Да ја утврдиме во нашите срца оваа чудесна и страшна за светот, но радосна за верните, вистина: дека во целиот свет нема ништо покрепко од Крстот и побезбедно од Распнатиот. Ужасите од Голготата затоа и се расеани по целиот свет, за ние, не воочувајќи никаде безбедност, да бегаме право на Голгота, и да се фрлиме пред нозете, да се сокриеме во раните и
Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo нe e пoгoлeмo oд другoтo. Нo чoвeчкиoт разум, oддалeчeн oд Бoга, нe ја
разбира никакo Бoжјата љубoв прoјавeна прeку Гoспoда Исуса Христа. Бoг ги разбира луѓeтo, нo луѓeтo нe Гo разбираат Бoга.
Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во своето срце, настанатиот вакум бара да биде пополнет со нешто, а човекот ги прифаќа оние сурогати кои му ги нуди светот што го опкружува.
Пасхалната благодат умножена со таинственото присуство на Победоносецот Георгиј, денес се претвори во вистинско торжество во спомен на овој славен маченик заради верата во Христа Воскреснатиот и чедо на Неговата неовоземна љубов. Свечената архиерејска Литургија ги погали
Во Светото Писмо и во животот на Црквата и во целата содржина на верата, има многу работи кои што не можат да се сфатат со резонирање. Едноставно не можат да бидат согледани на таков начин. Тоа е исто како да се обидуваш да влезеш во некој простор преку бетонски ѕид. Ако се втурнеме во ѕидот, ќе си ја разбиеме главата. Што ни е потребно?
Порано беше „ин“ да се биде песимист заради некоја интелектуална скепса. Џанам... ако си интелектуалец, тогаш треба постојано да си незадоволен и несреќен. Да лелекаш над својата судбина и да мрчиш на секоја општествена појава. Навистина, за негодување имаме многу фактори, објективни и релевантни, без претерување, ама некако изморена сум веќе од точки и
На 04.05.2021 година, а по повод одбележувањето на 118-тата година од упокојувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го посети неговото вечното почивалиште во дворот на храмот „Вознесение Христово“ – Свети Спас.
Владетели на Римската империја, вие кои седите на отворено и високо место, скоро на самиот врв на градот за да ја спроведувате правдата, ако не смеете отворено да ги разгледувате и јавно да ги истражувате причините за гонењето на христијаните, ако заради вашиот престиж се плашите или се срамите да преземете судски претрес единствено во овој посебен случај, ако најпосле омразата кон ова учење,
Имаме само восхит кон Светите атлети на нашата Црква, без да направиме обид да го сфатиме нивниот труд, зашто самите не се потрудивме да го сториме тоа, да ги возљубиме и од усрдност да се обидеме да ги подражаваме. Сите оние пак, кои усрдно прават пoдвиг, не се штедат себеси и не си припишуваат никакви заслуги, се од голема помош бидејќи само тогаш ќе се успокојат душите ...
Тогаш, на големиот старец, преподобниот Антониј, се` му станало јасно. Многу монаси во последните времиња ќе живеат во светот, но ќе бидат поголеми од монахот од старото време!
Тие му благодарат на Бога,
се спасуваат низ страдања и рамни им се на големите светители.
И самиот живот за нив е подвиг!
Во Стариот Завет, Христос е пророчки најавен како „Отец на идниот век“ (Ис 9,6) од Неговите неизглаголиви „наследници“ (Ис 53, 8). /Кој може да зборува за Неговите наследници, не само за Неговите небесни, туку и за Неговите земни наследници? / Преку Неговите неискажливи „наследници“, Тој дојде и ни зборуваше за творечките и животодавни слова на Неговиот Отец (сп. Jн 6, 63). Уште повеќе: „како јагне Тој беше одведен на колење“ (Ис 53, Дела 8, 32) и со Својата крв си „очисти“ нов „избран народ“
-Да не празнуваме Воскресение Христово без Христос. Оти овој ден е велик, голем ден и не може да биде таков без Великиот Бог кој доброволно се унижи, се понижи заради нас. За жал можам да заклучам дека многумина од нас празнуваат Воскресение Христово без Христос.