ВРЕМЕ НА КРСТОВИ
Што е крстот? Навидум премногу философско прашање. Прашање кое е далечно на суровото секојдневие и борбата за опстанок на секој план. Ќе повторам: навидум. Причината за тоа не лежи само во фактот дека текствов не е инспириран од некојси јубилеј од градењето или осветувањето на крстот на Водно или на некој од стотиците негови репликанти ширум нашата мила и многустрадална татковина.