Со Василиева Литургија прославен денот на Обрезанието на Господ Исус Христос
На 14.01.2017 година, кога Црквата ги прославува Обрезанието на Господ Исус Христос и светиот Василиј Велики, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи света Василиева Литургија во црквата „Свети пророк Илија“ во населба Аеродром. На Литургијата во презвитерско достоинство беше ракоположен ѓаконот Гаврил Најдовски, а во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот теолог Мартин Ѓуревски.