логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За улогата, одговорноста и дисциплината на псалтите во Црквата
   
                                                      
„Се нека биде достојно и уредно“
 (1Кор. 14, 40)


На оваа богословска трибина најдов за полезно, да го приложам  долу наведениот текст, којшто во себе содржи укажувања, коишто се од практично значење и исклучиво битни, за секој псалт.
Воедно сакам да напоменам, дека текстот кој што следи, е темелен врз светите канони, одредбите на богослужебниот устав на Светата православна црква и врз Светото Предание, кое пак е резултат на вековното, непрекинато, практично живеење внатре во полниот богослужбен круг, на плеада свештенослужители и псалти на нашата света, соборна и апостолска Православна црква, без разлика дали тие биле монаси или мирјани. Се надевам дека долу напишаното, ќе ве натера да размислувате за значењето и големата одговорност на секој оној, кој директно е вклучен во црковните богослиужби, а укажувањата што текстот ги содржи, ќе бидат неодделив дел од сопствениот богослужбен опит на секој псалт  лично.

Уште од самото основање на Светата православна, соборна и апостолска Црква, псалтите завземале значајно место во богослужебниот живот на ранохристијанската Црква. Во житието на св. Игнатиј Богоносец - епископ Антиохиски читаме, дека тој го вовел во својата диоцеза антифоното пеење, односно пеењето на две певници. Тој тоа го сторил по примерот на самите свети ангели, зашто во духовно видение (откровение), нему му било откриено дека на токму таков начин (со  антифоно пеење) светите ангели на небото, непрестано го слават Бога.

Св. Игнатиј маченички го завршил својот земен живот во 106 година по Христос. Од овој пример ќе заклучиме, дека псалтите преставуваат ангели овде, во земнава Црква. Тие заедно со свештенослужителите му принесуваат молитви, славословие и песнопениа на Бога, од името на целиот народ целата црква. Значи свештениците и псалтите, преку молитвите, славословијата и песнопенијата му се обрајќаат директно на Бога. А самите Свети Отци на Црквата тврдат: ,,Молитвата е разговор на човекот со Бога”. Зарем има нешто посвето и повозвишено од ова?"

Не случајно Светата Православна црква ги вброила псалтите во црковниот клир. Не би било излишно да се напомене дека, за клирици во Светата Православна црква се ракополагаат исклучиво лица од машки пол.
Всушност првиот степен на свештенство е чтец - читач, псалт, свеќоносец. Овој чин се добива преку ракопроизводство хиротесија, при што Архиерејот ја полага својата рака врз главата на оној кој што е избран за чтец, потоа Архиерејот чита одредена молитва и крстовидно, во името на Света Троица, му ја постригува косата на оној кој што се ракопроизведува.

Чинот на ракопроизведување во чтец е изложен во  четвртата глава на богослужебната книга - Архиерејски  служебник.
Како од секој клирик, така и од псалтот, Светата Православна црква бара пред се:

•    Правилно исповедање на Светата православна вера.
•    Потполни морални квалитети.
•    Придржување кон Божјите заповеди и евангелските блаженства.
•    Исполнување на канонските одредби на Светата Православна црква.
•    Придржување кон Типикот- богослужбен устав на Светата Православна црква.
 Од оној на кого му е доверена ангелска служба, се бара со својот сопствен живот, во се да ги поддржува самите свети ангели.
Да ги поддржува во чистотата, во неуморноста при служењето на Бога, во радоста од служењето на Бога, да ги поддржува во стравопочитта кон Бога, во торжественоста при секое богослужение.
•    Псалтот треба редовно да пости во сите денови, во кои Светата Православна црква одредила пост. Псалтот е должен да ја чисти својата совест преку исповед, а со Светата Причест да се укрепува во Христа, притоа без престан да се усовршува во сите добродетели.
Многу е важно неговата совест да е чиста и спокојна, а неговото срце да е исполнето со добродетели и со добри дела.
-Како псалтот, да го исполни своето секојдневие?                                                               
•    Псалтот треба секојдневно да го чита Светото Писмо - Библија, пред се Новиот Завет на нашиот Господ Исус Христос, да ги чита житијата на светителите на Православната црква, да чита и други душеполезни книги, напишани од Светите Отци.
•    Псалтот е должен да има свое домашно, секојдневно молитвено правило, за кое што редовно ќе се придржува. Особено вечерта спроти богослужбата, поусрдно да се моли, како би можел уште од вечер, молитвено да ја расположи својата душа. Исто така и по завршувањето на богослужбата, да се потруди да го задржи молитвениот дух.
•    Псалтот треба редовно да го вежба црковното пеење, се со цел што повеќе да се усовршува во интерпретирањето на црковните песни.
•    Псалтот со голем интерес и внимание  многу често да го чита и проучува црковниот богослужбен устав-типик, зашто тоа многу ќе му помогне при практичното извршување на неговите задолженија во црковната богослужба.

Изучувањето на типикот  е од особена важност за секој псалт!
Во типикот е изложен идеалниот поредок на сите богослуженија, за образец е земено древното,  многучасовно богослужение на великите Отци и подвижници.
Важно е и неопходно и најмалите детали во црковните богослужби , да се исполнуваат така како што се изложени во типикот, зашто само тогаш богослужението ќе ја има смислата која што му е дадена од Светата Црква!!! Ова ни го препорачува светиот свештеноисповедник еп. Атанасиј Сахаров  (,, Богослужебние указанија“).

•    Псалтот мора, тој едноставно е должен да ја почне црковната богослужба добро припремен, како би бил сигурен во секоја своја постапка.
•    Псалтот кога ќе застане на певница, многу е битно да не биде побркан или збунет, во спротивно би направил грешки, неред и безпоредок во црковната богослужба. А тоа негативно делува, не само врз самиот псалт, туку и врз сите учесници во богослужбата, воопшто врз сите присутни внатре во црквата.
•    Псалтот треба да се погрижи, да е облечен во чиста, пристојна облека, навремено да се упати кон Светиот храм, како би имал време да ги приготви богослужебните книги, од кои ќе се богослужи.
На пат кон Светиот храм во умот да се моли на Бога, или да размислува за животот, делата и искупителната жртва на Господ наш Исус Христос и за животот на неговата Пресвета Мајка и неговите светии. Да влегува во Светата црква тивко, кротко со страв Божји, како во Дом Господов, во таинствено живеалиште на Небеснот Цар. Тропање, шум, разговор, а особено смеење и невнимателност при влегување во црква и престој во неа, ја иссмејуваат светоста на храмот Божји и величието на оној кој што живее во него Господ Бог.
Кога ќе влезе во Светиот храм, псалтот е должен да се огради со крстниот знак  ( правилно и без брзање. ), да се поклони кон светиот иконостас, да се поклони и да ги целива светите икони, да запали свеќа и да се упати кон певницата. Пожелно е да се облече во стихар, откако претходно ќе земе благослов од свештеникот (Часослов Атонское подворје, Москва  1994 година).      
•    Псалтот е должен, од практична причина, да е присутен во црквата, дваесетина минути пред почетокот на богослужбата, како би имал време да го пронајде и разгледа во богослужебните книги сето она што на таа богослужба  треба да го испее и прочита, а по потреба да се посоветува со свештеникот и со другите псалти ( ако ги има повеќе во таа црква. )
Откако ќе ги отвори  светите богослужбени книги, пристојно и со страв Божји, да го чека почетокот на светата богослужба.
•    Псалтот треба да внимава, да ја покаже и својата видлива почит кон Бога, преку поклони и оградување со крсниот знак.

А исто така треба да се напомене дека во денешницава имаме примери, кога и луѓе кога дури и што не се ракопроизведени во чтецови носат расо, а тоа го прават поради својата внатрешна гордост (односно да се покажат пред народот кој е присутен во храмот), а расото треба да го носиме поради скромност. Па затоа псалтите се должни да носат расо, а преку него ја искажуваат таа скромност и понизност пред се, пред Бога, а пота и пред народот.

Ве молам, нека овие неколку страници не ви досадат. Туку нека ви послужат, за разбирање на големината на ова ваше послушание во Црквата, на значењето на вашиот чин и на обврските што нашата Света, соборна и апостолска православна Црква им ги поставила на православните псалти.

Желба ми е преку овој текст да му порачам, на секој псалт, да биде вистински мајстор на оваа небесна уметност, која што продолжува и се развива дури во вечноста, во која што непрестано, се прославува и се воспева Триединиот Бог- Пресветата и Вечна, Животворна, Едносуштна и Неразделна Троица: Отецот, Синот и Светиот Дух.
Нему нека му е слава, благодарност и поклонување, во веки веков. Амин!!!

Собрал и составил:
Андреј Поп-Антоски  

Текст разработен на Богословската трибина во МПБ „Св. Климент Охридски “ – Скопје (10.11.2015 г.)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная