИЈСКИ
О РАЈУ
 
ШТАМПАНО ИЗДАЊЕ

 Књига: НЕКА БУДЕ СВЕТЛОСТ - СТАРАЊЕ СВЕТА И РАНИ ЧОВЕК
Православно тумачење Књиге Постања, стр.
 Издавач: ОБРАЗ СВЕТАЧКИ,
ПМШ при храму Свети Александар Невски
 Издато: 2006.
 Место: Београд
 Превод са руског: Зоран Буљугић
 Приређивачи: Владимир Димитријевић
Јован Србуљ
 Рецензенти : Протојереј Ставрофор Хаџи-Љубодраг Петровић
Протојереј Вајо Јовић
 Уредник издања : Јован Србуљ
 Технички уредник: Јереј Велимир Бирманац
 Штампа: Будућност, Нови Сад  ИНТЕРНЕТ ИЗДАЊЕ

 Објављено: 11. април 2011.
 Издаје: © Svetosavlje.org
 Уредник: прот. Љубо Милошевић
 Основни формат: Владимир Благојевић
 Коректура: Станоје Станковић
 Дизајн странице: Станоје Станковић


http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/JefremSirinRaj.htm  СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИЈСКИ



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная