Свети Кипријан Картагински – ЗА ДОБРОТО ОД ТРПЕНИЕТО

А пак трпението, премили браќа, не само што ги чува добрините, туку и ги гони несреќите. Подржувајќи го Светиот Дух и сврзувајќи се со сè она, што е небесно и божествено, против делата на плотта и телото, со кои душата е освоена и обземена, тоа се бори со крепоста на своите доблести. Да разгледаме најсетне некој од бројните примери, за да се разберат од овие неколку и останатите.






Со навршувањето на четриесетиот ден од раѓањето на детето, неговата мајка го донесе во храмот на свети пророк Илија во скопската населба Аеродром на Голема молитва за да побара благослов од Бога за својата рожба. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спаителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец,
За сите кои ќе го сретнеле, иако тој тоа никогаш не го признавал тоа, Отец Јован бил еден навистина голем духовник: постел цело време, јадел само еднаш на неколку дена, бил буден во секое време, спиел само по неколку часа преку ноќта; додека се молел, цело време правел безбројни поклони.
А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде.
Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече. Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече. Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето. 


Човекот станува сличен на чамецот, кој го знаеме од Евангелието. Кога апостолите седеле во чамецот заедно со Христос, а морето се разбранувало. Спасителот спиел. Апостолите Го разбудиле: „Господи! Спаси нè, загинуваме!“ (Мт. 8, 25). Спасителот му заповедал, и морето се смирило.
Лагата ни помага само накусо но, ништо не останува скриено. Кога вистината ќе се открие паѓаме во жалост и немир. Но, да речеме дека и тоа е една лекција. Ја знаеш онаа пословицата: ˶на грешките се учи˶. На крај од сето тоа ќе произлезе нешто добро.

Христос искушуван беше, а ѓаволот Го искушуваше, барајќи од Него камењата лебови да ги направи; на (висока) планина Го одведе, за миг сите царства да ги види. Душо, од стапицава исплаши се, отрезни се, и во секој час на Бога моли Му се.
Тропар, глас 2.
На почетокот, го немавме дури ни вечниот живот како дар, туку го примивме преку простувањето што на сите ни Го подари Синот Божји на Крстот. Оттогаш, благодарение на ова простување ние постоиме, повикани да го оживуваме светот во секој миг, преку проштевањето што си го даруваме едни на други.
Ирмос: Погледнете и видете дека Јас сум Оној што во морето спасува, и во пустината израилскиот народ го наситува, и вода од каменот на луѓето им пушта, за да го понесам оној што некогаш во кал падна, и кон Мене да го привлечам, поради милоста (Моја) неискажлива.
О, Адаме, кој го вложи во тебе тој страв и кој ти рече дека си гол? – Тоа е последица на отстапувањето од Божјите заповеди. Потоа, следело изгонувањето од блаженото место и пресудата да поднесува труд, жалости и лишувања во текот на овој живот. Затоа, да се држиме што подалеку од советите на ѓаволот.Непријателот наш секогаш е готов да ни дава свои лекарства; секогаш треба да бидеме подготвени да ги одбиваме.
Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за секого што сака да влезе во него. Затоа и вели: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Матеј 6,19-21).
























