Менде Младеновски - Основоположниците надвор од кадарот
Една стара мудра мисла вели „најтешко е да си признаен во својата авлија, во својот град, или ако си поп во својата епархија“. Нам како народ како да ни е генетски (пред)одредено секогаш повеќе да ги почитуваме и цениме резултатите на туѓите, отколку на своите. Ова непишано правило во нашето секојдневие, за жал, досега многупати и многу често ни се повторува и потврдува, но изгледа не знаеме да извлечеме поука.