Православниот човек во затворот (26.02.2016)
Во критична состојба, кога човекот е лишен од книги или од каква било надворешна потпора, може да се потпре на својот внатрешен „багаж“. Познавањето на законите и догмите не спасуваат. Треба да се стекне Христос во своето срце. И кога човекот ќе успее во тоа, тогаш православниот човек во затворот има цела програма на живот.