Одговор: Кај православните започна Великиот Пост (10. март 2008)
Православните верници влегуваат во период на најстрогиот – Велики пост. Тој трае седум недели и завршува пред Велигден, кој оваа година се слави на 27 април.
Практикувањето на Великиот пост има корени во раната, уште неподелена христијанска Црква. Во првите два и во последниот ден од постот Црквата препорачува воопшто да не се јаде, а во останатите денови да се запазува умереност во јадењето, поминувајќи ги деновите без месо, јајца и млечни продукти. Притоа, бремените жени, болни и оние што се на тешка работа не мора да постат толку строго.
Впрочем, она што на човекот му наложува Великиот пост не е само ограничување во храната. Како што пишува големиот проповедник свети Јован Златоуст „вистинскиот пост е оддалечување од злото, обуздување на јазикот, одбегнување на гневот и скротување на похотите“. „Нека не пости само устата, туку и очите, и ушите, и нозете, и сите членови на нашето тело“, велеше тој.
„Постот е духовна пролет, време во кое можеме да оживееме. Тоа е нашето воздигнување кон светата, живототворна, прекрасна Пасха Господова, која ни ја навестува конечната Пасха, победата Божја, животот вечен, торжеството на Светиот Дух во нас и бесконечната радост“, говореше на времето за периодот на Великиот пост проповедникот на Руската Православна Црква, митрополитот Сурожски Антониј.
Разрешување во Великиот пост обично се дозволува на Цветници и на Благовештение, кога може да се јаде риба.
Interfax
Посети:{moshits}