логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  Berovo.Freskopis8.jpg

 Беседа во петок од шестата недела на Велигденскиот пост (26.04.2013)


Завршувајќи ја душекорисната Четриесетница, и сакајќи да ја видиме светата седмицата на Твоите страдања, Човекољупче, и во неа да ја прославиме Твојата големина, и Твоето неискажливо љубовно дело, еднодушно и покорно молиме: Господи, слава Ти!

Ден по ден, недела по недела, и еве, помина речиси целата света Четириесетница, иако од друга страна, заради непривикнатоста на воздржувањето и постот, таа можеби ни изгледаше бесконечна. Постот трае уште една недела, но тие денови не ѝ припаѓаат на Четириесетницата, туку имаат посебно значење, бидејќи се посветени на Господовите страдања. Тие се како купола и крст на храмот. Заради тоа, самата света Црква го задржува нашето внимание на денешниов ден, повеќепати објавувајќи: „Завршувајќи ја душекорисната Четриесетница!“ Таа така постапува за ние, доаѓајќи до крајот на Четириесетницата, да се собереме во мислите и да размислиме дали сме ја достигнале целта на светиот пост? Затоа што можно е и многу да се посее, а да не се ожнее ништо; може да се употребат многу лекови, може дури и да се потроши, како што пишува во Евангелието за крвоточивата жена, целиот имот на лекари, а да не се излечиме.

  • Значи, што се случува сега со нас, односно со нашата душа и совест? Дали во себе чувствуваме некоја блажена промена? Можеме ли со невестата, која е опишана во Песната над песните, да речеме: „Пројде зимата, минаа дождовите, заминаа, цвеќе се гледа по земјата?“ Ах, ние сме навикнале природата која нѐ опкружува да ја нарекуваме неразумна, но погледнете како таа серазумно ја извршува својата должност, својата работа! Само што лицето на пролетното сонце се сврти кон неа, во истиот миг, таа почна да се соблекува, и сега целосно ја соблече својата тешка зимска облека. Осветлена и огреана од пролетните зраци, одлучно се изми од зимската нечистотија, и на морето целосно му ја врати водата што му ја должеше, и сега, секој ден, сѐ повеќе и повеќе, од своите пазуви го изнесува сето она што претходната есен земјоделецот го довери на полињата и нивите. На светлиот празник, секаде по земјата ќе се појават нови празнични облеки од зеленило и цветови. Горе и ритчињата ќе се израдуваат, и нов хор од птички ќе ја објави новата песна на радоста и благодарењето кон Создателот на природата. И нам, мои браќа, од самиот почеток на светиот пост, можеме да речеме, ни се приближи духовното сонце, нашиот Господ и Спасител, затоа што не залудно Црквата тогаш ги објавува зборовите на апостолот: „Сега нам спасението ни е поблиско“. Што е тоа што во нас и околу нас го предизвика тоа приближување и умножување на светлината и духовната топлина? Дали во нас се растопи мразот на нечувствителното срце? Дали се измивме од гревовната нечистотија преку солзите, верата и покајанието? Дали е подготвена нашата душа, како земјата, да ги изнесе плодовите на љубовта и правдата? На денот на Господовото Воскресение, ќе можеме ли да кажеме дека не сме мртви со духот, дека и ние, преку Божјата благодат, имаме макар и делче од вечниот живот? Сегашниот пост токму за ова и беше преодреден. Што сакаше Црквата со тоа што ни го препорача? Секако не тоа да нѐ зачува од употребата на некои јадења, или да ни скрати одредени задоволства. Не, постот бил потребен за да ги заузда нашите сетила, да нѐ скроти, а потоа и да ги умртви нашите страсти, да ги исчисти нашите мисли и желби, да ги ослободи духот и совеста, во нас да ја разбуди тагата по Бога и светиот копнеж за небесната татковина, да нѐ приближи до небото, да го исчисти, просветли и освети целото наше битие.


Токму заради тоа Четриесетницата се нарекува душекорисна. Дали таква беше и за нас? Што спечаливме од многуте читања, молитви, коленопреклонувања, или претходно, од нашата исповед и причестувањето со Светите Христови Тајни? Ние не ве мачиме како сурови старешини заради плодовите на постот, туку како лекари, заради ваше добро, сакаме да го свртиме вашето внимание кон состојбата на вашето срце и душа. Затоа што лесно може да се случи некои, сакајќи спасение за својата душа, да не знаеле да го искористат големопосниот подвиг. Тоа се случува, на пример, ако за време на постот се ограничуваат само на воздржување од храна и пиење, или само на повеќе или помалку одење во црква, или само на површно исповедање на своите гревови пред духовникот, или на поправање на некои неважни недостатоци во своето однесување и живот. Тогаш, кога се работи за нашето спасение потребно е многу повеќе – неопходна е целосна промена на нашите плотски мисли и чувства, потполно обновување на нашата душа и срце, или, како што вели Бог: „цело ново раѓање од горе“. Ако некој, неразумен, застане на оваа укажана неплодна површност, тој нека знае, дека иако навидум правел многу, сѐ уште ништо не направил како што треба, и дека е потребно одново да се труди, и да почне да чекори од почеток. Односно, што треба да направи? Да се вдлабочи во своето срце и совест, и да се увери дека без осветување од горе во коренот на сѐ што прави, дури и кај оние кои се добри, постои единствено самољубие, а не света и вистинска љубов кон Бога и ближниот, и дека сѐ што ќе изникне од тој корен пред Божјите очи не е достојно за небесното Царство. Потребно е да го воочи тоа, и да Го моли Господ, Тој Самиот да го спаси од пламените на страстите и лошите навики, и Самиот во него да созида цврсто срце и да му подари покајнички дух – она срце од кое сами од себе се јавуваат навистина добри мисли и дела – оној дух кој единствениот може да придонесе за здобивање на благодатните дарови и да обезбеди место за престој на Светиот Дух во нас.

Но, некој ќе праша, како да се направи сето тоа кога веќе помина светата Четириесетница и помина најдоброто време за тоа? Точно, постот е најдобар за ова важно дело, но деновите на Господовите страдања кои следуваат, може да се каже, се уште подобри. Како што на средината на земјината топка, на линијата на рамноденицата, или таканаречениот екватор, сонцето свети толку силно што за еден ден сѐ расте повеќе отколку кај нас за една недела; тоа истото можеме да го кажеме и за деновите на Христовите страдања кои следат. Тие се нашиот духовен екватор, тука се насочени сите зраци на духовното Сонце. Само кога, од наша страна, не би недостигале солзите на вистинското покајание, во еден час или минута, со нашето срце и душа, може да се случи она за што во друго време би било потребно да се чека цела недела или месец.

Значи, никој да не губи надеж! Под заштитата на верата и крстот да се соберат сите кои заостануваат! Да се вратат на своето место сите избегани! За сите верни има место на Голгота; за сите кои се каат – простување; за сите кои вистински сакаат – вечен живот. Амин.

Херсонски Архиепископ Инокентиј

Извор: МПЦ-ОА

26.04.2013



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная