Преподобен Арсениј Бока: ЛЕКЦИИ НА ЦАРЕВИТЕ
Никој не може сам да оди по патот на спасението ако одбива да биде воден од невидливата рака на Спасителот, Кој дејствува преку Неговите видливи слуги, свештенослужителите на Црквата. Оти, во Светото Писмо се вели: „Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима оној што Ме пратил“ (Матеј 10, 40). Следствено, не можете да одите по патот на Светиот Дух без раководство на свештеник. Разнообразноста на искушенијата, лукавството на невидливиот ѓавол, кој се бори преку видливи луѓе, може во кое било време да ги застрани Божјите ученици од патот на спасението и да ги одведе во пропаст...