логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 





Испитување на самиот себе

Во војска, како радио-везист, имавме мрежа за следење и таблица за идентификација. Следевме и знаевме која станица е туѓа, а која наша, затоа што понекогаш се мешаа туѓи станици. Така и човекот треба да ги следи своите помисли и постапки за да види дали се во склад со заповедите во Евангелието, да се фаќа во гревовите и да се бори да ги исправи. Бидејќи, ако дозволи макар еден единствен грев да помине незабележливо, или кога некој друг му сврти внимание на некоја негова мана и не седне да размисли за тоа, не може духовно да напредува.

Испитувањето на самиот себе е нејкорисно од сите дела. Може некој да изучува многу книги, но ако не се испитува самиот себе, залудно е сé што чита. Наспроти тоа, ако човек се испитува самиот себеси и размислува за тоа, а покрај тоа ги изучува по малку и книгите, од тоа има голема добросостојба. Тогаш и однесувањето во секое дело му станува попрефинето. Ако тоа не го чини, прави груби грешки и не ги забележува. Тоа го забележувам во Колибата: ме гледаат како влечкам трупци* од едниот крај на дворот до другиот, за тие да седнат, а кога станат да си одат, никој не се ни прашува кој ќе ги врати пак на место. Или гледаат како носам еден трупец и гледаат дека нема повеќе, па чекаат да им донесам уште трупци за да седнат. Кога малку би размислиле, би рекле: „Па добро, ние сме пет-шест души, зарем самиот да влечка толкави трупци дури од другата страна на дворот?“ И за миг би ги пренеле.

- Старче, ме праша една млада сестра: „Зарем старецот, кога бил сосема млад монах, немал падови во својата духовна борба? Зарем никогаш не му се проврела ниту една лоша помисла? Зарем никогаш не расудувал лошо?

- Кога нешто ќе појдеше наопаку во мојата борба или кога некој ќе ми речеше нешто, не минував преку тоа „без свој данок“.

- Што значи тоа „без данок“?

- Тоа значи дека некој минува ранодушно преку своите согрешенија, а тие не го погодуваат, минуваат покрај него. Како што во земјата, кога ќе се стврдне, колку и да падне дожд, водата не може да продре, така се случува и во случајот да се исуши нивата на срцето и што и да му кажат, што и да се случи, не го допира човекот до толку за да ја почувствува својата вина и да се покае. Што се однесува до мене, ако некој, на пример, ми речеше дека сум лицемер, не би рекол: „Проклет да е оној што тоа го рекол“, туку барав да го пронајдам она што го натерло тој човек да каже нешто такво. „Нешто се случува“, велев, „не е тој виновен. Не бев доволно внимателен, сум дал некаков повод и моето однесување е погрешно протолкувано. Не можел тоа да го рече без никаква причина. Да бев повнимателен, да постапев со расудливост, не би ме разбрал погрешно. Нанесов штета на друг и ќе одговарам пред Бога (за тоа)“. Веднаш се обидував да пронајдам што сум згрешил и тоа да го исправам. Значи, не испитував како оној другиот го рекол тоа, дали тоа го рекол од завист, од зла намера или нешто чул од некој друг, па погрешно разбрал. Не се занимавав со тоа. И сега во сите ситуации го правам истото. Ако, на пример, некој ми каже некоја замерка, не можам ниту да спијам. И, ако е така како што тој вели, ќе се разжалостам и ќе се трудам тоа да го исправам. А ако не е така, исто така ќе се разжалостам, затоа што мислам дека јас нешто сум згрешил. Нешто не сум внимавал, па така го наведов на тоа. Не го префрлам бремето на вината на другиот. Испитувам како ќе суди Бог за тоа што сум го направил, а не како ќе гледаат луѓето на мене.

Ако човек не го испитува она што се случува на таков начн, нема корист од ништо. Заради тоа, често за некој велиме: „Тој изгуби контрола“ . Знаете ли кога човек губи контрола? Кога не се испитува самиот себе. Кога некој се разболи во мозокот, го губи раумот и не е во состојба да се испитува, поблаго му се суди. Но, човек со здрав ум, кој не ги испитува своите постапки, затоа што не се испитува самиот себе, нема олеснување.

*Старецот во Колибата Панагуда примаше посети во дворот, освен за време на зимските месеци, каде за седење користеше трупци кои, според потребата, ги преместуваше.

Да стекнувaме искуство од своите согрешенија

Кога се самоиспитувате (се испитувате себеси), многу помага повеќе пати да поминете по ред низ целиот живот, од детството, за да видите каде сте се наоѓале, каде сега се наоѓате и каде би требало да се наоѓате. Ако не го споредувате минатото со сегашноста, не разбирате дека можеби сте минале голем пат, но не сте таму каде што би требало да бидете и го жалостите Бога. Кога некој е млад и духовно не е баш на најдобар пат, тоа може да се оправда. Но кога остари, а се наоѓа на исто место или само малку се поправил, тоа со ништо не може да се оправда.

Како минуваат годините, така човекот духовно создрева и, ако умее да извлече поука од минатото, напредува посигурно и посмирено. Често и искачувањата и падовите во духовната борба помагаат во позитивно и стабилно движење нагоре.

Кога мало дете само што проодело, разбирливо е таму и ваму да заработи по некоја модрица на скалите, да ја удри главата во оградата, да се качи на столица, па да падне. Не разбира дека ако се качи на столицата и застане на работ ќе се преврти. Како што станува постаро и поголемо, стекнува искуство, созрева и учи да внимава. „Минатиот пат“, си мисли, „се качив таму горе и паднав. Нема веќе да се качувам“. Така е и во нашата духовна борба. Кога внимаваме на сé и тоа го користиме за добро, стекнуваме искуство кое, ако знаеме да го примениме, многу ни помага.

Се сеќавам дека дома, во Коница, имавме шест мали и големи коњи. Еден ден, кога требаше со нив да минеме низ мостот направен од дрвени трупци поврзани со коноп, еден трул трупец се одвои и ногата на најмалиот коњ, кој имаше четири години, се заглави во отворот меѓу трупците. Од тогаш, дури и кога направив поголем мост и употребив силно дрво, кога и да дојдевме до таму, коњчето застануваше и се здрвуваше, мавтајќи со главата таму-ваму, или ги кинеше уздите и бегаше, или пак, ќе се заинаетеше и ќе прескокнеше на другата страна. Ако бесловесното суштество од четири години, кое е бесловесно, значи, го користи своето искуство и не сака со ногата веќе да стапне на мостот, колку повеќе човекот мора да го користи искуството од своите coгрешенија!

Треба да го најдеме непријателот и да удриме на него

- Јас, старче, сеуште не го имам возљубено смирението, пожртвуваноста и сеуште не сум подготвена да ја прифатам неправдата

- Не е сосема точно тоа што го велиш. Јас не се вознемирувам заради тоа, затоа што гледам дека во тебе постои позитивна вознемиреност (немир). Ти многу брзо ќе се ослободиш од страстите, затоа што веќе си почнала себеси да се фаќаш во гревовите. Тоа многу повеќе помага, отколку каква било духовна борба од друг вид. Оној кој е во состојба да го почувствува она што кај него не е добро, полека го напушта стариот човек во себе и чекори на правилниот духовен пат. Стариот човек во нас го краде од нас она што новиот човек го прави. Кога ќе научиме да го фаќаме во тоа, во состојба сме да ги фатиме сите крадци кои од нас ги крадат благата со кои нас Бог нé дарува, па така нашето духовно богатство останува неоштетено.

- Старче, кога се растажувам многу заради некој свој грев, на пример затоа што нешто лошо сум рекла на некоја сестра, дали тоа ми помага?

- Помага, секако, но треба да внимаваш да не претераш. Треба да се разжалостиш, но исто така треба и да се радуваш, бидејќи ти се пружила прилика да ја исцелиш својата болест, зашто така излегла на видело. Треба да помислиш: „За да речам нешто лошо и за така да се однесувам, мора да постои некоја страст во мене, и ете, се укажа прилика да се покаже, да ја видам и тоа да го поправам“. Секако, ќе побараш, покрај тоа, и прошка од сестрата. Падовите ти помагаат да се познаеш самата себе. Сé излегува на површина и малку по малку од тоа бива добра духовна делотворност. Гледаш, и лекарите понекогаш на болните им даваат разни средства за да се покажат симптомите на болеста и за да можат да постават правилна дијагноза. Им даваат, на пример, шеќер, па потоа ја анализираат крвта за да видат дали е покачено нивото на шеќерот во крвта.

Во духовната борба е потребно да ги означиме слабите точки на својот карактер, своите мани, и потоа да се трудиме токму таму да удриме. И во војна, кога вршиме извидување на една област, ги бележиме точките на кои се наоѓа непријателот, или од каде може да нападне, и тоа постојано го имаме на ум. Бидејќи кога прецизно ги знаеш местата на кои се наоѓа непријателот, можеш со сигурност да се движиш. Ја рашируваш мапата и велиш: „Непријателот се наоѓа овде и овде. Ние мора да стигнеме овде и да ги завземеме тие и тие коти. Од таму ќе бараме засилување, а одовде ни е потребно ова оружје“ итн. Значи, можеш и ти да направиш план. Но, за да дознаеш каде се наоѓа непријателот, треба да се грижиш и да истражуваш, не смееш да спиеш.

- Старче, дали е подобро некој сам да ги пронајде своите мани или подобро е на нив да му укажат другите?

- Добро е човек сам да ги бара и најде своите мани, но и кога другите му укажат на нив, да не се противи, туку со радост да ги прифаќа. Може, имено, да се случи човек да мисли дека се гледа самиот себе, а всушност, тој себе се гледа онаков каков што би сакал да биде, а не каков што навистина е.

- Дали другите подобро ме гледаат, старче?

- Секој човек може сам, ако сака, подобро да се види себеси. Значи, може подобро да открие на што се противи, полесно да најде каде му е гревот и да пронајде каде лежи причината за тоа, а другите извлекуваат заклучоци од претпоставките.

- Дали е можно, старче, некој да се обидува да се познае самиот себе онаков каков што е, а да не успее во тоа?

- Можно е ако во тој напор има малку гордост, тој да не може да се познае самиот себе онаков каков што навистина е.

Треба дa се огледуваме во другите

Човек подобро се гледа самиот себе ако се огледува во другите. Бог секој човек го дарува со оној дар кој му е неопходен, за да му биде од помош, без обзир на тоa дали тој ќе го искористи или не. Ако човек успее тоа да го искористи, ќе достигне совршенство. Но, мааните се наши: без разлика дали сме ги стекнале со своето невнимание или само сме ги наследиле од своите родители, секој од нас мора на соодветен начин да се бори за да се ослободи од нив. Сé додека не се ослободиме, мораме да се огледуваме во мааните на другиот човек и да се преиспитуваме каде ние се наоѓаме. Ако видиме, на пример, кај другиот некоја маана, веднаш треба да речеме: „Да видам, можеби и јас ја имам?“ И, ако ја имаме истата маана, треба да се бориме да ја отсечеме.

- Старче, а ако помислата ми вели дека ја немам таа маана, што да речам тогаш?

- Треба да речеш: „Јас имам други, поголеми маани. Оваа е мала во споредба со моите маани“, затоа што понекогаш твоите маани можат да бидат помали, но ти да се наоѓаш во подобри околности. Ако човек на ваков начин се преиспитува себеси, ќе види дека тој самиот има поголеми маани од другиот. Но, ги гледа и доблестите на другиот човек: „Да видам“, вели, „постои ли кај мене оваа доблест? Не постои. Уф, колку сум далеку од она каков би требало да бидам!“ Оној кој постапува така, сé му помага, тој се менува во добра смисла и се усовршува. Му помагаат светителите, му помагаат подвижниците, му помагаат дури и луѓето од светот. Зашто, ако види некој световен човек, на пример, кој не гледа на себе, туку се жртвува, ќе рече: „Ја имам ли јас оваа доблест? Ја немам, а јас сум духовен човек!“ Така се труди да се угледа на него. Сите ние, луѓето, пред себе имаме голема работа. Сето тоа мудро го уредил добриот Бог за наше добро.

Оној кој точно се спознал самиот себе, има смирение

- Гордоста, старче, обично ја откривам подоцна, откако ќе паднам.

- Целта е да ја почувствуваш пред да паднеш. Кога некој ќе ти рече дека си направила нешто добро, не треба да чувствуваш задоволство, за да не се фати, да не се залепи пофалбата за тебе.

- Што помага во тоа?

- Може да ти помогне само тоа добро да се спознаеш самата себе. Ако човек се спознае себе, тоа е сé. Пофалбите потоа се како туѓи тела, не се фаќаат за тебе. Кога некој, на пример, знае дека е сиромашен, за него не може да се закачи помислата дека е крал. А ти, ако мислиш дека си принцеза, тогаш нема да си читава.

- А ако од порано сум подготвена да не прифаќам пофалби, зарем тоа нема да ми помогне?

- Така би требало да биде, но еднаш ќе бидеш подготвена, а другпат – нема. Целта е да се спознаеш самата себе. Ако човек не го спознае стариот човек во себе, тој не се смирува и не може да дојде до духовно кинење на атомите на неговото битие за да излезе во духовната орбита, така што тој останува во световната орбита.

- Може ли да се случи, старче, погрешно да се спознаам самата себеси?

- Ама сега не зборуваме за заблудата. Оној кој правилно (соодветно) се спознае самиот себе, има смирение. А кога човек ќе се смири, сосема сигурно на него ќе се спушти Божјата благодат.
Оној кој прави сé што е потребно за да се спознае самиот себе, личи на оној кој копа длабоко, за да пронајде руда во длабочините на земјата. Колку подлабоко продира во спознавањето на самиот себе, толку повеќе себеси се гледа понизок и се смирува, но Божјата рака непрестајно го вознесува. А кога веќе се спознал самиот себе, неговото смирение станува постојана состојба и во него се вселува Божјата благодат, а тогаш веќе нема опасност од гордост. Од друга страна, оној кој не копа во своите длабочини, непрестајно го прикрива своето ѓубре, расте во своите очи, накратко ќе биде на тие висини заедно со својата гордост, а потоа потонува.

Да ја спознаеме својата болест

- Старче, често ги гледам мааните на другите и ги осудувам.

- Ја знаеш ли ти својата болест?

- Не.

- Но затоа ги знаеш болестите на другите. Да ја знаеш својата болест, не би ги знаела болестите на другите. Не велам дека не сочувствуваш со болката на другите луѓе, туку не треба да се бавиш со нивните гревови. Ако човек не се занимава со самиот себе, ѓаволот ќе му измисли работа да се занимава со другите. Ако, меѓутоа, работи на себе, тогаш се познава самиот себе, а го познава и другиот. Инаку, врз основа на погрешните заклучоци кои ги извлекол за самиот себе, тој погрешно суди и за другите.

- Старче, што најмногу помага за човек да се поправи?

- Пред сé, волјата. Волјата, на извесен начин, е добра појдовна точка. А потоа човек треба да сфати дека е болен и да почне да ги применува соодветните лекови. Бидејќи, ако е болен, па ја крие својата болест, еднаш изненадно ќе се сруши, а нема тоа ниту да го забележи и ниту еден лекар нема веќе да може да му помогне. На пример, некој знае дека е туберколозен и затоа е страшно слаб и нема волја за храна. Му велат: „Зошто не јадеш?“, а тој одговара: „Не ми се допаѓа ова јадење“! После има грчеви и не може нормално да оди. „Зошто одиш така?“, го прашуваат. „Ми се допаѓа да одам полека. Зошто? Да трчам како луд?“ Не кажува дека има грчеви и дека не може да оди. Потоа кашла. „Зошто кашлаш?“, повторно го прашуваат. „Ех, од алергијата“, вели! Не кажува дека белите дробови му се заболени. Во меѓувреме почнува да плука крв. „Што е тоа?“, го прашуваат. „Ми се надразни грлото!“

- И сето тоа затоа што, старче, не сака да открие дека има туберколоза?

- Да, затоа што ја крие. Ја крие и тогаш добива галопирачка туберколоза. Му пропаѓаат белите дробови, се полнат садовите за крв, паѓа во кревет и на крај неговата болест се открива, но тешко дека му има помош.

Меѓутоа, ако признае дека симптомите кои ги има се од туберколоза и прими соодветна терапија, сосема ќе оздрави. Сакам да кажам дека и во духовниот живот, оној кој ги оправдува своите страсти, на крајот паѓа под влијание на демоните и не може да се сокрие. Знаеш ли што значи тоа човек да падне под влијание на демоните? Подивува, станува ѕвер, се оттргнува, зборува грдо и бесрамно и од никој не прифаќа помош.

Заради тоа основно е човек прво да ги познае своите страсти и да се радува кога ќе ги спознае. Од тој момент треба да се зафати со лечење, соодветни лекови и да чувствува благодарност кон исцелителот – својот духовник или старецот – а не отпор и противење. Ете, друг човек подготвено ја дава раката да му дадат трансфузија. Го бодат со игла, го боли, но прифаќа, бидејќи тоа ќе му помогне. Колку е мачна секоја операција! Но, човек ја прифаќа за да му биде подобро.

- Кога знам, старче, дека ќе ми помогне, на пример, една строга забелешка, зошто тогаш не ја прифаќам со благодарност?

- Внимавај, можеш да не ја прифатиш со благодарност, но, дали ти е барем јасно дека тоа не е во ред?

- Тоа ми е јасно.

- Е, ако ти е тоа јасно, и тоа е нешто. Гледаш, болниот зема таблета која е горка, но подрага му е од бомбоната, бидејќи разбира дека ќе му користи. Ако не прифати горчлив лек, нема да биде исцелен. Секој треба да ја спознае својата слабост, да прими лекови, за Христос потоа да му подари сила.

Извор: Чувајте душу!

Преземено  од : Маран Ата



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7596
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная