Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
† ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛОТО „ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА (1967-2017)“
Црковниот живот на просторите на Дебарско-кичевската епархија има свои корени уште од ранохристијанскиот период, но особен печат, како своја „домашна“ црква, остава Охридската архиепископија. Иако не секогаш била во својот најголем подем, и не секогаш била раководена од свои словенски архиереи, споменот за неа и духовните традиции што таа ги испишала врз „плочките од срцето“ на верниот народ никогаш...