Старец Пајсиј Светогорец: Праведниот човек и денешницата...
Додека некој ја извршува целата работа, неговиот колега доаѓа само за да земе плата. Познавам човек кој беше директор. Кога се смениле работите, и него го смениле. Поставиле друг што бил од нивната партија, а кој немал завршено ни средно училиште. Го поставиле за директор, но тој не знаел ништо за работата, па така, ни претходниот не можеле да го постават на некое друго место.