Со силата на благодатта што божествениот Павле уште ја нарекува и „оклоп“,човекот може правилно да расудува и да го испитува злото и да го одбира доброто. Сега може да се спротивстави на „началствата, властите, на светските управители на темнината од овој век“, како што ни пишува светиот апостол Павле (Ефес. 6, 12). Тој оваа сила на благодатта ја нарекува уште и „наше оружје“, кое, како што појаснува
Св.Нифонт Чудотворец: За воскресението на мртвите
Замисли си една лоза, богата со нежни ластари, зелени листови и сочно грозје. Колку е само убава! Но, кога ќе ја соберат, остануваат само лисјата. Малку по малку, таа и лисјата ќе ги отфрли и, што ќе видиш? Голотија, од која сè паднало на земјата и изгнило.